У.бр.74/2022


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.74/2022
Скопје,18 октомври 2023 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 18 октомври 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022).

Образложение

I

Игорчо Точев од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на прописот означен во диспозитивот на ова решение.

Подносителот на иницијативата ги цитира член 52 став 4 од Уставот, како и членовите 89 и 90 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ бр.99/2022) и наведува дека од содржината на оспорената одредба е видно дека за одредбата од член 40 став 3 од тој закон, а со кој се дополнува член 51 став 1 со нова алинеја 11 ќе започне да се применува од 1 јануари 2022 година со што се воспоставува ретроактивна примена, односно повратно дејство на одредбата и кое нешто не би било спорно доколку за тоа постојат позитивни импликации за граѓаните, односно кога тоа е поповолно за граѓаните.

Поради сето горенаведено, подносителот на иницијативата предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорениот член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022), по што истиот да се укине како спротивен на член 52 став 4 од Уставот.

II

На седницата Судот утврди дека член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија” број 99/2022) предвидува дека одредбата од член 40 став 3 од овој закон со која се дополнува член 51 став 1 со нова алинеја 11 ќе започне да се применува од 1 јануари 2022 година.

III

Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија, законите морат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според член 52 став 1 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, согласно став 2 од истиот член. Законите и другите прописи се објавуват во „Службен весник на Република Северна Македонија“ најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување додека во став 4 е предвидено дека законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

Согласно член 110 став 1 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот.

Во член 3 став 1 точка 8 од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр.136/2012, 25/2013, 93/2013, 132/2013, 44/2013, 160/2014, 129/2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019,103/2020,99/2020 и 129/2023) е предвидено дека експлоатација на минералните суровини е активност утврдена со рударски проекти на добивање, односно ослободување на минералните суровини од нивната природна состојба вклучувајќи ги подготвителните, придружните и последователните активности поврзани со добивањето на минералните суровини.

Со оспорениот член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кој е донесен и објавен во „Службен весник на Репуб­лика Северна Македонија“ бр.99/2022 на 21 април 2022 година, се уредува одложената примена на член 40 став 3 од овој закон која се предвидува да започне со примена од 1 јануари 2022 година.

Во член 40 став 3 од Законот, со кој се надополнува член 51 став 1 со нова алинеја 11 од Законот за минерални суровини се предвидува дека Владата еднострано ќе го раскине договорот за концесија за експлоатација во случај кога концесионерот експлоатира помалку од 20 проценти од предвидената количина на минерална суровина согласно со главниот рударски проект во текот на една година, освен доколку концесионерот достави образложение за причината за намалената експлоатација.

Од анализата на член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини кој се оспорува vis a vis наводите во иницијативата, произлегува дека истиот не може да се доведе под сомнение по однос на член 52 став 4 од Уставот, од причини што во конкретната ситуација содржината на оспорениот член нема повратно дејство, бидејќи уставното начело за забрана на повратното дејство на законите значи забрана на примена на законите во правни ситуации и односи што настанале пред нивното влегување во сила, односно законите дејствуваат само врз нивните правни ситуации и односи што настануваат по нивното влегување во сила. Исклучок од ова уставно начело е ако повратното дејство на законот е поповолно за граѓаните.

Имајќи ја предвид содржината на член 40 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини со кој се надополнува член 51 став 1 со нова алинеја 11 од Законот за минерални суровини од аспект на времето на донесување и периодот на неговата примена, произлегува дека законодавецот предвидел можност засегнатите страни на крајот на годината да достават образложени причини за намалената експлоатација, односно експлоатација помалку од 20 проценти од предвидената количина на минералната суровина. Ваквото уредување на оспорената одредба ѝ дава карактер на одредба која уредува односи коишто се во тек. Токму ова упатува на констатација дека во конкретниот случај станува збор за односи во тек, односно на односи кои започнале пред влегување во сила на оспорената одредба, но кои сè уште траат со што не може да се прифати тврдењето во иницијативата дека оспорената одредба има повратно дејство и со истата се повредува член 52 став 4 од Уставот.

Имено, една норма има повратно дејство ако истата се однесува на односи кои се завршени пред влегувањето во сила на таа норма, а нема повратно дејство ако нормата регулира незавршени односи или односи кои се во тек како што е во конкретниот случај.

Оттука, Судот оцени дека со оспорената одредба не се пропишува повратно дејство на Законот кое е понеповолно за граѓаните, како што се наведува во иницијативата, поради што не може да се доведе во прашање согласноста на оспорениот член 89 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини со член 52 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U. nr. 74/2022
Shkup,18 tetor 2023

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 18 tetor 2023, miratoi

A K T V E N D I M

NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 89 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022).

Arsyetim

I

Igorço Toçev nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë për rregullimin e dhënë në diapozitivin e këtij aktvendimi.

Parashtruesi i iniciativës i citon nenin 52 paragrafin 4 të Kushtetutës, si dhe nenet 89 dhe 90 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 99/2022 ) dhe thekson se nga përmbajtja e dispozitës së kontestuar është e qartë se dispozita nga neni 40 paragrafi 3 i këtij ligji, me të cilin neni 51 paragrafi 1 plotësohet me një aline të re 11, do të fillojë të zbatohet nga 1 janari 2022, i cili përcakton zbatim retroaktiv, përkatësisht efekt prapaveprues të dispozitës dhe e cila gjë nuk do ishte kontestuese nëse për atë do të kishte implikime pozitive për qytetarët, përkatësisht kur kjo është më e favorshme për qytetarët.

Për këtë që u tha më sipër, parashtruesi i iniciativës propozon që Gjykata të iniciojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit të kontestuar 89 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022), pas së cilës i njëjti të shfuqizohet në kundërshtim me nenin 52 paragrafin 4 të Kushtetutës.

II

Gjykata në seancë konstatoi se në nenin 89 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 99/2022) është përcaktuar se dispozita e nenit 40 paragrafi 3 i këtij Ligji me të cilin plotësohet neni 51 paragrafi 1 me një aline të re 11 do të hyjë në fuqi më 1 janar 2022.

III

Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 52 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet dhe rregullat e tjera shpallen para se të hyjnë në fuqi, në bazë të paragrafit 2 të të njëjtit nen. Ligjet dhe rregullat e tjera shpallen në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”, më së voni brenda afatit prej shtatë ditësh nga dita e miratimit të tyre, ndërsa në paragrafin 4 është paraparë se ligjet dhe rregullat e tjera nuk mund të kenë efekt prapaveprues, përveç me përjashtim, në rastet kur kjo është më e favorshme për qytetarët.

Në bazë të nenit 110 paragrafi 1 alineja 1 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën.

Në nenin 3 paragrafi 1 pika 8 e Ligjit për lëndë të para minerale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 136/2012, 25/2013, 93/2013, 132/2013, 44/2013, 160/2014, /2015, 192/2015, 39/2016, 53/2016, 120/2016, 189/2016, dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.7/2019, 103/2020, 99/2092 dhe 2023) parashikohet që shfrytëzimi i lëndëve të para minerale është një veprimtari e përcaktuar nga projektet minerare të përftimit, përkatësisht të çlirimit të lëndëve të para minerale nga gjendja e tyre natyrore, duke përfshirë veprimtaritë përgatitore, shoqëruese dhe të njëpasnjëshme që lidhen me marrjen e lëndëve të para minerale.

Me nenin 89 të kontestuar të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale, i cili është miratuar dhe botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 99/2022 më 21 prill 2022, rregullohet zbatimi i anuluar i nenit 40 paragrafit 3 të këtij ligji, i cili pritet të hyjë në fuqi më 1 janar 2022.

Neni 40 paragrafi 3 i Ligjit, me të cilin plotësohet neni 51 paragrafi 1 me një aline të re 11 të Ligjit për lëndë të para minerale, përcakton se Qeveria do ta shkëpusë në mënyrë të njëanshme marrëveshjen për koncesionin për eksploatim në rast se koncesionari eksploaton më pak se 20 për qind të sasisë së paraparë të lëndës së parë minerale në përputhje me projektin kryesor minerar gjatë një viti, përveç në rast se koncesionari dorëzon elaborim për arsyen e eksploatimit të reduktuar.

Nga analiza e nenit 89 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale, i cili kontestohet vis a vis me pretendimet në iniciativë, rezulton se i njëjti nuk mund të vihet në dyshim në lidhje me nenin 52 paragrafin 4 të Kushtetutës, për arsye se në situatën konkrete, përmbajtja e nenit kontestues nuk ka efekt prapaveprues, sepse parimi kushtetues i ndalimit të veprimit prapaveprues të ligjeve nënkupton ndalimin e zbatimit të ligjeve në situata dhe marrëdhënie juridike që janë krijuar para hyrjes së tyre në fuqi, përkatësisht ligjet veprojnë vetëm mbi situatat dhe marrëdhëniet e tyre juridike që ndodhin pas hyrjes së tyre në fuqi. Përjashtim nga ky parim kushtetues është nëse efekti prapaveprues i ligjit është më i favorshëm për qytetarët.

Duke e marrë parasysh përmbajtjen e nenit 40 paragrafit 3 të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale, me të cilin plotësohet neni 51 paragrafi 1 me aline të re 11 të Ligjit për lëndë të para minerale nga aspekti i kohës së miratimit dhe gjatë periudhës së zbatimit të tij, rezulton se ligjvënësi u ka dhënë mundësinë palëve të interesuara në fund të vitit të japin arsye të arsyetuara për uljen e eksploatimit, përkatësisht eksploatimin e më pak se 20 për qind të sasisë së paraparë të lëndëve të para minerale. Ky rregullim i dispozitës së kontestuar i jep asaj karakterin e një dispozite që rregullon marrëdhëniet që janë në vijim e sipër. Pikërisht kjo çon drejt përfundimit se në rastin konkret bëhet fjalë për marrëdhënie në zhvillim, përkatësisht për marrëdhënie që kanë filluar para hyrjes në fuqi të dispozitës kontestuese, të cilat vazhdojnë akoma, çka do të thotë se pretendimi në iniciativë se dispozita e kontestuar ka fuqi prapavepruese nuk mund të pranohet dhe është në kundërshtim me nenin 52 paragrafin 4 të Kushtetutës.

Përkatësisht, norma ka efekt prapaveprues nëse i referohet marrëdhënieve që kanë përfunduar para hyrjes në fuqi të asaj norme dhe nuk ka efekt prapaveprues nëse norma rregullon marrëdhëniet e papërfunduara ose marrëdhëniet që janë në vijim e sipër si në rastin konkret.

Si rrjedhojë, Gjykata vlerësoi se dispozita e kontestuar nuk parasheh efekt prapaveprues të Ligjit gjë që është më pak e favorshme për qytetarët, siç thuhet në iniciativë, prandaj edhe përputhshmëria e nenit 89 të kontestuar të Ligjit për ndryshimin dhe plotësimin e Ligjit për lëndë të para minerale nuk mund të vihet në pikëpyetje me nenin 52 paragrafin 4 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

IV

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska