У.бр.146/2023


Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.146/2023
Скопје, 24.01.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 24.01.2024 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВА Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.276 од 21 декември 2022 година.

2. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

Образложение

I

Уставниот суд на Република Северна Македонија во врска со иницијативата на Кренар Лога од с.Ливади, Струга, со Решението У.бр.146/2023 од 5 декември 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на актот означен во диспозитивот од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Северна Македонија.

II

На седницата Судот утврди дека со оспорениот правилник на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија се направени измени и дополнувања на основниот текст на Правилникот („Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 187/2016, 146/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 44/2019, 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020 и 217/2021). Правилникот има 7 члена и сите измени и дополнувања следуваат на начин што одделни одредби се бришат, а дел се менуваат.

Во член 7 од Правилникот е определено дека истиот влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се објави по добивањето на согласност од министерот за здравство.

Правилникот е заведен со деловоден бр.02-17171/10 од 22 ноември 2022 година, а е објавен во наведеното гласило бр.276/2022 од 21 декември 2022 година.

III

Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, а според став 2 од истиот член, законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Поаѓајќи од наведените уставни одредби произлегува дека објавувањето на законите и другите прописи е во функција на обезбедување на владеење на правото и остварување на слободите и правата на човекот и граѓанинот, како претпоставка за правната сигурност на граѓаните и другите правни субјекти.

Самото објавување на законите и другите прописи претставува чин на обнародување на тие акти и нивно ставање на увид на јавноста. Имено законот, а во конкретниот случај прописот со негово донесување, промулгирање (потпишување) и со објавување во службено гласило од јавен интерес, станува применлив акт.

Имајќи го предвид карактерот и значењето на објавувањето на законите и другите прописи, Уставот на Република Северна Македонија утврдил обврска, но и рок тие да се објавуваат во „Службен весник на Република Северна Македонија” како службено гласило на Републиката.

Одредбата за објавувањето на законите и другите прописи во Уставот е предвидена во главата за основните слободи и права на човекот и граѓанинот и тоа во делот за гаранциите на основните слободи и права. Овој факт укажува дека Уставот, на објавувањето на законите и другите прописи не приоѓа како на техничко прашање, туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.

Уставната гаранција за објавувањето на законите и другите прописи се афирмира токму преку одредување на временска рамка заради интензивирање на самата постапка на објавувањето.

Во конкретниот случај од приложената и прибавена документација, Судот утврди дека во уводот на оспорениот акт стои дека Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, го донел оспорениот правилник на седница на ден 15 ноември 2022 година, истиот е заведен во Фондот под бр.02-17171/10 од 22 ноември 2022 година. Актот е објавен на ден 21 декември 2022 година.

Во доставениот одговор од Фондот за здравствено осигурување, се укажува дека во процесот на донесување, давање согласност и објавување на општите акти коишто ги донесува Управниот одбор на Фондот се вклучени повеќе органи и институции и тоа: Управниот одбор на Фондот, министерот за здравство, Агенцијата за примена на јазикот и ЈП „Службен весник на РСМ“, што значи дека во некои случаи изминува подолг временски период од донесувањето на еден општ акт до неговото објавување во „Службен весник на РСМ“.

Оттаму, уставно определениот рок од седум дена од член 52 став 2 од Уставот за објавување на овој пропис истекол, имајќи предвид дека во член 7 од оспорениот правилник е предвидено влегување во сила со денот на објавување, а по добиена согласност од министерот за здравство, Судот утврди дека во овој случај има пречекорување на уставниот рок со оглед на денот кога е донесен актот и кога е објавен. Притоа, фактот што во овој случај станува збор за таканаречени врзани или условени акти или правилник чие влегување во сила и произведување правни последици е условено со добивање на согласност од министерот за здравство не го отстранува сомнението за повреда на член 52 став 2 од Уставот.

Врз основа на изнесеното и утврдената фактичка состојба, Судот оцени дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно оспорениот правилник не е во согласност со член 52 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија.

IV

Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.146/2023
Shkup, 24.01.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovskiи dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të neneve 110 dhe 112 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 70 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 24 janar 2024, miratoi

V E N D I M

1. NDËRPRITET Rregullorja për ndryshimin dhe plotësimin e Rregullores për përmbajtjen dhe mënyrën e realizimit të të drejtave dhe detyrimeve nga sigurimi i detyrueshëm shëndetësor, publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 276, të datës 21 dhjetor 2022.

2. Ky vendim do të botohet në Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.

Arsyetim

I

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në lidhje me iniciativën e Krenar Llogës nga fshati Livadhi, Strugë, me Aktvendimin U. nr.146/2023 të datës 5 dhjetor 2023, ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit të shënuar në dispozitivin e këtij vendimi, për shkak se me të drejtë është shtruar çështja e përputhshmërisë së tij me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë së Veriut.

II

Gjykata në seancë konstatoi se me rregulloren e kontestuar të Fondit për sigurim shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë bërë ndryshime dhe plotësime në tekstin bazë të Rregullores (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.18/ 2015, 64/2015, 96/2015, 125/2015, 187/2016, 146/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 44/2019, 198/2019, 63/2020, 202/2020, 303/2020 dhe 217/2021) Rregullorja ka 7 nene dhe të gjitha ndryshimet dhe plotësimet pasojnë në atë mënyrë që disa dispozita shlyhen dhe disa ndryshohen.

Në nenin 7 të Rregullores përcaktohet që ajo hyn në fuqi ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, dhe do të publikohet pas marrjes së pëlqimit të ministrit të Shëndetësisë.

Rregullorja është e regjistruar me urdhër zyrtar nr.02-17171/10 të datës 22.11.2022 dhe është botuar në Gazetën e lartpërmendur nr.276/2022 më 21.12.2022.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës, sundimi i së drejtës është një nga vlerat themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 52 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet dhe rregullat tjera botohen para hyrjes në fuqi, ndërsa sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, ligjet dhe rregullat tjera botohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” më së voni brenda shtatë ditëve nga dita e miratimit të tyre.

Nisur nga dispozitat e përmendura kushtetuese, rezulton se publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera është në funksion të sigurimit të sundimit të së drejtës dhe realizimit të lirive dhe të drejtave të njeriut dhe qytetarit, si prezumim për sigurinë juridike të qytetarëve dhe personave të tjerë juridikë.

Vetë publikimi i ligjeve dhe rregullave të tjera është një akt i publikimit të këtyre akteve dhe i vënies në mbikëqyrje të publikut. Domethënë, ligji e në rastin konkret rregulli me miratimin, shpalljen (nënshkrimin) dhe publikimin e tij në gazetë zyrtare me interes publik, bëhet akt i zbatueshëm.

Duke marrë parasysh natyrën dhe rëndësinë e publikimit të ligjeve dhe rregullave të tjera, Kushtetuta e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka përcaktuar obligim, por edhe afat, që ato të publikohen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” si gazeta zyrtare e Republikës.

Dispozita për publikimin e ligjeve dhe rregullave të tjera në Kushtetutë është paraparë në kapitullin për liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit dhe në pjesën për garancitë e lirive dhe të drejtave themelore. Ky fakt tregon se Kushtetuta nuk i qaset miratimit të ligjeve dhe rregulloreve të tjera si çështje teknike, por një çështje që depërton thellë në garancitë kushtetuese të lirive dhe të drejtave themelore të njeriut dhe qytetarit.

Garancia kushtetuese për publikimin e ligjeve dhe rregullave të tjera publikohet pikërisht me përcaktimin e kornizës kohore për intensifikimin e vetë procedurës së publikimit.

Në rastin konkret, nga dokumentacioni i bashkangjitur dhe i siguruar, Gjykata konstatoi se në hyrje të aktit kontestues thuhet se Këshilli Drejtues i Fondit për Sigurim Shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka miratuar rregulloren e kontestuar në mbledhjen me datë 15 nëntor 2022, është regjistruar në Fond me nr.02-17171/10 nga 22.11.2022. Akti është publikuar më 21 dhjetor 2022.

Në përgjigjen e dërguar nga Fondi për Sigurim Shëndetësor, theksohet se në procesin e miratimit, pëlqimit dhe publikimit të akteve të përgjithshme të miratuara nga Këshilli Drejtues i Fondit, janë përfshirë disa organe dhe institucione, përkatësisht: Këshilli Drejtues i Fondi, ministri i Shëndetësisë, Agjencia për Zbatimin e Gjuhës dhe NP “Gazeta Zyrtare e RMV-së”, që do të thotë se në disa raste kalon një periudhë më e gjatë kohore nga miratimi i një akti të përgjithshëm deri në botimin e tij në ” Gazetën Zyrtare të RMV-së”.

Prej aty ka skaduar afati i përcaktuar me Kushtetutë prej shtatë ditësh nga neni 52 paragrafi 2 i Kushtetutës për publikimin e këtij rregulli, duke pasur parasysh se në nenin 7 të rregullores së kontestuar është paraparë të hyjë në fuqi ditën e publikimit dhe pas marrjes së pëlqimit të ministrit të Shëndetësisë, gjykata konstatoi se në këtë rast ka pasur tejkalim të afatit kushtetues duke pasur parasysh ditën kur është miratuar akti dhe kur është publikuar. Për më tepër, fakti që në këtë rast bëhet fjalë për akte ose rregullore të ashtuquajtura detyruese ose të kushtëzuara, hyrja në fuqi dhe sjellja e pasojave juridike kushtëzohet nga marrja e pëlqimit të ministrit të Shëndetësisë, nuk e largon dyshimin për shkelje të nenit 52 paragrafi 2 të Kushtetutës.

Në bazë të gjendjes faktike të paraqitur dhe konstatuar, Gjykata vlerësoi se është tejkaluar afati i paraparë me Kushtetutë prej shtatë ditësh për publikim në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, gjegjësisht rregullorja e kontestuar nuk është në pajtim me nenin 52 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij vendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska