У.бр.156/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.156/2023
Скопје,31.01.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 14 став 1 и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 31.01.2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр.07-1330/5 од 23.05.2012 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на поглавјето „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н од Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров бр.07-1330/5 од 23.05.2012 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012).

3. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

На работен состанок, одржан на ден 14 септември 2023 година, уставните судии одлучија, врз основа на одредбата од член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд, по сопствена иницијатива Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на актот, означен во точката 1 од Решението, затоа што пред Судот со основ се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.

II

На седницата Судот утврди дека градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, врз основа на член 50 став 1 точка 3 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 5/2002) и член 24 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 5/2006) на педесет и третата седница на Советот на Општина Ѓорче Петров одржана на 23.05.2012 година, донел Решение број 08-1421/3 за објавување на Статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров и истото е објавено во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/2012.

Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров, содржи дел со наслов „Автентично толкување на општи акти” во кој се уредени членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, чиишто содржини, но со нумерација како членови 78л, 78љ, 78м и 78н, се уредени и во пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров којшто е објавен во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 8/2023.

Во член 78л од Статутарната одлука за измени и дополнувања на Статутот на Општина Ѓорче Петров се уредува дека барање за автентично толкување на општ акт може да поднесат членовите на Советот, граѓаните од Општината, јавно претпријатие кое извршува дејност на подрачјето на Општината и државните органи, кога потребата од автентично толкување настанала во врска со примената на актите во нивното работење. Член 78љ пропишува дека барањето за давање на автентично толкување на општиот акт се поднесува до претседателот на Советот кој барањето веднаш го доставува до Комисијата за Статут и прописи. Во член 78м се уредува дека Комисијата за Статут и прописи по барањето за автентично толкување има право да побара мислење од работните тела на Советот и управните и административните органи на општината. Според член 78н ако Комисијата за Статут и прописи оцени дека барањето за давање на автентично толкување е оправдано ќе изготви предлог на автентично толкување и ќе го достави до Советот на усвојување, а доколку оцени дека барањето за давање на автентично толкување, не е оправдано, Комисијата за Статут и прописи за тоа ќе поднесе извештај до Советот кој одлучува по барањето и поднесениот извештај.

III

Една од основните цели на Уставот на Република Северна Македонија е воспоставување на владеење на правото во системот на власта. Овој уставен принцип со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот е определен како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, секој е должен да ги почитува Уставот и законите, согласно член 51 од Уставот.

Согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, Собранието на Република Северна Македонија, има уставно овластување да донесува закони и да дава автентично толкување на законите.

Член 110 алинеја 2 од Уставот, пропишува дека Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 14 став 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд може и сам да поведе постапка за оценување уставност на закон, односно уставност и законитост на пропис или друг општ акт.

Уставниот суд, согласно член 27 став 1 од Деловникот, може во текот на постапката, до донесување на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на закон, друг пропис или општ акт чија уставност односно законитост ја оценува, доколку со неговото извршување би можеле да настанат тешко отстранливи последици.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека законите се носат во согласност со Уставот, а сите други прописи во согласност со Уставот и закон, дека само Собранието има уставно овластување за донесување на закони и нивно автентично толкување, а сето тоа во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Од содржината на оспорениот акт, произлегува дека Советот на Општина Ѓорче Петров, повикувајќи се на член 103 ставови 1 и 2 и член 104 од Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12), на педесет и третата седница одржана на 23 мај 2012 година, донел Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров во која се наоѓа поглавје „Автентично толкување на општи акти“, а градоначалникот на Општината донел Решение број 08-1421/3 од 23.05.2012 година, за нејзино објавување.

Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Ѓорче Петров, на седница одржана на ден 12.07.2023 година, го утврдила Пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров и го објавила во „Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 8/23 од 13 јули 2023 година.

Во воведниот дел се наведува дека пречистениот текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров ги опфаќа покрај другите и оспорената Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12) во која е содржано и оспореното поглавје „Автентично толкување на општи акти“.

Оспорените членови од автентичното толкување (со нумерација како членови 78л, 78љ, 78м и 78н) уредуваат кој може да поднесе барање за автентично толкување на општ акт, каде се поднесува барањето, до кого се доставува, кој одлучува по барањето, кој изготвува предлог по барањето, кој го усвојува и кој одлучува дали барањето за автентично толкување е оправдано или не е, за што се сочинува извештај.

Автентично толкување на законите дава законодавецот како орган на законодавната власт. Собранието согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот ги донесува законите и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013).

Според правната теорија, автентично толкување на законите значи утврдување на содржината и на вистинската смисла на веќе донесен закон, кој во примената покажува нејасност, двосмисленост или содржи празнини. Автентичното толкување е составен дел на објавениот закон.
Во конкретниот случај, Советот на Општина Ѓорче Петров како орган на локалната власт, носи Статутарна одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров во кој предвидува поглавје „Автентично толкување на општи акти“ содржано во членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, како и пречистен текст на Статут на Општина Ѓорче Петров во кој е содржано оспореното поглавје.

Законот за локалната самоуправа не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.
Согласно член 36 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа, советот на општината го донесува статутот на општината и други прописи, а според член 62 став 1 од Законот, во вршењето на работите од својата надлежност советот донесува прописи, и тоа: статут, програми, планови, одлуки и други прописи утврдени со закон, што значи дека Законот не содржи изречна одредба дека советите на општините можат да даваат автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат.

При таква фактичка состојба, недвосмислено произлегува дека Советот на Општина Ѓорче Петров, ги пречекорил своите законски овластувања кога ја донел Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров, во која предвидел поглавје „Автентично толкување на општи акти“ и членовите 78л, 78љ, 78м и 78н, како и пречистен текст на Статутот на Општина Ѓорче Петров во кој е содржано оспореното поглавје.

Имајќи предвид дека станува збор за прашање коешто мора да биде предвидено во закон за да можат органите на локалната власт да го применуваат, како што тоа е изречно уредено за законодавецот како орган на државната власт со член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, согласно кој Собранието донесува закони и дава автентично толкување на законите, а постапката за автентично толкување на законите е уредена со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” 91/2008, 119/2010 и 23/2013). Со оглед на тоа дека органите на локалната власт немаат законска основа за давање автентично толкување, не може во деловник или статут изворно да се уредува овој институт и процедура за истиот.

Од наведените причини, Судот цени дека пропишаните членови 78л, 78љ, 78м и 78н во Статутарната одлука за измени и дополнување на Статутот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров” број 6/12), се незаконити, а со тоа и спротивни на темелната вредност на уставниот поредок – начелото на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, согласно кое во правниот поредок треба да егзистираат правно усогласени прописи со Уставот и со законите.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.156/2023
Shkup, 31.01.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, м-р mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 14 paragrafi 1 dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 31.01.2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET kapitulli “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78ll, 78l, 78m dhe 78n të Vendimit statutor për ndryshimet dhe plotësimet në Statutin e Komunës Gjorçe Petrov nr. 07-1330/5 të datës 23.05.2012 (Gazeta Zyrtare të Komunës Gjorçe Petrov” nr 6/2012).

2. SHFUQIZOHET Aktvendimi për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale dhe veprimeve të ndërmarra në bazë të kapitullit “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78ll, 78l, 78m dhe 78n të Vendimit statutor për ndryshime dhe plotësime të Statutit të Komunës Gjorçe Petrov Nr. 07- 1330/5 të datës 23.05.2012 (“Gazeta Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” nr. 6/2012).

3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Në mbledhjen e punës, të mbajtur më 14 shtator 2023, gjykatësit kushtetues vendosën, në bazë të dispozitës së nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese, me vetiniciativë që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit, të shënuar në pikën 1 të Aktvendimit, për shkak se para Gjykatës me bazë është ngritur çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.

II

Gjykata në seancë konstatoi se kryetari i Komunës së Gjorçe Petrovit, në bazë të nenit 50 paragrafi 1 pika 3 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 5/2002) dhe nenit 24 paragrafi 1 pika 3 të Statutit të Komunës Gjorçe Petrov (“Gazeta Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 5/2006) në mbledhjen e pesëdhjetë e tretë të Këshillit të Komunës Gjorçe Petrov, të mbajtur më 23.05.2012, miratoi Vendimin numër 08-1421/3 për publikimin e Vendimit Statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës Gjorçe Petrov të miratuar nga Këshilli i Komunës Gjorçe Petrov dhe i njëjti është botuar në Gazetën Zyrtare të Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/2012.

Vendimi statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës Gjorçe Petrov përmban pjesën me titull “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” në të cilin janë rregulluar nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n, përmbajtja e të cilave, por me numërim si nene 78ll, 78l, 78m dhe 78n, janë rregulluar edhe në tekstin e spastruar të Statutit të Komunës Gjorçe Petrov, i cili është botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës Gjorçe Petrov” me numër 8/2023.

Neni 78ll i Vendimit Statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës Gjorçe Petrov parasheh se kërkesë për interpretim autentik të aktit të përgjithshëm mund të parashtrojnë anëtarët e Këshillit, qytetarët e komunës, ndërmarrja publike që kryen veprimtari në rajonin e komunës dhe organet shtetërore, kur lindi nevoja për interpretim autentik në lidhje me zbatimin e akteve në funksionimin e tyre. Neni 78l parashikon se kërkesa për dhënien e interpretimit autentik të aktit të përgjithshëm i paraqitet kryetarit të Këshillit, i cili menjëherë ia paraqet kërkesën Komisionit për Statute dhe Rregullore. Në nenin 78m rregullohet se Komisioni për Statut dhe Rregullore pas kërkesës për interpretim autentik ka të drejtë të kërkojë mendim nga trupat punues të Këshillit dhe organet e drejtorisë dhe ato administrative të komunës. Sipas nenit 78n, nëse Komisioni për Statut dhe Rregullore vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar, do të përgatisë propozim për interpretim autentik dhe do t’ia dërgojë Këshillit për miratim, dhe nëse vlerëson se kërkesa për interpretim autentik është e pajustifikuar, Komisioni për Statut dhe Rregullore, për këtë do t’i paraqesë raport Këshillit, i cili vendos për kërkesën dhe raportin e paraqitur.

III

Një nga qëllimet themelore të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut është vendosja e sundimit të së drejtës në sistemin e qeverisjes. Ky parim kushtetues është përcaktuar me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin, secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet, sipas nenit 51 të Kushtetutës.

Në bazë të nenit 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut ka autorizim kushtetues të miratojë ligje dhe të ofrojë interpretim autentik të ligjeve.

Neni 110 paragrafi 2 i Kushtetutës përcakton se Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Në bazë të nenit 14 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese mund të iniciojë vetë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një ligji, përkatësisht kushtetutshmëri dhe ligjshmëri të një rregulli ose akti tjetër të përgjithshëm.

Gjykata Kushtetuese, në pajtim me nenin 27 paragrafi 1 të Rregullores, gjatë procedurës, deri në marrjen e vendimit të formës së prerë, mund të marrë vendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve që janë ndërmarrë në bazë të një ligj, një rregulli tjetër ose një akti të përgjithshëm, kushtetutshmërinë, respektivisht ligjshmërinë e të cilit e vlerëson, nëse zbatimi i tij mund të sjellë pasoja të vështira për t’u hequr.

Duke u nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, del se ligjet miratohen në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat tjera në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, se vetëm Kuvendi ka kompetencë kushtetuese për miratimin e ligjeve dhe interpretimin autentik të tyre, dhe e gjitha kjo në funksion të garantimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe subjekteve të tjera juridike.

Nga përmbajtja e aktit kontestues, rezulton se Këshilli i Komunës së Gjorçe Petrovit, duke iu referuar nenit 103 paragrafët 1 dhe 2 dhe nenit 104 të Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit (“Gazeta Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/12), në mbledhjen e pesëdhjetë e tretë të mbajtur më 23 maj 2012, miratoi Vendim statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës Gjorçe Petrov, i cili përfshin kapitullin “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe kryetari i Komunës ka miratuar Aktvendim nr.08-1421/3 të datës 23.05.2012 për publikimin e tij.

Komisioni për Statut dhe Rregullore të Këshillit të Komunës së Gjorçe Petrovit, në mbledhjen e mbajtur më 12.07.2023, ka përcaktuar tekstin e spastruar të Statutit të Komunës Gjorçe Petrov dhe e ka publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës Gjorçe Petrov” numër 8/23, nga 13.07.2023.

Në pjesën hyrëse thuhet se teksti i spastruar i Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit ndër të tjera përfshin Vendimin Statutar të kontestuar për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës Gjorçe Petrov (“Gazeta Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/12), i cili përmban dhe kapitullin kontestues “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme”.

Nenet e kontestuara të interpretimit autentik (me numërim si nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n) rregullojnë se kush mund të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të një akti të përgjithshëm, ku është paraqitur kërkesa, kujt i është dërguar, kush vendos për kërkesën, cili përgatit propozimin sipas kërkesës, kush e miraton atë dhe që vendos nëse kërkesa për interpretim autentik është e justifikuar apo jo, për të cilën përpilohet një procesverbal.

Interpretim autentik të ligjeve jep ligjvënësi si organ i pushtetit legjislativ. Kuvendi, në pajtim me nenin 68, paragrafi 1, alineja 2 i Kushtetutës, miraton ligjet dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretimin autentik të ligjeve rregullohet me Rregulloren e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91/2008, 119/2010 dhe 23/2013).

Sipas teorisë juridike, interpretimi autentik i ligjeve nënkupton përcaktimin e përmbajtjes dhe kuptimit të vërtetë të një ligji tashmë të miratuar, i cili në zbatimin e tij tregon paqartësi, mëdyshje ose përmban zbrazëtira. Interpretimi autentik është pjesë përbërëse e ligjit të publikuar.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës Gjorçe Petrov, si organ i pushtetit lokal, merr Vendim statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili parashikon kapitullin “Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” të përfshira në nenet 78ll, 78l, 78m dhe 78n, si dhe tekst të spastruar të Statutit të Komunës Gjorçe Petrovit, i cili përmban kapitullin e kontestuar.

Ligji për Vetëqeverisjen Lokale nuk përmban dispozitë të shprehur se këshillet e komunave mund të japin një interpretim autentik të rregullave që miratojnë.

Në bazë të nenit 36 paragrafi 1 pika 1 të Ligjit për vetëqeverisje lokale, këshilli i komunës miraton statutin e komunës dhe rregullat tjera, dhe sipas nenit 62 paragrafi 1 të ligjit, në kryerjen e detyrave nga kompetenca e tij, këshilli miraton rregullore, përkatësisht: statutin, programet, planet, vendimet dhe rregullat tjera të përcaktuara me ligj, që do të thotë se ligji nuk përmban dispozitë të qartë se këshillet e komunave mund të japin interpretim autentik të rregullave që miratojnë.

Në një situatë të tillë faktike, pa mëdyshje del se Këshilli i Komunës Gjorçe Petrov i ka tejkaluar kompetencat e tij ligjore me miratimin e Vendimit statutor për ndryshime dhe plotësime në Statutin e Komunës së Gjorçe Petrovit, në të cilin parashihet kapitulli ” Interpretimi autentik i akteve të përgjithshme” dhe neneve 78ll, 78l, 78m dhe 78n, si dhe teksti i sapstruar i Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit, i cili përmban kapitullin kontestues.

Duke pasur parasysh se është një çështje që duhet të parashikohet në ligj në mënyrë që organet e pushtetit lokal ta zbatojnë atë, siç është rregulluar shprehimisht për ligjvënësin si organ i pushtetit shtetëror me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, në pajtim me të cilin Kuvendi miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, kurse procedura për interpretim autentik të ligjeve është e rregulluar me Rregulloren e punës së Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” 91 /2008, 119/2010 dhe 23/2013). Duke qenë se organet e pushtetit lokal nuk kanë bazë ligjore për të dhënë interpretim autentik, nuk mundet në rregullore ose statut të rregullohet rrjedhimisht ky institut dhe procedur për të njëjtin.

Për arsyet e cekura, Gjykata konsideron se nenet e përcaktuara 78ll, 78l, 78m dhe 78n në Vendimin Statutar për ndryshimin dhe plotësimin e Statutit të Komunës së Gjorçe Petrovit (“Gazeta Zyrtare e Komunës Gjorçe Petrov” numër 6/ 12) janë të paligjshme, prandaj dhe në kundërshtim me vlerën themelore të rendit kushtetues – parimi i sundimit të së drejtës nga neni 8, paragrafi 1, alineja 3 të Kushtetutës, sipas të cilit në rendin juridik duhet të ekzistojnë rregullat e harmonizuara juridike me Kushtetutën dhe me ligjet.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska