Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.71/2023
У.бр.72/2023
У.бр.113/2023
Скопје, 14.12.2023 год.
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу и д-р Дарко Костадиновски, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 14 декември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката („Службен весник на Социјалистичка Република Македонија“, број 36/90 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 23/97, 37/05, 84/05, 121/07, 161/08, 92/09, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 51/23 и 65/23).
Образложение
I
Славица Илиева од Виница и Здружението на граѓани „Заштита од дискриминација за давање правна помош на дискриминирани лица Виница“, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесоа иницијативи кои имаат иста содржина, за поведување постапка за оценување на уставноста на член 11 од Законот означен во диспозитивот на ова решение.
Според наводите во иницијативите, член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, е противуставен и дискриминаторски во однос на пресметката на платата и другите надоместоци на другите граѓани како лица во работен однос и тоа во соодветна институција, односно не ги става во еднаква положба во правата во однос на другите граѓани, иако во преамбулата на Уставот, Република Северна Македонија е поставена како социјална држава, а со тоа е спротивен на членовите 1 и 9 од Уставот.
Во иницијативите се наведува дека согласно оспорениот член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, основицата за пресметување на платата е просечната месечно исплатена нето-плата по вработен во Републиката за претходната година според податоците на Државниот завод за статистика.
Понатаму, се наведува дека ваквата законска одредба става во привилегирана положба еден дел од граѓаните иако и тие земаат плата од истата институција во која работат и земаат плата останатите вработени, судски службеници во судовите каде работат заедно со судиите, јавнообвинителските службеници кои работат заедно со јавните обвинители, вработените административци кои работат во соодветното министерство заедно со министрите итн.
Според наводите во иницијативите, иако Уставот пропишува дека граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, со ваквото законско решение односно со начинот на пресметка и исплата на платата одредена група на граѓани се привилегирани, а други дискриминирани.
Во продолжението на иницијативите се цитираат членови од неколку закони во кои се пропишува начинот на пресметка на платите во институциите на Републиката, и тоа Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата.
Во таа насока се наведува дека во овие закони при пресметка на платата како основна компонента се зема минималната плата, што било различно од оспорената одредба во која се пропишува дека во начинот на пресметка на платата се зема предвид просечната плата.
Имајќи ги предвид наведените причини, иницијаторите бараат Уставниот суд да поведе постапка за оцена на уставноста на оспорената одредба, и истата да ја укине.
II
На седницата Судот утврди дека со член 11 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се пропишува дека основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
III
Според член 8 став 1 алинеи 1 и 3 од Уставот на Република Северна Македонија, основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот и владеењето на правото се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно член 9 од Уставот се предвидува дека граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Согласно член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективен договор.
Со член 51 од Уставот се гарантира дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 110 алинеја 1 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Со член 1 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката, право на плата во месечен износ за вршење на функцијата имаат претседателот на Република Македонија, носителите на јавна функција избрани од редот на пратениците, носителите на јавна функција кои ги избира или кои ги именува Собранието, носителите на јавна функција кои ги именува претседателот на Република Македонија и кои ги именува Владата на Република Македонија. Право на плата во месечен износ за вршење на работите и задачите имаат раководните работници кои ги назначува претседателот на Република Македонија или телото што тој ќе го овласти, надлежното тело на Собранието и Владата.
Во главата III од истиот закон, под наслов „Обезбедување и распределба на средства за плата“, во член 8 е предвидено дека средствата за платите на носителите на јавна функција се обезбедуваат зависно од општественото значење и вредноста на работите и задачите што ги вршат и од сложеноста, обемот и вкупниот придонес што функционерот со својот труд го дава во остварувањето на правата и должностите на органот во кој ја врши функцијата.
Согласно член 10 од Законот, се предвидува дека платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на платите се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство. Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува за процентот утврден за работно искуство од 0,5 % за секоја започната година работен стаж, а најмногу 20%.
Со оспорениот член 11 од Законот, се уредува дека основица за пресметување на платата е просечната исплатена месечна плата по вработен во Републиката за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Имајќи ги предвид цитираните уставни и законски одредби, јасно е дека намерата на законодавецот била да постои посебен закон lex specialis, кој како предмет на уредување ќе ги има платите и надоместоците на една посебна категорија на лица, како што се избраните и именуваните лица. Следствено, ова претпоставува и поинакво уредување на пресметката на платата и надоместоците кај избраните и именуваните лица, односно носителите на јавна функција и раководните работници, коешто, согласно Законот, зависи од општественото значење и вредноста на работите и задачите што ги вршат и од сложеноста, обемот и вкупниот придонес што со својот труд го даваат во остварувањето на правата и должностите на органот во кој ја вршат функцијата.
Нема сомнение дека законодавецот има уставно овластување да ги уредува општествените односи, односно да ги определува правата и обврските на граѓаните, а во тие рамки да ги утврдува и правата на носителите на јавните функции во Република Северна Македонија, вклучително и нивната плата, што законодавецот и го сторил со донесување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.
Определувањето на начинот на пресметување на висината на платата на избраните и именуваните лица неспорно претставува законска материја и во таа смисла законодавецот е тој што определува дали основицата ќе се пресметува врз основа на остварената просечна плата, или пак во самиот закон ќе ја утврди висината на основицата во фиксен износ.
Имено, за повреда на член 9 став 2 од Уставот може да стане збор кога граѓаните кои се наоѓаат во иста правна ситуација се ставени во нееднаква положба, што овде не е случај.
Во оваа смисла, и врз основа на изложеното не станува збор за воспоставување на привилегирана положба на носителите на јавна функција и раководните лица во однос на останатите вработени во јавниот сектор, туку се утврдува начинот на пресметка на нивната плата.
Имајќи ги предвид изнесените уставни и законски одредби и врз основа на уставно-судската анализа на оспорената одредба, Судот оцени дека истата не може да се доведе под сомнение за несогласност со Уставот од аспект на наводите во иницијативите.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr. 71/2023
U.nr. 72/2023
U.nr. 113/2023
Shkup, 14.12.2023
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu dhe dr. Darko Kostadinovski, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 14 dhjetor 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 11 të Ligjit për paga dhe kompensime të tjera të deputetëve të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe të emëruar në Republikën (“Gazeta Zyrtare e RSM”, numër 36/ 90 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 38/91, 23/97, 37/05, 84/05, 121/07, 161/08, 92/09, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 dhe 233/18 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ numër 51/23 dhe 65/23).
Arsyetim
I
Sllavica Ilieva nga Vinica dhe Shoqata civile “Mbrojtja nga diskriminimi për dhënien e ndihmës juridike personave të diskriminuar Vinicë” në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut parashtruan iniciativë me të njëjtën përmbajtje, për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 11 të Ligjit të shënuar në dispozitivin e këtij aktvendimi.
Sipas pohimeve në iniciativë, neni 11 i Ligjit për paga dhe kompensime tjera të deputetëve të Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe emëruar në Republikë, është antikushtetues dhe diskriminues në lidhje me llogaritjen e pagave dhe kompensimeve të tjera të qytetarëve të tjerë si persona në marrëdhënie pune dhe atë në një institucion përkatës, pra nuk i vendos në pozitë të barabartë për sa i përket të drejtave në raport me qytetarët e tjerë, edhe pse në preambulën e Kushtetutës, Republika e Maqedonisë së Veriut është vendosur si shtet social dhe për këtë arsye është në kundërshtim me nenet 1 dhe 9 të Kushtetutës.
Në iniciativat thuhet se në pajtim me nenin 11 kontestues të Ligjit për paga dhe kompensime tjera të deputetëve të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe të emëruar në Republikë, bazë për llogaritjen e pagës është paga mesatare mujore neto e paguar për të punësuar në Republikë për vitin paraardhës sipas të dhënave të Entit Shtetëror për Statistikë.
Më tej, thuhet se një dispozitë e tillë ligjore vë në pozitë të privilegjuar një pjesë të qytetarëve edhe pse marrin pagë nga i njëjti institucion në të cilin punojnë dhe marrin pagë nga pjesa tjetër e të punësuarve, nëpunës gjyqësorë në gjykatat ku punojnë së bashku me gjykatësit, nëpunësit e prokurorisë publike që punojnë së bashku me prokurorët publikë, të punësuarit administrativë që punojnë në ministrinë përkatëse së bashku me ministrat etj.
Sipas pretendimeve në iniciativat, edhe pse Kushtetuta përcakton se qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve, me këtë zgjidhje ligjore, respektivisht me mënyrën e llogaritjes dhe pagesës së pagave, privilegjohen një grup i caktuar i qytetarëve dhe të tjerët janë të diskriminuar.
Në vazhdim të iniciativave citohen nene të disa ligjeve në të cilat përcaktohet mënyra e llogaritjes së pagave në institucionet e Republikës, përkatësisht Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për shërbimin gjyqësor, Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e ligjit për shërbimin e Prokurorinë Publike, Ligji për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për mbrojtjen e fëmijëve.
Në atë drejtim, thuhet se në këto ligje, me rastin e llogaritjes së pagës, si komponent bazë merret paga minimale, e cila ishte e ndryshme nga dispozita e kontestuar, ku përcaktohet se në mënyrën e përllogaritjes së pagës merret parasysh paga mesatare.
Duke pasur parasysh arsyet e cekura, iniciatorët kërkojnë që Gjykata Kushtetuese të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së dispozitës së kontestuar dhe ndërprerjen e saj.
II
Gjykata në seancë konstatoi se me nenin 11 të Ligjit për paga dhe kompensimet tjera të deputetëve të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe të emëruar në Republikë përcaktohet se bazë për llogaritjen e pagës është paga mesatare e paguar mujore për të punësuar në Republikë për vitin e kaluar, sipas të dhënave të Entit Shtetëror për Statistikë.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alinetë 1 dhe 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, liritë dhe të drejtat themelore të njeriut dhe qytetarit të pranuara me të drejtën ndërkombëtare dhe të përcaktuara me Kushtetutën dhe sundimin e së drejtës janë vlera themelore të rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në pajtim me nenin 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pa marrë parasysh gjininë, racën, ngjyrën e lëkurës, origjinën kombëtare dhe shoqërore, besimin politik dhe fetar, pozitën pronësore dhe shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 32 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, realizimi i të drejtave të punëtorëve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe marrëveshje kolektive.
Me nenin 51 të Kushtetutës garantohet se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 110 paragrafi 1 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.
Me nenin 1 të Ligjit për paga dhe kompensime të tjera të deputetëve të Kuvendit të Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe emëruar në Republikë, të drejtë page në shumë mujore për kryerjen e funksionit kanë Presidenti i Republikës së Maqedonisë, bartësit e funksioneve publike të zgjedhur nga radhët e deputetëve, bartësit e funksioneve publike të zgjedhur ose emëruar nga Kuvendi, bartësit e funksioneve publike të emëruar nga Presidenti i Republikës së Maqedonisë dhe të emëruar nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë. Të drejtë page në shumë mujore për kryerjen e punëve dhe detyrave kanë të punësuarit udhëheqës të emëruar nga Presidenti i Republikës së Maqedonisë ose organi i autorizuar nga ai, organi kompetent i Kuvendit dhe i Qeverisë.
Në kreun III të të njëjtit ligj, me titull “Sigurimi dhe shpërndarja e fondeve të pagave”, në nenin 8 parashikohet që fondet për pagat e bartësve të funksioneve publike sigurohen në varësi të rëndësisë dhe vlerës shoqërore të punëve dhe detyrave që i kryejnë dhe nga ndërlikueshmëria, vëllimi, dhe kontributi i përgjithshëm që jep funksionari me punën e tij në realizimin e të drejtave dhe detyrave të organit në të cilin kryen funksionin.
Në pajtim me nenin 10 të ligjit, parashikohet që paga e funksionarit dhe të punësuarit udhëheqës caktohet në atë mënyrë që baza për llogaritjen e pagave të shumëzohet me koeficientin e përcaktuar dhe të rritet me përqindjen për përvojën e punës. Përvoja e punës vlerësohet në atë mënyrë që paga mujore të rritet me përqindjen e përcaktuar për përvojën e punës 0,5% për çdo vit përvojë pune të filluar dhe maksimumi 20%.
Me nenin 11 të kontestuar të ligjit, rregullohet se bazë për llogaritjen e pagës është paga mesatare e paguar mujore për të punësuar në Republikë për vitin paraprak, sipas të dhënave të Entit Shtetëror për Statistikë.
Duke marrë parasysh dispozitat kushtetuese dhe ligjore të cituara, është e qartë se qëllimi i ligjvënësit ka qenë që të ekzistojë një ligj i veçantë lex specialis, i cili si lëndë rregullimi do t’i ketë pagat dhe kompensimet e një kategorie të veçantë personash, si që janë personat e zgjedhur dhe të emëruar, Rrjedhimisht, kjo presupozon një rregullim të ndryshëm të përllogaritjes së pagave dhe kompensimeve për personat e zgjedhur dhe të emëruar, gjegjësisht bartës të funksioneve publike dhe të punësuar udhëheqës, që sipas ligjit varet nga rëndësia shoqërore dhe vlera e punës dhe detyrave që ata kryejnë dhe nga ndërlikueshmëria, vëllimi dhe kontributi total që ata japin me punën e tyre në realizimin e të drejtave dhe detyrave të organit në të cilin kryejnë funksionin e tyre.
Nuk ka dyshim se ligjvënësi ka kompetencë kushtetuese për rregullimin e marrëdhënieve shoqërore, gjegjësisht për përcaktimin e të drejtave dhe detyrimeve të qytetarëve dhe në ato suaza t’i përcaktojë edhe të drejtat e bartësve të funksioneve publike në Republikën e Maqedonisë së Veriut, përfshirë edhe pagën e tyre, që ligjvënësi edhe këtë e bëri me miratimin e Ligjit për paga dhe kompensime të tjera të deputetëve në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë dhe personave të tjerë të zgjedhur dhe të emëruar në Republikë.
Përcaktimi i mënyrës së llogaritjes së lartësisë së pagës së personave të zgjedhur dhe të emëruar është padiskutim materie ligjore dhe në këtë kuptim ligjvënësi është ai që përcakton nëse baza do të llogaritet në bazë të pagës mesatare të arritur ose do të përcaktojë shumën e bazës në vetë ligjin në një shumë të caktuar.
Gjegjësisht, për shkeljen e nenit 9 paragrafi 2 të Kushtetutës mund të flitet kur qytetarët që janë në të njëjtën situatë juridike vendosen në pozitë të pabarabartë, gjë që nuk është në këtë rast.
Në këtë kuptim, dhe nisur nga sa më sipër, nuk bëhet fjalë për vendosjen e një pozite të privilegjuar të bartësve të funksioneve publike dhe personave udhëheqës në raport me të punësuarit tjerë në sektorin publik, por përcaktohet mënyra e llogaritjes së pagës së tyre.
Duke marrë parasysh dispozitat kushtetuese dhe ligjore të paraqitura dhe bazuar në analizën kushtetuese-gjyqësore të dispozitës kontestuese, Gjykata vlerësoi se ajo nuk mund të vihet në dyshim për mospërputhje me Kushtetutën nga aspekti i pretendimeve në iniciativë.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska