Студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во посета на Уставниот суд

Дваесетина студенти од Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа го посетија Уставниот суд на Република Северна Македонија. Студентите се запознаа со надлежностите и улогата на Судот, кадровските капацитети и неколку практични примери во работењето на Уставниот суд.

Се интересираа за начинот на кој се носат одлуките, изборот на уставни судии и спроведувањето на одлуките на Уставниот суд во праксата. 

Студентите придружувани од професорот Блертон Синани се информираа за сите прашања поврзани со Судот од Секретарот Александар Лазов и портпаролката Христина Беловска. 

Во рамки на нивната посета имаа можност да направат обиколка во Уставниот суд и да се запознаат со условите за работа на вработените од стручната служба во Судот. 

Посетата се реализираше на 19.12.2023 година во просториите на Уставниот суд.