Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.172/2023
Скопје, 20 декември 2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023).
Образложение
I
Стевче Стојанов од с.Ново Коњарево, Струмица, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба означена во диспозитивот на ова решение.
Според подносителот на иницијативата, оспорената одредба не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 23, член 32 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија, со член 12 од Законот за адвокатурата, со член 31 став 1 од Законот за административните службеници, како и со Законот за работните односи.
Подносителот наведува дека преку правното нормирање на актите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија се нарушува принципот на владеење на правото, бидејќи сите државни органи и Коморите во Републиката се должни да ги почитуваат позитивните законски прописи, односно правните норми. Ова особено во делот, дали некое лице ужива углед или не, што истото според подносителот не претставува правна норма, туку морална норма.
Оттаму, општо познат факт е дека не само во правната наука, туку и во социолошката, етнолошката, филозофската и секоја друга општествено-хуманистичка наука, не постои никаков законски и друг правен начин тоа да се утврди, па оттаму може Адвокатската комора на Република Северна Македонија да го злоупотреби монополот за издавање на адвокатски лиценци и произволно да не додели адвокатска лиценца на некое лице и покрај тоа што истото може да ги исполнува општите и посебните услови, а сè само поради условот дека не ужива углед, нешто што ниту може, ниту смее да биде предмет на нормативно уредување.
Угледот, како морална норма, не може во нормативните правни акти да биде поврзан со осудуваноста на некое лице, особено не во член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, бидејќи законодавецот и во Законот за адвокатурата, Законот за административните службеници, па и Законот за работни односи, јасно предвидува дека некое лице за да се вработи или да не му престане работниот однос, може да биде дури и осудувано на ефективна казна затвор до шест месеци. Облигационо и кумулативно се предвидува да не му е изречена мерка забрана за вршење на професија, дејност и должност, што е сосема оправдано и законито.
Адвокатурата е јавна функција, а со тоа кумулативниот услов некое лице да ужива углед, нешто што не е правна, туку морална норма е спротивен на член 23 од Уставот на Република Северна Македонија.
Условот некое лице да ужива углед претставува спрoтивност и на член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, бидејќи согласно Уставот, Законот за адвокатурата и Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, јавната функција адвокат во Република Северна Македонија е професионална и истата е неспојлива со вршење на друга јавна функција или професија. Согласно позитивните законски прописи, кога некое лице во Република Северна Македонија станува адвокат, истото се смета за вработено, односно веднаш заснова редовен работен однос на неопределено време. Со условот од оспорената одредба, некое лице да ужива углед, може да му се ускрати уставно загарантираното право на работа како што е предвидено во член 32 од Уставот на Република Северна Македонија.
Според подносителот, во член 12 од Законот за адвокатурата како lex specialis кој ја регулира оваа материја и којшто се цитира и во Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, не постои услов уживање на углед за вршење на адвокатската професија. Оттаму, Законот е повисок правен акт од Статутот, па согласно тоа Статутот мора да биде во согласност со Уставот и законите, па поради тоа во делот на член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, каде што се бара некое лице да ужива углед, истиот сам по себе е противуставен и противзаконски, бидејќи не е во согласност со повисокиот правен акт – Законот за адвокатурата.
Освен тоа, во член 12 од Законот за адвокатурата е предвидено, покрај другите услови, лицето кое се запишува во Именикот на адвокати да ги исполнува и општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа. Истото е дефинирано во Законот за административните службеници, каде во член 31 став 1 е наведено кои се општите услови за засновање на работен однос, односно да е државјанин на Република Северна Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Оттаму, условот „углед“ не е предвиден во Законот за академија за судии и јавни обвинители, Законот за извршување ниту во Законот за нотаријат. За некое лице во Република Северна Македонија, да стане судија, јавен обвинител, извршител или нотар, не се бара да исполнува дополнителен услов „углед“, туку само да ги исполнува општите и посебните услови за засновање на работен однос за тоа место, каде што некои од овие професии имаат дури и многу поважна улога во општеството од професијата адвокат, па поради тоа, граѓаните се ставаат во нерамноправна положба и се нарушува принципот на владеење на правото.
II
Судот на седницата утврди дека со оспорениот член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023) е предвидено „Пред донесување на одлуката по барањето за прием, Комисијата за прием ќе изврши проверки на пригоден начин на фактите од член 12 од Законот за адвокатура и тоа дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност вклучително од аспект на познавање на адвокатската етика регулирана во актите на комората и дали врши работи кои се неспоиви со адвокатурата“.
III
Согласно член 8 став 1 алиени 1 и 3 од Уставот на Република Северна Македонија, како темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија се основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, како и владеењето на правото.
Во член 23 од Уставот е регулирано дека секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
Со член 32 од Уставот е утврдено дека секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Со член 51 од Уставот е утврдено дека во Република Северна Македонија законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Согласно член 53 од Уставот, адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Со Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 199/2023), преку член 12 е предвидено дека во Именикот на адвокатите може да се запише лице, кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност и ги исполнува следниве услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија или да е државјанин на држава земја членка на Европската Унија,
– да е деловно способно,
– има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Северна Македонија со завршено четиригодишно високо образование на правни студии VII/1 или со стекнати 300 кредити според Европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС) или нострифицирана диплома од правен факултет од странство,
– активно да го зборува македонскиот јазик,
– да има положено правосуден испит во Република Северна Македонија,
– со правосилна судска одлука да не е осуден на безусловна казна затвор во траење над шест месеци, како и да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност, за време на траење на санкцијата,
– да не е во работен однос,
– да не врши работи кои се неспојливи со адвокатурата,
– да не му престанала функцијата судија, јавен обвинител, државен правобранител или заменик, народен правобранител или заменик, избран или именуван функционер, односно да не му престанал работниот однос како државен службеник, нотар, заменик или помошник нотар, извршител или заменик извршител, со конечна одлука во судска, дисциплинска или друга постапка со која е утврдена одговорност во вршење на функцијата односно службата додека не поминат пет години од конечноста на одлуката и
– да достави доказ за завршена почетна обука при Центарот за едукација на Адвокатската комора.
Во член 5 од Законот е утврдено дека самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба се остварува со слободно и независно вршење на адвокатската дејност, слободен избор на адвокатот, организирање на адвокатите во Адвокатска комора и нејзино финансирање, автономно донесување на акти за работа на Адвокатската комора на Република Северна Македонија и нејзините органи и запишување и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници, Именикот на адвокатските приправници и донесување на Кодекс на адвокатската етика.
Според член 34 став 2 точка 6 од Законот, Адвокатската комора на Република Северна Македонија донесува акти на Комората.
Со член 37 од Законот се утврдува дека со Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија се уредуваат, особено: делокругот, организацијата и работата на органите на Комората, начинот и постапката за упис во Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници, органите што ја водат дисциплинската постапка и нивната надлежност и постапката за изрекување дисциплинска мерка, актите и постапката за нивно донесување, водење на Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници и правата и должностите на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, како и одредбите за осигурување на адвокатите од одговорност за штета.
Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 95/2019, 54/2023 и 142/2023.
Со член 1 од Статутот се уредуваат јавните овластувања, делокругот на работа, организацијата и работата на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (во натамошниот текст Комората), нејзините органи и тела, општите акти и постапката за нивно донесување, начинот и постапката за прием, упис и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници, правата и должностите на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, постапката за издавање и одземање на лиценца, постапката за полагање на адвокатски испит, услови за осигурување од одговорност за адвокатот и адвокатското друштво од штета, финансирање на Комората и други прашања.
Според член 33 од Статутот, општи акти на Комората се: Статут на Комората, Кодекс на адвокатската етика, Тарифа за награда и надоместок за трошоците на адвокатите, Правилник за дисциплинска одговорност, Деловници за работа на органи и тела на Комората, правилници и одлуки и други акти кои имаат карактер на општи акти.
Согласно член 34 од Статутот, актите на Комората мора да бидат во согласност со Уставот, Законот за адвокатурата и другите закони.
Од анализата на наведените уставни, законски и статутарни одредби, наспроти наводите во иницијативата, Судот утврди дека истите се неосновани од повеќе причини.
Оттаму, поимот углед како дел од концептот на човечкото достоинство, не подлежи на прецизно нормирање преку кое со сигурност или доследност би се определило одредено поведение. Но, истото не смее да се претстави како недозволен, или уште помалку како непостоечки услов за исполнување на одредени професионални квалификации.
Доколку угледот како правен принцип се формулира на таков начин што ќе се дозволи секој да го толкува поединечно, а особено кога некој се повикува на угледот во една правна средина, тогаш принципот на углед нема да биде конзистентен во склад со основните стандарди на владеење на правото, со што ќе им се даде повод на оние кои го критикуваат принципот на углед, да го толкуваат како бесмислен и потенцијално штетен во едно правно опкружување.
Во однос на професионалниот интегритет и етика, барањето од лицето да има углед е од суштинско значење за одржување на интегритетот и етичките стандарди на правната професија. Адвокатската професија често вклучува високо ниво на доверба, а угледот на адвокатите може значително да влијае на довербата на јавноста во правниот систем. Во однос на историските практики во рамките на правната професија, условот за углед и добра репутација е долготрајна традиција и е вкоренета во историскиот развој на правната етика.
Имено, од цитираните уставни и законски одредби се согледува дека самостојноста и независноста на адвокатурата за внатрешното уредување и носење на акти на комората се операционализира со член 53 од Уставот на Република Северна Македонија, преку член 5 од Законот за адвокатура. Според тоа, Законот за адвокатура ѝ дава право на Адвокатската комора самостојно и автономно да ги носи своите акти како што се Статутот, правилниците за работа, како и самиот Кодекс на адвокатска етика.
Адвокатската комора има надлежност да носи акти на Комората со кои се уредува начинот на нејзиното работење, но и начинот на прием на кандидати за упис во Именикот на адвокатите, како и да се грижи за самиот углед на адвокатурата.
Член 12 од Законот за адвокатурата, предвидува услови со кои во Именикот на адвокати може да се запише лице кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност. Воедно, со истата одредба се пропишуваат и дополнителни услови кои треба да ги исполни лицето кое претендира да биде запишано во Именикот на адвокатите.
Со член 12 став 1 од Законот за адвокатурата е пропишано дека лицето кое сака да се запише во Именикот на адвокатите, задолжително треба да „ужива углед“ и да е „достојно за вршење на адвокатската дејност“.
Оттука, оспорената одредба од член 67 став 2 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Макеоднија е одредба која е втемелена на цитираната законска одредба и претставува само нејзино натамошно разработување. Во ситуација доколку не биде извршена проверка на законски пропишаните услови, таквата законска обврска би претставувала празна обврска, односно услов кој не би бил проверлив. Тргнувајќи од фактот дека самиот Устав преку член 53 предвидел, дека адвокатурата е самостојна и независна служба, а секако проверката на постоењето на овие два со закон утврдени услови за прием во адвокатурата, припаѓаат на Адвокатската комора. Оттаму, не може да се очекува дека некој друг орган би ја вршел таа проверка.
Самостојноста на адвокатурата се огледа и во тоа што самата врши упис во Именикот на адвокатите, а за истото навремено проверува дали се исполнети законските услови кои децидно се наведени во член 12 од Законот за адвокатурата. Оттука, Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија не пропишува нови услови за прием во адвокатурата, надвор од пропишаните со Законот за адвокатура.
Во однос на правото, Адвокатската комора на Република Северна Македонија да издава лиценци и да внимава на угледот на кандидатот, тоа ѝ дава на Адвокатската комора потребна дискреција да ја процени севкупната способност и соодветноста на поединците за вршење на оваа правна професија. Оваа дискреција е од клучно значење за одржување на стандардите и етичките одговорности поврзани со практикувањето на правото. Оттаму, уставните одредби со кои е регулирана адвокатурата како самостојна и автономна, односно независна јавна служба со јавни овластувања, оди во поткрепа на автономијата на адвокатурата, самостојно да ја уредува својата внатрешна организација, правила на однесување и постапување.
Од анализата на наведениот член 67 став 2 од Статутот, кој е во насока да го дообјасни начинот на избор на оние кандидати за кои Законот пропишува дека во Именикот на адвокатите може да се запише лице, кое ги исполнува општите услови за засновање на работен однос во органите на државната управа, кое ужива углед и е достојно за вршење на адвокатската дејност.
Понатаму, наводите на подносителот дека „угледот“ како услов не бил пропишан ниту со Законот за Академија за судии и јавни обвинители, ни со Законот за извршување, ниту пак со Законот за нотаријат, треба да биде земен со резерва, бидејќи сепак, Законот за судскиот совет („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 102/2019) со одредбата од член 48 став 2 предвидел дека „Советот за судија ќе избере лице кое има највисоки стручни и професионални квалитети, кое ужива углед во вршењето на судиската функција, а врз основа на наведените критериуми од истата одредба“. Оттука, може да се утврди дека и на други законски прописи не им е туѓа категоријата „углед“ како услов за избор на определено звање или пристап до одредена функција.
Тргнувајќи од фактот дека со оспорената одредба од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија се регулира начинот на проверка на фактите од член 12 од Законот за адвокатура, а истовремено дава и можност со понизок акт да се определи дали лицето ужива углед, дали е достојно за вршење адвокатска дејност, вклучително од аспект на познавање на адвокатската етика регулирана во актите на Комората и дали врши работи кои се неспојливи со адвокатурата, Судот утврди дека оспорената одредба не е во спротивност на член 8 став 1 алинеи 1 и 3, член 23, член 32 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија, ниту на член 12 од Законот за адвокатурата, ниту на член 31 став 1 од Законот за административните службеници, односно на Законот за работните односи на кои се повикува подносителот.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд нa Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese
e Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.172/2023
Shkup, 20 dhjetor 2023
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 67 paragrafit 2 të Statutit të Odës së Avokatisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ numër 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023).
Arsyetim
I
Stevçe Stojanov nga fshati Konjarevë e Re, Strumicë, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i ka parashtruar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës së kontestuar të përcaktuar në dispozitiv të këtij aktvendimi.
Sipas parashtruesit të iniciativës, dispozita e kontestuar nuk është në përputhje me nenin 8 paragrafin 1 alinetë 1 dhe 3, nenin 23, nenin 32 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, me nenin 12 të Ligjit për avokati, me nenin 31 paragrafin 1 të Ligjit për nëpunësit administrativë, si dhe Ligjin për marrëdhëniet e punës.
Parashtruesi potencon se me rregullimin ligjor të akteve të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut cenohet parimi i sundimit të ligjit, sepse të gjitha organet shtetërore dhe Odat në Republikë janë të obliguara t’i respektojnë dispozitat pozitive ligjore, përkatësisht normat juridike. Kjo sidomos në pjesën nëse një person gëzon apo jo reputacion, që sipas parashtruesit nuk paraqet normë ligjore, por normë morale.
Si rrjedhojë, është fakt i njohur përgjithësisht se jo vetëm në shkencën juridike, por edhe në shkencën sociologjike, etnologjike, filozofike dhe në çdo shkencë tjetër shoqëroro-humaniste, nuk ka asnjë mënyrë ligjore dhe tjetër juridike për ta përcaktuar këtë, andaj prej andej Oda e Avokatëve e Republikës së Maqedonisë së Veriut ta shpërdorojë monopolin për dhënien e licencave të avokatit dhe arbitrarisht të mos i japë licencë për avokati një personi pavarësisht se i njëjti mund t’i plotësojë kushtet e përgjithshme dhe të veçanta dhe vetëm për shkak të kushtit se nuk gëzon një reputacion, diçka që as nuk mund dhe as mund t’i nënshtrohet rregullimit normativ.
Reputacioni, si normë morale, nuk mund të lidhet me dënimin e personit në aktet normative juridike, veçanërisht jo në nenin 67 paragrafin 2 të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sepse ligjvënësi edhe në Ligjin për avokati, Ligjin për nëpunës administrativë, si dhe Ligjin për marrëdhënie pune, parashikon qartë se një person, për të gjetur një vend pune ose për të mos i ndërprerë marrëdhëniet e punës, mund të dënohet edhe me dënim efektiv me burgim deri në gjashtë muaj. Në mënyrë të detyrueshme dhe kumulative parashikohet që të mos i shqiptohet masa e ndalimit të ushtrimit të profesionit, veprimtarisë dhe detyrës, e cila është plotësisht e justifikuar dhe e ligjshme.
Avokatia është funksion publik, prandaj kushti kumulativ që personi të gëzojë reputacion, diçka që nuk është normë juridike, por morale, është në kundërshtim me nenin 23 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Kushti që personi të gëzojë reputacion të mirë bie ndesh me nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sepse sipas Kushtetutës, Ligji për avokatinë dhe Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, funksioni publik i avokatit në Republikën e Maqedonisë së Veriut është profesionale dhe është e papajtueshme me kryerjen e një funksioni apo profesioni tjetër publik. Sipas rregulloreve pozitive juridike, kur një person në Republikën e Maqedonisë së Veriut bëhet avokat, ai konsiderohet i punësuar, gjegjësisht lidh menjëherë marrëdhënie të rregullt pune për një kohë të pacaktuar. Me kushtin e dispozitës së kontestuar, personi të gëzojë reputacion të mirë, atij mund t’i mohohet e drejta e garantuar me Kushtetutë për punë, siç parashihet në nenin 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas parashtruesit, në nenin 12 të Ligjit për avokatinë si lex specialis i cili e rregullon këtë çështje dhe i cili është cituar edhe në Statutin e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut, nuk kërkohet të gëzohet reputacioni për ushtrimin e profesioni ligjor. Nga aty, Ligji është akt juridik më i lartë se Statuti, andaj sipas tij Statuti duhet të jetë në përputhje me Kushtetutën dhe ligjet, prandaj në nenin 67 paragrafi 2 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonia e Veriut, ku një person kërkohet të gëzojë reputacion, në vetvete është antikushtetuese dhe e paligjshme, sepse nuk është në përputhje me aktin më të lartë juridik – Ligjin për avokatinë.
Gjithashtu, neni 12 i Ligjit për avokatinë, krahas kushteve të tjera parasheh që personi i regjistruar në Drejtorinë e avokatëve duhet të plotësojë edhe kushtet e përgjithshme për lidhjen e marrëdhënies së punës në organet e administratës shtetërore. E njëjta gjë është përcaktuar edhe në Ligjin për nëpunësit administrativë, ku në nenin 31 paragrafi 1 thuhet se cilat janë kushtet e përgjithshme për krijimin e marrëdhënies së punës, gjegjësisht të jesh shtetas i Republikës së Maqedonisë së Veriut, të përdorësh në mënyrë aktive gjuhën maqedonase të jesh në moshë madhore, të kesh aftësi të përgjithshme shëndetësore për vendin e punës dhe me vendim gjyqësor të plotfuqishëm të mos jetë i dënuar me ndalim të ushtrimit të profesionit, veprimtarisë ose detyrës.
Si rrjedhojë, kushti “reputacion” nuk është i paraparë në Ligjin për Akademinë për Gjykatës dhe Prokurorë Publikë, Ligjin për përmbarimin dhe as në Ligjin për noteriat. Që një person në Republikën e Maqedonisë së Veriut të bëhet gjykatës, prokuror publik, përmbarues apo noter, nuk kërkohet plotësimi i kushtit shtesë “reputacioni”, por vetëm plotësimi i kushteve të përgjithshme dhe të veçanta për krijimin e marrëdhënies së punës për atë vend, ku disa nga këto profesione madje kanë një rol shumë më të rëndësishëm në shoqëri sesa profesioni i avokatit, kështu që për këtë qytetarët vendosen në pozitë të pabarabartë dhe cenohet parimi i sundimit të së drejtës.
II
Gjykata në seancë konstatoi se me nenin kontestues 67 paragrafin 2 të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023) parashikohet se “Para miratimit të vendimit për aplikimin për pranim, Komisioni për pranim do të kryej kontrolle në mënyrë të përshtatshme për faktet nga neni 12 i Ligjit për avokatinë dhe nëse personi gëzon një reputacion të mirë, a është ai i denjë për të ushtruar avokatinë, përfshirë edhe nga aspekti i njohjes së etikës së avokatit të rregulluar në aktet e Odës dhe nëse kryen punë që nuk përkon me avokatinë”.
III
Në bazë të nenit 8 paragrafit 1 alinetë 1 dhe 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit të njohura në të drejtën ndërkombëtare dhe të përcaktuara me Kushtetutë, si dhe sundimi i së drejtës.
Neni 23 i Kushtetutës parashikon se çdo qytetar ka të drejtë të marrë pjesë në kryerjen e funksioneve publike.
Neni 32 i Kushtetutës përcakton se kushdo ka të drejtën e punës, zgjedhjen e lirë të punës, mbrojtjen gjatë punës dhe sigurimin material gjatë papunësisë së përkohshme. Çdo punë është e disponueshme për të gjithë, në kushte të barabarta. Çdo i punësuar e ka të drejtën për të ardhura të përkatëse. Çdo i punësuar ka të drejtën e pushimit të paguar ditor, javor dhe vjetor. Punonjësit nuk mund të heqin dorë nga këto të drejta. Ushtrimi i të drejtave të punonjësve dhe pozicioni i tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Neni 51 i Kushtetutës përcakton se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Në bazë të nenit 53 të Kushtetutës, avokatia është shërbim publik autonom dhe i pavarur që ofron ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike në përputhje me ligjin.
Me Ligjin për avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 199/2023), përmes nenit 12, parashihet se personi i cili i plotëson kushtet e përgjithshme për krijimin e marrëdhënies së punës në organet e administratës shtetërore, i cili gëzon një reputacion të mirë dhe është i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit dhe i plotëson kushtet e mëposhtme:
– të jetë shtetas i Republikës së Maqedonisë së Veriut ose se të jetë shtetas i një shteti që është anëtar i Bashkimit Evropian,
– të jetë në gjendje të punojë,
– të ketë diplomë universitare për jurist të diplomuar në Republikën e Maqedonisë së Veriut me arsim të lartë katërvjeçar të përfunduar në studimet juridike VII/1 ose me 300 kredi sipas Sistemit Evropian të Transferimit të Kredive (EKTS) ose diplomë të certifikuar nga një fakultet juridik nga jashtë,
– të flasë në mënyrë aktive gjuhën maqedonase,
– të ketë dhënë provimin e jurisprudencës në Republikën e Maqedonisë së Veriut,
– me vendim të plotfuqishëm gjykate se nuk është dënuar me burgim pa kushte për një periudhë mbi gjashtë muaj dhe se nuk i është shqiptuar ndalim i ushtrimit të profesionit, veprimtarisë apo detyrës, gjatë kohëzgjatjes së sanksionit,
– të mos jetë në marrëdhënie pune,
– të mos kryejë punë që nuk kanë pika të përbashkëta me avokatinë,
– që funksioni i tij si gjykatës, prokuror publik, avokat i shtetit ose zëvendës, avokat i popullit ose zëvendës, zyrtar i zgjedhur ose i emëruar përkatësisht nuk i ka përfunduar marrëdhënia e punës si nëpunës shtetëror, noter, zëvendës ose ndihmës noter, përmbarues ose zëvendëspërmbarues, përfundoi me vendim të plotfuqishëm në një procedurë gjyqësore, disiplinore ose procedurë tjetër që përcakton përgjegjësinë në kryerjen e funksioneve ose shërbimeve deri në kalimin e pesë viteve nga përfundimi i vendimeve dhe
– të dorëzojë dëshmi për trajnimin fillestar të kryer në Qendrën për Edukim pranë Odës së Avokatëve.
Në nenin 5 të Ligjit, autonomia dhe pavarësia e profesionit të avokatit si shërbim publik realizohet me ushtrimin e lirë dhe të pavarur të veprimtarisë së avokatisë, zgjedhjen e lirë të avokatit, organizimin e avokatëve në Odën e Avokatëve dhe financimin e saj, miratimin autonom të akteve për punën e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë dhe organet e saj dhe regjistrimin dhe fshirjen nga Lista emërore e avokatëve, Lista emërore e shoqërive të avokatëve, Lista emërore e avokatëve të huaj, Lista emërore e shoqatave të huaja të avokatëve, Lista emërore e bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve, Lista emërore e praktikantëve të avokatëve dhe miratimi i Kodit të etikës së avokatisë.
Sipas nenit 34 paragrafit 2 pikës 6 të Ligjit, Oda e Avokatëve e Republikës së Maqedonisë së Veriut miraton akte të Odës.
Neni 37 i Ligjit përcakton se Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut rregullon në veçanti: fushëveprimin, organizimin dhe punën e organeve të Odës, mënyrën dhe procedurat e regjistrimit në Listën emërore të avokatëve, Listën emërore të shoqërive të avokatëve, Listën emërore të avokatëve të huaj, Listën emërore të shoqërive të huaja juridike, Listën emërore të bashkëpunëtorëve profesionistë juridikë dhe Listën emërore të praktikantëve ligjorë, organet që udhëheqin procedimin disiplinor dhe juridiksionin e tyre dhe procedurat për dhënien e masave disiplinore, aktet dhe procedurat për miratimin e tyre, udhëheqjen e Listës emërore të avokatëve, Listën emërore të shoqërive të avokatisë, Listën emërore të avokatëve të huaj, Listën emërore të shoqërive të huaja të avokatëve, Listën emërore të bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatisë dhe Listën emërore të praktikantëve të avokatisë dhe të drejtat dhe detyrat e avokatëve, bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatisë dhe praktikantëve të avokatisë, si dhe dispozitat për sigurimin avokatëve kundër përgjegjësisë për dëmet.
Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” me numër 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 dhe “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 95/2019, 54/2023 dhe 142/2023.
Neni 1 i Statutit rregullon autorizimet publike, fushëveprimin, organizimin dhe punën e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (në tekstin e mëtejmë Oda), organeve dhe trupave të saj, aktet e përgjithshme dhe procedurat për miratimin e tyre, mënyra dhe procedurat e pranimit, regjistrimit dhe fshirjes nga Lista emërore e avokatëve, Lista emërore e Shoqërive të avokatëve, Lista emërore e bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatisë dhe Lista emërore e praktikantëve të avokatisë, të drejtat dhe detyrat e avokatëve, bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatisë dhe praktikantëve të avokatisë, procedurat për dhënien dhe heqjen e licencave , procedurat për dhënien e provimit të avokatisë, kushtet për sigurimin e përgjegjësisë së avokatëve dhe shoqërisë së avokatëse ndaj dëmit, financimi i Odave dhe çështje të tjera.
Sipas nenit 33 të Statutit, aktet e përgjithshme të Odës janë: Statuti i Odës, Kodi i Etikës së Avokatit, Tarifa për shpërblimet dhe kompensimi i shpenzimeve të avokatëve, Rregullorja për përgjegjësinë disiplinore, Rregullorja e punës për organet dhe trupat e Odës, rregulloret dhe vendimet dhe aktet e tjera që kanë karakter të akteve të përgjithshme.
Sipas nenit 34 të Statutit, aktet e Odës duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, Ligjin për avokatinë dhe ligje të tjera.
Nga analiza e dispozitave të përmendura kushtetuese, ligjore dhe statutore, në kundërshtim me ato të parashtruara në iniciativë, Gjykata konstatoi se ato janë të pabazuara për disa arsye.
Si rrjedhojë, termi imazh apo reputacion si pjesë e konceptit të dinjitetit njerëzor nuk i nënshtrohet standardizimit të saktë përmes të cilit do të përcaktohej me siguri ose konsistencë një sjellje e caktuar. Mirëpo, i njëjti nuk duhet të paraqitet si i palejueshëm, e aq më pak si kusht inekzistent për plotësimin e kualifikimeve të caktuara profesionale.
Nëse reputacioni si parim ligjor formulohet në atë mënyrë që secilit i lejohet ta interpretojë atë individualisht, dhe veçanërisht kur reputacioni thirret në një mjedis ligjor, atëherë parimi i reputacionit nuk do të jetë në përputhje me standardet bazë të sundimit të së drejtës, gjë që do t’u japë arsye atyre që kritikojnë parimin e reputacionit, ta interpretojnë atë si të pakuptimtë dhe potencialisht të dëmshëm në një mjedis ligjor.
Në lidhje me integritetin dhe etikën profesionale, kërkesa e një personi për të pasur një reputacion është thelbësore për ruajtjen e integritetit dhe standardeve etike të profesionit juridik. Profesioni i avokatit shpesh përfshin një nivel të lartë besimi dhe reputacioni i avokatëve mund të ndikojë ndjeshëm në besimin e publikut në sistemin ligjor. Në lidhje me praktikat historike në kuadrin e profesionit juridik, kushti për imazh dhe reputacion të mirë është një traditë e kahershme dhe e rrënjosur në zhvillimin historik të etikës juridike.
Konkretisht, nga dispozitat e cituara kushtetuese dhe ligjore, shihet se autonomia dhe pavarësia e Odës së Avokatëve për rregullimin e brendshëm dhe bartjen e akteve të Odës është funksionalizuar me nenin 53 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, përmes nenit 5 të Ligjit për avokatinë. Sipas kësaj, Ligji për avokatinë i jep të drejtë Odës së avokatëve që në mënyrë të pavarur dhe autonome t’i kryejë aktet e veta në përputhje me Statutin, Rregulloren e punës, si dhe vetë Kodin e etikës së avokatëve.
Oda e avokatisë ka kompetencë të bartë akte të Odës që e rregullojnë mënyrën e funksionimit të saj, si dhe mënyrën e pranimit të kandidatëve për regjistrim në Listën emërore të avokatëve, si dhe të kujdeset për imazhin e avokatisë.
Neni 12 i Ligjit për Avokatinë parashikon kushtet në të cilat mund të regjistrohet në Listën emërore të avokatëve personi i cili i plotëson kushtet e përgjithshme për punësim në organet e administratës shtetërore, gëzon reputacion dhe është i denjë për ushtrimin e profesionit të avokatit. Njëkohësisht, e njëjta dispozitë parashikon kushte shtesë që duhet të plotësojë personi që pretendon të jetë i regjistruar në Listën emërore të avokatëve.
Sipas nenit 12 paragrafi 1 i Ligjit për avokatinë, është paraparë se personi që dëshiron të regjistrohet në Listën emërore të avokatëve duhet “të gëzojë reputacion të mirë” dhe të jetë “i denjë për të ushtruar profesionin e avokatit”.
Përkatësisht, dispozita e kontestuar e nenit 67 paragrafi 2 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut është dispozitë e cila bazohet në dispozitën e cituar ligjore dhe paraqet vetëm shtjellimin e mëtutjeshëm të saj. Në një situatë ku kushtet e përcaktuara me ligj nuk kontrollohen, një detyrim i tillë ligjor do të përfaqësonte një detyrim bosh, përkatësisht një kusht që nuk do të ishte i verifikueshëm. Nisur nga fakti se vetë Kushtetuta, nëpërmjet nenit 53, parashikonte se avokatia është një shërbim autonom dhe i pavarur, dhe sigurisht që verifikimi i ekzistencës së këtyre dy kushteve për pranim në avokatinë, të përcaktuara me ligj, i përkasin Odës së avokatëve. Megjithatë, nuk mund të pritet që ndonjë autoritet tjetër të kryejë një kontroll të tillë.
Pavarësia e avokatisë reflektohet edhe në faktin se ajo vetë bën regjistrim në Listën emërore të avokatëve dhe për të njëjtën kontrollon në kohë nëse janë plotësuar kushtet ligjore, të cilat janë të vendosura në nenin 12 të Ligjit për avokati. Që këtu, Statuti i Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut nuk parasheh kushte të reja për pranim në avokatinë, përtej atyre të përcaktuara me Ligjin për avokatinë.
Në lidhje me ligjin, Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut lëshon licenca dhe kujdeset për reputacionin e kandidatit, gjë që i jep Odës së Avokatëve diskrecionin e nevojshëm për të vlerësuar aftësinë dhe përshtatshmërinë e përgjithshme të individëve për të ushtruar këtë profesion ligjor. Ky diskrecion është thelbësor për ruajtjen e standardeve dhe përgjegjësive etike që lidhen me praktikën e së drejtës. Si rrjedhojë, dispozitat kushtetuese që rregullojnë profesionin e avokatit si të pavarur dhe autonom, përkatësisht një shërbim publik i pavarur me kompetenca publike, shkojnë në mbështetje të autonomisë së avokatisë, i cili rregullon në mënyrë të pavarur organizimin e tij të brendshëm, rregullat e sjelljes dhe veprimit.
Nga analiza e nenit 67 paragrafit 2 të Statutit të lartpërmendur, i cili ka për qëllim shpjegimin e mënyrës së përzgjedhjes së atyre kandidatëve për të cilët Ligji parasheh që në Listën emërore të avokatëve mund të futet personi i cili i plotëson kushtet e përgjithshme për themelimin e marrëdhënies së punës së Avokatëve në organet e administratës shtetërore, e cila gëzon reputacion dhe është e denjë për të ushtruar profesionin e avokatit.
Më tej, pretendimet e parashtruesit se “reputacioni” si kusht nuk është paraparë as me Ligjin për Akademinë për Gjykatës dhe Prokurorë Publikë, as me Ligjin për Përmbarim dhe as me Ligjin për Noterinë, duhet të merret me rezervë, pasi Ligji për Këshillin Gjyqësor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 102/2019) me dispozitat e nenit 48 paragrafi 2 parashikon se “Këshilli do të zgjedhë personin që ka aftësitë më të larta profesionale dhe cilësitë profesionale, i cili gëzon reputacion në kryerjen e funksionit gjyqësor, dhe në bazë të kritereve të përmendura nga e njëjta dispozitë”. Prandaj, mund të konstatohet se rregulloret e tjera ligjore nuk kanë një kategori tjetër të “reputacionit” si kusht për zgjedhjen në një titull specifik ose qasje në funksione të caktuara.
Duke u nisur nga fakti se dispozita e kontestuar e Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut rregullon mënyrën e verifikimit të fakteve nga neni 12 i Ligjit për avokatinë dhe në të njëjtën kohë jep mundësinë me një akt më të ulët të vendosë nëse një person gëzon një reputacion, nëse ai është i denjë për ushtrimin e ligjit, duke përfshirë aspektin e njohjes së etikës së avokatit të rregulluar në aktet e Odës dhe nëse ai kryen punë që nuk kanë pika të përbashkëta me avokatinë, gjykata konstatoi se dispozita e kontestuar nuk bie ndesh me nenin 8, paragrafin 1, alinetë 1 dhe 3, nenin 23, nenin 32 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, as me nenin 12 të Ligjit për avokatinë, as me nenin 31 paragrafin 1 të Ligjit për nëpunësit administrativë, gjegjësisht të Ligjit për marrëdhëniet e punës të cilit i referohet parashtruesi.
IV
Në bazë të lartpërmendurës Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska