Уставен суд на
Република Северна Македонија
Решение У.бр.80/2023
Скопје, 14.11.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14.11.2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).
2. СЕ ЗАПИРА ИЗВРШУВАЊЕТО на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од Законот, означен во точката 1 од ова решение.
3. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Подносителот Александар Илиевски од Битола, со иницијативата ja оспорува одредбaта од член 3 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021) и за истата смета дека е во спротивност со член 9 од Уставот, според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, од причина што со истата граѓаните кои не користат или не издаваат личен имот се ставени во нееднаква положба во однос на другите.
Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба е во спротивност и со член 30 од Законот за даноците на имот, според кој решение за данок на имот за тековната година мора да се издаде до 31 март истата година. Имено, ако е услов 6 месеци користење или издавање на имотот за да нема покачување на данокот на имот согласно член 3 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021), не е доволен временски период во тековната година, или која било за до 31.03. се утврди дали имотот е користен или издаден 6 месеци кога од тековната година истекле само 9 месеци до датумот кога мора да има издавање на решение за данок на имот.
Подносителот наведува дека во однос на оспорената одредба, нема како да се докаже дека не е користен станот од страна на сопственикот и членовите на потесното семејство и за колку време – дали 6 месеци во текот на календарската година или покусо, кој нема обврска за пријавување престој во МВР и нема начин да се докаже спротивното – дека не бил користен станот вкупно 6 месеци во тек на календарска година, притоа имајќи предвид дека ако граѓанинот има намера да престојува подолго од 30 дена има обврска за пријавување престој во МВР, што остава можност со прекини да се исполни условот за користење 6 месеци во тек на годината.
Понатаму, во иницијативата подносителот дава и свое толкување на оспорената одредба, според која оспореното решение е спорно и нејасно бидејќи, во делот од одредбата „а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година“ зборот „или“ не е заемно вклучувачки во условот за квалификацијата за толкување според текстот на Законот, односно или не се користи од страна на сопственикот или не се издава под закуп подолго од 6 месеци. Подносителот смета дека за квалификација на некористење на стан не мора да се исполнува услов да се користи минимум 6 месеци во тек на календарска година. Оттука, според истиот, таквото толкување е поточно од толкувањето на законодавецот, со оглед на фактот дека во текстот на Законот не постои знак (,) меѓу зборовите „не се издава под закуп“ и „подолго од шест месеци“ што би укажувало на тоа дека условот за временски период од 6 месеци е заемен за обете категории – и некористење од страна на сопственикот и неиздавање под закуп.
Согласно наведеното, подносителот бара Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одредба од Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот и истата да ја укине, а согласно член 27 од Деловникот, Судот да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба, со цел спречување на тешко отстранливи последици, како и по потреба да се поведе постапка за автентично толкување до републичкото собрание за оспорената одредба.
II
На седницата Судот утврди дека согласно оспорената одредба од член 6 став 4 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021), стапките на данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во член 2 став (1) точка 1. од овој закон кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во ставот (1) на овој член.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Граѓаните на Република Северна Македонија согласно член 9 став 1 од Уставот, се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Според ставот 2 од истиот член, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Со член 33 од Уставот, е уредено дека секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Согласно член 51 став 1 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. А во ставот 2 на истиот член е утврдено дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Начинот на оданочувањето на данокот на имот, данокот на наследство и подарок и данокот на промет на недвижности, законодавецот го уредил со Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).
Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, покрај другото гo опфаќа принципот на правна сигурност според кој во правниот поредок треба да постојат јасни, прецизни и концизни одредби, со цел субјектите на правото при примена на истите да не се соочуваат со ситуација на различно толкување во примената која може да води кон арбитрарност, и како последица на тоа граѓаните да не можат да ги реализираат нивните права и да ги исполнуваат законските обврски, односно истите да ги исполнуваат на нееднаков начин, спротивно на член 9 од Уставот.
Наводите на подносителот во иницијативата дека оспорената одредба е во спротивност со член 9 од Уставот на начин што граѓаните кои не користат или не издаваат личен имот повеќе од шест месеци се ставени во нееднаква положба во однос на другите, од причина што е нејасно на кој начин ќе се утврди дали и колку недвижниот имот од страна на сопственикот се користи или се издава под закуп во тековната година, Судот оцени дека се основани од следните причини:
Од анализата на оспорениот член 6 став 4 од Законот за даноците на имот според кој стапките на данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во член 2 став 1 точка 1 од овој закон кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, се зголемуваат за три пати во однос на стапките пропишани во став 1 на овој член, Судот утврди дека недостасува јасно и целосно дефинирање на критериумите врз основа на кои ќе се пресмета рокот од 6 месеци за некористење на недвижниот имот.
Покрај ова, според Судот нејасноста на оспорената одредба произлегува и од фактот што во рамките на Законот не се дефинирани начинот и постапката за утврдување на некористењето на недвижниот имот, односно не постојат јасни критериуми како, со што и пред кој орган се докажува користењето односно некористењето на недвижниот имот, што може да доведе до арбитрарност во примената односно да создава правна несигурност во практикувањето на правото за субјектите кои се засегнати со конкретното правно прашање. Ова од причина што во рамките на Законот, не е дефинирано прашањето што претставува некористење на недвижен имот, ниту е предвидено дека со подзаконски акти ќе се операционализираат или дефинираат прецизно критериумите и постапувањето на органите задолжени за утврдување на некористење на недвижниот имот, што претставува клучен момент за утврдување на трипати повисок данок за сопствениците на истите.
Темелната вредност, владеење на правото во еден правен систем или поредок треба да се остварува преку доминација на правната норма која треба да биде јасна, прецизна и разбирлива, која нема да остава можност за различно толкување и нејзина различна примена што може да доведе до повреда на принципот на правна сигурност на граѓаните. Во тој конктекст правната сигурност и владеењето на правото се во функција да го обезбедат и принципот на еднаквост на граѓаните утврден во член 9 од Уставот. Оттука, во околности на нејасни и непрецизни законски одредби од кои не може да се утврди кој, со што и како го утврдува законското решение „кој не се користи“ и „подолго од 6 месеци“, покрај правната сигурност, Судот оцени дека се доведува под сомнение и принципот на еднаквост.
Судот утврди дека во отсуство на јасно уредени критериуми на законското решение „кој не се користи“, „подолго од 6 месеци“, и начинот на докажување на користењето односно некористењето (со што и пред кој орган се докажува), примената на оспорената одредба може на арбитрарен начин да се применува од различни општини на различен начин со примена на различни критериуми, со што граѓаните можат да бидат доведени не само во правна несигурност, туку и ќе бидат различно третирани во нивните права и обврски во зависност од тоа која општина кој критериум ќе го примени, што претставува повреда на принципот на еднаквост.
Во однос на наводите на иницијативата кои претставуваат барање за испитување на меѓусебна усогласеност на одредби од ист закон, истото претставува барање коешто излегува надвор од уставно утврдените рамки на надлежности на Уставниот суд, имајќи го предвид уредувањето во член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот, според кои Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.
Што се однесува до предлогот на подносителот доколку утврди потреба Уставниот суд да поднесе барање за автентично толкување на оспорената одредба до Собранието на Република Северна Македонија кое согласно член 68 став 1 алинеја 2 од Уставот, донесува закони и дава автентично толкување на законите, Судот оцени дека истиот е беспредметен од причина што согласно наведената уставно-судска анализа, за Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорената одредба со одредбите од член 8 став 1 алинеја 3 и член 9 од Уставот.
Имајќи предвид дека според Судот основано се постави прашањето за уставноста на оспорената одредба од член 6 став 4 од Законот за даноците на имот, Судот оцени дека се исполнети и условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд за донесување на решение за запирање од извршување на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на оспорената одредба, поради можно настанување на тешко отстранливи и ненадоместливи последици за граѓаните.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.80/2023
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.80/2023
Shkup, 14.11.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14.11.2023 miratoi
A K T V E N D I M
1. INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 6 paragrafi 4 të Ligjit për tatimet mbi pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021).
2. NDËRPRITET REALIZIMI të akteve individuale dhe veprimeve të kryera në bazë të dispozitës së Ligjit, të përcaktuara në pikën 1 të këtij aktvendimi.
3. Ky vendim do të publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Parashtruesi Aleksandar Ilievski nga Manastiri, me iniciativë e konteston dispozitën e nenit 3 paragrafi 4 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tatimin mbi pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021) dhe konsideron të jetë në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës, sipas të cilit qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve, për arsye se me të njëjtën qytetarë që nuk shfrytëzojnë apo japin me qira pronën personale, vendosen në pozitë të pabarabartë në raport me të tjerët.
Në iniciativë thuhet se dispozita e kontestuar është në kundërshtim edhe me nenin 30 të Ligjit për tatimin mbi pronë, sipas të cilit vendimi për tatimin mbi pronë për vitin aktual duhet të nxirret deri më 31 mars të po këtij viti. Përkatësisht, nëse kushti është 6 muaj shfrytëzim apo dhënie me qira të pronës në mënyrë që të mos ketë rritje të tatimit mbi pronë në pajtim me nenin 3 paragrafi 4 të Ligjit për ndryshimet dhe plotësimet e Ligjit për tatimin mbi pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 151/2021), nuk mjafton një periudhë kohore në vitin aktual, ose ndonjë deri më 31.03. përcaktohet nëse prona është shfrytëzuar apo është dhënë me qera për 6 muaj kur kanë kaluar vetëm 9 muaj nga viti aktual deri në datën kur duhet të jepet vendimi për tatimin mbi pronë.
Parashtruesi thekson se në lidhje me dispozitën e kontestuar, nuk ka asnjë mënyrë për të vërtetuar se banesa nuk është shfrytëzuar nga pronari dhe anëtarët e familjes së ngushtë dhe për sa kohë – qoftë 6 muaj gjatë vitit kalendarik apo në afat më të shkurtër, kush nuk e ka për obligim që të paraqitet për qëndrimin e tij ë Ministrinë e Punëve të Brendshme dhe nuk ka asnjë mënyrë për të vërtetuar të kundërtën – se banesa nuk është përdorur për gjithsej 6 muaj gjatë një viti kalendarik, duke pasur parasysh se nëse qytetari synon të qëndrojë më gjatë se 30 ditë detyrohet të regjistrojë qëndrimin në Ministrinë e Punëve të Brendshme, gjë që lë mundësinë me ndërprerje të plotësojë kërkesën e përdorimit për 6 muaj gjatë vitit.
Më tej, në iniciativë, parashtruesi jep interpretimin e vet të dispozitës kontestuese, sipas së cilës vendimi i kontestuar është i kontestuar dhe i paqartë sepse në pjesën e dispozitës “dhe që nuk përdoret nga pronari ose nuk është dhënë me qira për më shumë se gjashtë muaj gjatë një viti “fjala “ose” nuk përfshihet reciprokisht në kushtin e kualifikimit për interpretim sipas tekstit të ligjit, pra ose nuk përdoret nga pronari ose nuk jepet me qera për më gjatë se 6 muaj. Parashtruesi konsideron se për kualifikimin e mospërdorimit të një banese nuk është e nevojshme të plotësohet kushti i përdorimit të saj për të paktën 6 muaj gjatë një viti kalendarik. Prandaj, sipas të njëjtit, një interpretim i tillë është më i saktë se interpretimi i ligjvënësit, duke pasur parasysh faktin se në tekstin e Ligjit nuk ka asnjë shenjë (,) ndërmjet fjalëve “nuk jepet me qera” dhe “më gjatë se gjashtë muaj” që do të tregonte se kushti për një periudhë kohore prej 6 muajsh është e ndërsjellë për të dyja kategoritë – si mosshfrytëzimi nga pronari ashtu edhe mosdhënia me qera.
Në përputhje me sa më sipër, parashtruesi i kërkesës kërkon që Gjykata të inicojë procedurën për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për tatimin mbi pronë dhe ndërprerjen e saj dhe në përputhje me nenin 27 të Rregullores, Gjykata të marrë aktvendim për ndalimin e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të dispozitës kontestuese, me qëllim parandalimin e pasojave të vështira për t’u hequr, si dhe, nëse është e nevojshme, të fillohet procedura për interpretim autentik në kuvendin republikan për dispozitën e kontestuar.
II
Gjykata në seancë konstatoi se në pajtim me dispozitën kontestuese të nenit 6 paragrafi 4 të Ligjit për tatimin mbi pronë (“Gazeta Zyrtare e RM-së” nr. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/ 2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021), normat e tatimit mbi pronë për patundshmëri të tjera të përshkruara në nenin 2 paragrafi (1) pika 1 të këtij ligji që është në pronësi të shtetit ose të komunave, komunave në Qytetin e Shkupit dhe Qytetit të Shkupit si dhe në pronësi të personave fizikë dhe juridikë dhe që nuk shfrytëzohet nga pronari ose nuk jepet me qera për më shumë se gjashtë muaj gjatë një vit, rriten trefish në raport me tarifat e përcaktuara në paragrafin (1) të këtij neni.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i ligjit është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pajtim me nenin 9 paragrafi 1 të Kushtetutës, janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe shoqërore, besimit politik dhe fetar, pasurisë dhe pozitës shoqërore. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Neni 33 i Kushtetutës përcakton se kushdo është i detyruar të paguajë tatimin dhe detyrimet e tjera publike dhe të marrë pjesë në pagesën e shpenzimeve publike në mënyrën e përcaktuar me ligj.
Sipas nenit 51 paragrafi 1 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Dhe në paragrafin 2 të të njëjtit nen, përcaktohet se secili është i detyruar të respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Mënyra e tatimimit të tatimit mbi pronë, tatimit mbi trashëgiminë dhe dhuratën dhe tatimit mbi qarkullimin e patundshmërive është rregulluar nga ligjvënësi me Ligjin për tatimin mbi pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 61/2004, 92/2007, 102/2008 , 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021).
Sundimi i së drejtës si vlerë themelore e rendit kushtetues përfshin ndër të tjera parimin e sigurisë juridike sipas të cilit në rendin juridik duhet të ketë dispozita të qarta, të sakta dhe koncize, në mënyrë që subjektet e ligjit gjatë zbatimit të mos përballen me situatën e interpretimit të ndryshëm që mund të çojë në arbitraritet dhe si rrjedhojë qytetarët nuk mund të realizojnë të drejtat e tyre dhe të përmbushin obligimet e tyre ligjore, pra t’i përmbushin ato në mënyrë të pabarabartë, në kundërshtim me nenin 9 të Kushtetutës.
Pretendimet e parashtruesit në iniciativë se dispozita e kontestuar bie ndesh me nenin 9 të Kushtetutës në mënyrë që qytetarët të cilët nuk shfrytëzojnë apo japin me qira pronën personale për më shumë se gjashtë muaj, vihen në pozitë të pabarabartë me të tjerët, për arsye se është e paqartë se në çfarë mënyre do të përcaktohet nëse dhe sa është prona e paluajtshme në shfrytëzim apo e dhënë me qira nga pronari në vitin aktual, Gjykata vlerësoi se janë me batë për arsyet e mëposhtme:
Nga analiza e nenit 6 paragrafi 4 kontestues të Ligjit për tatimet mbi pronë sipas të cilit normat e tatimit mbi pronë për pronën tjetër të paluajtshme të përshkruar në nenin 2 paragrafi 1 pika 1 të këtij ligji e cila është në pronësi të shtetit apo komunave, komunat në Qytetin e Shkupit dhe Qytetin e Shkupit, si dhe në pronësi të personave fizikë dhe juridikë, të cilat nuk shfrytëzohen nga pronari ose nuk janë dhënë me qira për më gjatë se gjashtë muaj gjatë vitit, rriten për trefish në lidhje me tarifat e përcaktuara në paragrafin 1 të këtij neni, Gjykata përcaktoi se mungon një përcaktim i qartë dhe i plotë i kritereve në bazë të të cilave do të llogaritet afati prej 6 muajsh për mospërdorimin e pronës së paluajtshme.
Krahas kësaj, sipas Gjykatës, paqartësia e dispozitës së kontestuar rrjedh edhe nga fakti se mënyra dhe procedura për përcaktimin e mospërdorimit të pronës së paluajtshme nuk janë të përcaktuara me ligj, gjegjësisht nuk ekzistojnë kritere të qarta si dhe para cilit organ dëshmohet shfrytëzimi ose mospërdorimi i pronaver të paluajtshme, që mund të çojë në arbitraritet gjatë zbatimit, pra të krijojë pasiguri juridike në praktikën e ligjit për subjektet që preken nga çështja konkrete juridike. Kjo pasi në kuadër të ligjit nuk është përcaktuar çështja e mospërdorimit të pronës së paluajtshme dhe as nuk parashikohet që aktet nënligjore të funksionalizojnë apo të përcaktojnë saktësisht kriteret dhe veprimet e organeve përgjegjëse për përcaktimin e mos -përdorimit të pronave të paluajtshme, që paraqet një moment kyç për përcaktimin e një takse trefish më të lartë për pronarët e të njëjtës.
Vlera themelore, sundimi i së drejtës në një sistem apo rend juridik duhet të realizohet përmes dominimit të normës juridike e cila duhet të jetë e qartë, e saktë dhe e kuptueshme, e cila nuk do të lërë mundësinë e interpretimit të ndryshëm dhe zbatimit të ndryshëm të saj që mund të çojë në cenimin e parimit të sigurisë juridike të qytetarëve. Në këtë kontekst, siguria juridike dhe sundimi i së drejtës janë në funksion të garantimit të parimit të barazisë së qytetarëve të përcaktuar në nenin 9 të Kushtetutës. Pra, në rrethana të dispozitave ligjore të paqarta dhe të pasakta nga të cilat nuk mund të përcaktohet se kush, me çfarë dhe si e përcakton zgjidhjen juridike “që nuk përdoret” dhe “më gjatë se 6 muaj”, përveç sigurisë juridike, Gjykata vlerësoi se është sjellë në dyshim edhe parimi i barazisë.
Gjykata përcaktoi se në mungesë të kritereve të përcaktuara qartë të zgjidhjes ligjore “që nuk përdoret”, “më gjatë se 6 muaj”, dhe mënyrës së vërtetimit të përdorimit ose mospërdorimit (me çfarë dhe para cilit organ dëshmohet), zbatimi i dispozitës së kontestuar mund të zbatohet në mënyrë arbitrare nga komuna të ndryshme në mënyrë të ndryshme duke aplikuar kritere të ndryshme, me të cilat qytetarët mund të futen jo vetëm në pasiguri juridike, por edhe do të trajtohen ndryshe në të drejtat dhe obligimet e tyre varësisht se cila komunë cilin kriter do ta zbatojë, që është shkelje e parimit të barazisë.
Në lidhje me pretendimet e iniciativës, të cilat paraqesin kërkesë për shqyrtimin e pajtueshmërisë reciproke të dispozitave të të njëjtit ligj, e njëjta paraqet një kërkesë që del jashtë kuadrit të përcaktuar me kushtetutë të kompetencave të Gjykatës Kushtetuese, duke marrë parasysh rregullimin në nenin 110, alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës, sipas të cilave Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sa i përket propozimit të parashtruesit të kërkesës, nëse Gjykata Kushtetuese e sheh të nevojshme të paraqesë kërkesë për interpretim autentik të dispozitës së kontestuar në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë së Veriut, i cili në pajtim me nenin 68 paragrafi 1 alineja 2 të Kushtetutës, miraton ligje dhe jep interpretim autentik të ligjeve, Gjykata vlerësoi se është e parëndësishme për faktin se sipas analizës së përmendur kushtetuese-gjyqësore, për Gjykatën me bazë u parashtrua çështja e përputhshmërisë së dispozitës së kontestuar me dispozitat e nenit 8 paragrafi 1, alineja 3 dhe neni 9 të Kushtetutës.
Duke marrë parasysh se, sipas Gjykatës, çështja e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar nga neni 6, paragrafi 4 të Ligjit për tatimin mbi pronë ishte i bazuar, Gjykata vlerësoi se kushtet nga neni 27 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese për miratimin e aktvendimit për ndërprerjen e realizimit të akteve individuale ose veprimeve të kryera në bazë të dispozitës kontestuese, për shkak të shfaqjes së mundshme të pasojave të vështira për t’u hequr dhe të pariparueshme për qytetarët.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska