Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.88/2023
Скопје, 13.09.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 13 септември 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018).
2. Ова решение ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија”.
Образложение
I
Подносителот Игорчо Точев од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), со наводи дека член 17 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, како генерален закон (lex generalis), не предвидува земјоделското земјиште во државна сопственост да може да биде предмет на продажба, а со оспорениот закон како специјален закон (lex specialis), токму тоа се предвидува.
Во продолжение на иницијативата подносителот наведува дека член 56 од Уставот упатува со закон да се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење. Меѓутоа, според подносителот, Законот за земјоделското земјиште и во време кога е донесен, и во време на донесување на оспорениот закон, а и во време кога подносителот ја поднесува иницијативата, не дозволува продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, поради што оспорениот закон не е во согласност со наведениот член од Уставот, како и со принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и правната сигурност на граѓаните бидејќи сите оние лица заинтересирани за купување на земјоделско земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, можат да бидат доведени во заблуда дека истото е во слободен промет.
Од овие причини подносителот предлага Уставниот суд да го укине Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост како спротивен со погоре наведените одредби од Уставот, а со оглед дека оспорениот закон сè уште произведува правно дејство во правниот промет, за да не дојде до тешко отстранливи последици за сите оние кои засновале правно обврзувачки дела според правилата на оспорениот пропис, подносителот предлага да се запрат од извршувањето сите поединечни акти донесени врз основа на оспорениот пропис до окончувањето на постапката за оценување на неговата уставност.
II
На седницата Судот утврди дека со оспорениот Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), се уредува продажбата на земјоделско земјиште во државна сопственост на начин, постапка и услови согласно со овој закон. Судот утврди и дека Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 161/2019, 178/2021 и 91/2023), уредува дека земјоделското земјиште во државна сопственост може да биде предмет на продажба под услови и на начин утврдени со закон.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Според член 56 став 1 од Уставот сите природни богатства, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита.
Согласно член 56 став 3 од Уставот, со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.
Тргнувајќи од содржината на член 56 став 3 од Уставот, произлегува дека наведената уставна одредба се однесува на институтот отстапување на користење, при што Уставот децидно уредува дека начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката ќе можат да се отстапат на користење, е предмет на законско уредување.
Согласно наведената уставна одредба, законодавецот има право со закон да го уреди начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката се отстапуваат на користење, како што е на пример Законот за концесии и јавно приватно партнерство со кој законодавецот го уредил начинот, постапката и општите услови за издавање концесии сврзани со добрата од општ интерес за Републиката.
Уставниот суд, постапувајќи по предметот У.бр.26/2006, со Решението од 30.05.2007 година, не повел постапка за оценување на уставноста на членовите 38, 39, 40, 41 и 43 од Законот за концесии („Службен весник на Република Македонија“ број 25/2002 и 24/2003), во кое помеѓу другото повикувајќи се на член 56 став 3 од Уставот, навел „Имајќи го предвид утврдениот режим и третман на природните богатства како добра од општ интерес за Републиката, со Законот за концесии се уредуваат начинот, постапката и општите услови за издавање концесии сврзани со добрата од општ интерес за Републиката и вршењето на дејности поврзани со овие добра за кои со посебен закон е предвидено добивање концесија.”
Во оваа смисла, одредбата од член 56 став 3 од Уставот, не го уредува прашањето за отуѓување, односно продажба на земјоделското земјиште како добро од општ интерес што може да биде во приватна и државна сопственост, туку го уредува прашањето на отстапување на користење на определени добра од општ интерес за Републиката определувајќи дека начинот и условите ќе се уредат со закон. Имено, продажбата на земјоделско земјиште, односно овластувањето или забраната за негова продажба, не е предмет на уредување на Уставот со ниту една негова одредба.
Член 16 од Законот за сопственост и други стварни права („Службен весник на Република Македонија” број 18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010), е во функција на операционализација на член 56 од Уставот.
Имено, според член 16 став 1 од наведениот закон, сите природни богатства, растителниот и животинскиот свет, стварите во општа употреба, градежното земјиште, шумите и земјоделското земјиште, пасиштата и водите, како и стварите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се ствари (добра) од општ интерес за Републиката.
Согласно член 16 став 2 од Законот, стварите кои врз основа на Уставот или со посебни закони се прогласени за ствари од општ интерес за Републиката можат да бидат предмет на правото на сопственост на државата односно на физички и правни лица.
Според член 16 став 3 од Законот, облиците на сопственост врз градежното, земјоделското и шумското земјиште, пасиштата и водите се уредуваат со посебни прописи.
Според член 16 став 4 од Законот, ствари во општа употреба се ствари во државна сопственост кои ги користат сите физички и правни лица, а според став 5 од истиот член, за стварите во општа употреба се грижи и со нив управува Републиката, ако поинаку не е определено со закон.
Според член 16 став 6 од Законот, стварите од општ интерес за Републиката уживаат посебна заштита и правата врз нив можат да се ограничуваат согласно со закон.
Воедно, член 16 став 7 од наведениот закон, уредува дека сo закон се уредуваат начинот и условите под кои определени ствари од општ интерес во државна сопственост можат да се отстапат на користење на физички и правни лица (концесија).
Законот за сопственост и други стварни права со член 16 став 3, уредува дека облиците на сопственост врз градежното, земјоделското и шумското земјиште, пасиштата и водите се уредуваат со посебни прописи.
Таков посебен пропис е и Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 161/2019, 178/2021 и 91/2023), со кој се пропишува дека земјоделското земјиште може да биде во државна и приватна сопствeност и го уредуваaт користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште, како добро од општ интерес.
Според член 4 став 1 точка 1. од Законот за земјоделското земјиште, „користење” е право да се остварува употребната вредност на земјоделското земјиште од страна на сопствениците и сите други непосредни владетели на земјиштето, како што се закупците, а според точка 2. од истиот член, „располагање” е право земјоделското земјиште да се отуѓи со продажба, подарок или размена, да се даде под хипотека, како и да се даде на користење на други лица со закуп или плодоуживање.
Прашањата за користење и располагање со земјоделското земјиште се уредени со член 17 од Законот за земјоделското земјиште, на начин што согласно став 1 на овој член земјоделското земјиште во државна сопственост може да биде предмет на продажба под услови и на начин утврдени со закон, додека со ставовите 2 и 3 на член 17 се регулира прашањето за давање на користење на земјоделското земјиште на начин и под услови предвидени со овој закон.
Имајќи ја предвид уставната определба од член 56 став 3 од Уставот дека со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење, законодавецот со Законот за земјоделското земјиште ги пропишал начинот и условите под кои може државно земјоделско земјиште да се отстапи на користење.
Воедно, со овој закон, покрај отстапувањето на користење, законодавецот уредил дека земјоделското земјиште во државна сопственост може да биде предмет на продажба под услови и на начин утврдени со закон, за која цел законодавецот го донел Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), којшто се оспорува со иницијативата.
Оспорениот Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), содржи вкупно 34 одредби, чиишто содржини со иницијативата воопшто не се оспоруваат, туку Законот се оспорува во целина со наводи дека член 17 став 1 од Законот за земјоделското земјиште како генерален закон, воопшто не предвидува можност за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Разгледувајќи ја предметната иницијатива од аспект на изнесените наводи за неуставноста на оспорениот Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, Судот го утврди следното:
Со Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија” број 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 161/2019, 178/2021 и 91/2023) се уредуваaт користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште.
Судот утврди дека член 17 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 135/2007 и неговите последователни подоцнежни измени и дополнувања објавени во „Службен весник на Република Македонија“ број 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012 и 79/2013, уредувал дека земјоделското земјиште во државна сопственост не може да биде предмет на продажба.
Меѓутоа, Судот, исто така, утврди дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 10 јуни 2013 година, донело Закон за изменување на Законот за земјоделското земјиште, кој бил објавен на 17 јуни 2013 година во „Службен весник на Република Македонија” број 87/2013 и влегол во сила осмиот ден од денот на неговото објавување, односно на 25.06.2013 година, со кој е изменет член 17 став 1 од Законот за земјоделското земјиште, а по измената овој член уредува дека „Земјоделското земјиште во државна сопственост може да биде предмет на продажба под услови и на начин утврдени со закон.“
На истата седница, Собранието го донело и сега оспорениот Закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, со кој се уредува продажбата на земјоделското земјиште во државна сопственост на начин, постапка и услови согласно со овој закон, објавен, исто така на 17 јуни 2013 година во „Службен весник на Република Македонија” број 87/2013, а влезен во сила осмиот ден од денот на неговото објавување, односно на 25.06.2013 година.
По својата содржина, правото на сопственост е дефинирано како право на држење, право на користење и право на располагање со одредена ствар што подразбира и право таа ствар сопственикот да ја отстапи на друг на користење, вклучително и да ја отуѓи.
Имајќи го предвид наведеното, Судот, како неосновани ги оцени наводите од подносителот на иницијативата за спротивноста на целината на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост со Уставот, конкретно со член 56 став 3 од Уставот, посветен на правниот институт отстапување на користење, како составен дел на правото на располагање со одредена ствар. Воедно, имајќи ја предвид неоснованоста на тврдењето на подносителот на иницијативата дека Законот за земјоделското земјиште не предвидува можност за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, пред Судот, не се постави прашањето за согласноста на целината на оспорениот закон со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и правната сигурност на граѓаните како негов составен дел.
IV
Врз основа на наведеното, Судот, со мнозинство гласови, одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.88/2023
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 13 shtator 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për shitjen e tokës bujqësore në pronë shtetërore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 dhe 51/2018).
2. Ky aktvendim do të botohet në „Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
Arsyetim
I
Parashtruesi Igorço Toçev nga Shkupi, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për shitjen e tokës bujqësore në pronësi shtetërore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 dhe 51/2018), me pretendimet se neni 17 paragrafi 1 i Ligjit për tokë bujqësore, si ligj i përgjithshëm (lex generalis), nuk parasheh një tokë bujqësore në pronë shtetërore të mund të jetë objekt shitjeje, ndërsa me ligjin e kontestuar si ligj special (lex specialis), parashihet pikërisht kjo.
Në vazhdim të iniciativës, parashtruesi thekson se neni 56 i Kushtetutës udhëzon me ligj që të rregullohen mënyrat dhe kushtet në të cilat disa të mira me interes të përgjithshëm për Republikën mund të jepen për përdorim. Mirëpo, sipas parashtruesit, Ligji për tokën bujqësore si në kohën kur është miratuar ashtu edhe në kohën e miratimit të ligjit të kontestuar, si dhe në kohën kur parashtruesi i kërkesës e ka paraqitur iniciativën, nuk ka lejuar shitjen e tokës bujqësore në pronësi shtetërore, për çka ligji kontestues nuk është në përputhje me nenin e kontestuar të Kushtetutës, si dhe me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës dhe me sigurinë juridike të qytetarëve sepse të gjithë ata persona të interesuar për blerjen e tokës bujqësore në pronësi të Republikës së Maqedonisë së Veriut mund të hamendësojnë se e njëjta është në qarkullim të lirë.
Për këto arsye, parashtruesi i propozon Gjykatës Kushtetuese shfuqizimin e Ligjit për shitjen e tokës bujqësore në pronësi të shtetit, si në kundërshtim me dispozitat e mësipërme të Kushtetutës dhe duke qenë se ligji i kontestuar ende prodhon efekt juridik në veprimin juridik, në mënyrë që të mos ketë pasoja të vështira për t’u mënjanuar për të gjithë ata që bazuan akte detyruese sipas rregullave të rregullores kontestimore, parashtruesi propozon ndalimin deri në fund të ekzekutimit të të gjitha akteve individuale të miratuara në bazë të rregullores kontestimore deri në përfundimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së tyre.
II
Në seancë Gjykata përcaktoi se në Ligjin e kontestuar për shitjen e tokës bujqësore në pronë shtetërore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 dhe 51/2018), shitja e tokës bujqësore në pronë shtetërore rregullohet në një mënyrë, procedurë dhe kushte që janë në përputhje me këtë ligj. Gjykata konstatoi edhe se Ligji për tokë bujqësore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 dhe 39/2016 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 161/2019, 178/2021 dhe 91/2023), përcakton se toka bujqësore në pronë shtetërore mund të jetë objekt i shitjes nën kushtet dhe mënyrën e përcaktuar me ligj.
III
Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin. Secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 56 paragrafit 1 të Kushtetutës të gjitha pasuritë natyrore të Republikës, bota bimore dhe shtazore, të mirat në përdorim të përgjithshëm, si dhe sendet dhe objektet me rëndësi të veçantë kulturore dhe historike të përcaktuara me ligj, janë të mira me interes të përgjithshëm për Republikën dhe gëzojnë mbrojtje të veçantë.
Sipas nenit 56 paragrafit 3 të Kushtetutës, me ligj rregullohen mënyra dhe kushtet në të cilat të mirat e caktuara me interes të përgjithshëm për Republikën, mund të jepen në shfrytëzim.
Nisur nga përmbajtja e nenit 56 paragrafi 3 i Kushtetutës, rezulton se dispozita kushtetuese në fjalë i referohet institucionit të lejimit të përdorimit, ndërsa Kushtetuta e rregullon në mënyrë të prerë mënyrën dhe kushtet në të cilat disa të mira të caktuara me interes të përgjithshëm për Republikën do të mund të lejohen për përdorim, që është objekt i rregullimit ligjor.
Sipas dispozitës kushtetuese të përmendur, ligjvënësi ka të drejtë të rregullojë me ligj mënyrën dhe kushtet në të cilat disa mallra me interes të përgjithshëm për Republikën janë lejuar në përdorim, si për shembull Ligji për koncesionet dhe partneriteti publik privat me të cilin ligjvënësi e ka rregulluar mënyrën, procedurën dhe kushtet e përgjithshme për dhënien e koncesioneve në lidhje me të mirat me interes të përgjithshëm për Republikën.
Gjykata Kushtetuese, duke vepruar mbi lëndën U.nr.26/2006, me Aktvendimin nga 30.05.2007, nuk ka iniciuar procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së neneve 38, 39, 40, 41 dhe 43 nga Ligji për koncesione („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 25/2002 dhe 24/2003), në të cilin midis tjerash duke iu referuar nenit 56 paragrafi 3 i Kushtetutës, ka potencuar „Duke e marrë parasysh regjimin e vendosur dhe trajtimin e burimeve natyrore si të mira me interes të përgjithshëm për Republikën, Ligji për koncesionet e rregullon mënyrën, procedurën dhe kushtet e përgjithshme për dhënien e koncesioneve në lidhje me të mirat me interes të përgjithshëm për Republikën dhe ushtrimin e veprimtarive që lidhen me këto të mira për të cilat me një ligj të veçantë parashikon marrjen e koncesionit.”
Në këtë kuptim, dispozita e nenit 56 paragrafi 3 i Kushtetutës nuk e rregullon çështjen e tjetërsimit, përkatësisht shitjes së tokës bujqësore si e mirë me interes të përgjithshëm që mund të jetë në pronësi private dhe shtetërore, por e rregullon çështjen e lejimit të shfrytëzimit të të mirave të caktuara me interes të përgjithshëm për Republikën, duke përcaktuar se mënyra dhe kushtet do të rregullohen me ligj. Gjegjësisht, shitja e tokës bujqësore, gjegjësisht autorizimi apo ndalimi i shitjes së saj, nuk është objekt i rregullimit të Kushtetutës me asnjë dispozitë të saj.
Neni 16 i Ligjit për pronësi dhe të drejta të tjera të të mirave („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 18/2001, 92/2008, 139/2009 dhe 35/2010), është në funksion të operacionalizimit të nenit 56 të Kushtetutës.
Përkatësisht, sipas nenit 16 paragrafit 1 të këtij ligji, të gjitha pasuritë natyrore, jeta bimore dhe shtazore, sendet në përdorim të përgjithshëm, toka ndërtimore, pyjet dhe toka bujqësore, kullotat dhe ujërat, si dhe sendet dhe objektet me rëndësi të veçantë kulturore dhe historike të përcaktuara me ligj janë sende (të mira) me interes të përgjithshëm për Republikën.
Në bazë të nenit 16 paragrafi 2 i Ligjit, sendet të cilat në bazë të Kushtetutës ose me ligje të veçanta shpallen sende me interes të përgjithshëm për Republikën mund t’i nënshtrohen të drejtës së pronësisë së shtetit, përkatësisht të personave fizikë dhe juridikë.
Sipas nenit 16 paragrafi 3 i Ligjit, format e pronësisë mbi tokën ndërtimore, bujqësore dhe pyjore, kullotat dhe ujërat rregullohen me rregullore të veçanta.
Sipas nenit 16 paragrafi 4 i Ligjit, sendet në përdorim të përgjithshëm janë sende në pronësi shtetërore që shfrytëzohen nga të gjithë personat fizikë dhe juridikë, ndërsa sipas paragrafit 5 të të njëjtit nen sendet e përdorimit të përgjithshëm kujdesen dhe menaxhohen nga Republika, nëse me ligj nuk është përcaktuar ndryshe.
Sipas nenit 16 paragrafi 6 i Ligjit, sendet me interes të përgjithshëm për Republikën gëzojnë mbrojtje të veçantë dhe të drejtat ndaj tyre mund të kufizohen në përputhje me ligjin.
Në të njëjtën kohë, neni 16 paragrafi 7 i ligjit të përmendur përcakton se me ligj rregullohen mënyra dhe kushtet në të cilat sende të caktuara me interes të përgjithshëm në pronësi shtetërore mund të lejohen për shfrytëzim tek personat fizikë dhe juridikë (koncesion).
Ligji për pronësi dhe të drejta të tjera sendore, me nenin 16 paragrafi 3, rregullon se format e pronësisë mbi tokën ndërtimore, bujqësore e pyjore, kullotat dhe ujërat rregullohen me rregullore të veçanta.
Një rregull i tillë i veçantë është edhe Ligji për tokë bujqësore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 dhe 39/2016 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 161/2019, 178/2021 dhe 91/2023), i cili përcakton se toka bujqësore mund të jetë në pronësi shtetërore dhe private dhe e rregullon përdorimin, disponueshmërinë, mbrojtjen dhe tjetërsimin e tokës bujqësore, si një e mirë me interes të përgjithshëm.
Sipas nenit 4 paragrafi 1 pika 1 e Ligjit për Tokën bujqësore, “përdorimi” është e drejta e realizimit të vlerës së përdorimit të tokës bujqësore nga pronarët dhe të gjithë poseduesit e tjerë të drejtpërdrejtë të tokës, si qiramarrësit, dhe sipas pikës 2 të të njëjtit nen, “disponueshmëria” është e drejta e tjetërsimit të tokës bujqësore me shitje, dhuratë ose shkëmbim, për ta hipotekuar atë, si dhe për t’ua dhënë personave të tjerë në përdorim me qira ose uzufrukt.
Çështjet e shfrytëzimit dhe disponimit të tokës bujqësore rregullohen me nenin 17 të Ligjit për tokën bujqësore, në atë mënyrë që sipas paragrafit 1 të këtij neni, toka bujqësore në pronësi shtetërore mund t’i nënshtrohet shitjes me kushte dhe në mënyrë të përcaktuara me ligj, ndërsa me paragrafët 2 dhe 3 të nenit 17 rregullojnë çështjen e dhënies në shfrytëzim të tokës bujqësore në mënyrën dhe kushtet e parapara me këtë ligj.
Duke pasur parasysh përcaktimin kushtetues nga neni 56 paragrafi 3 i Kushtetutës se mënyra dhe kushtet në të cilat disa të mira me interes të përgjithshëm për Republikën mund të lejohen në shfrytëzim rregullohen me ligj, ligjvënësi me Ligjin për Tokën bujqësore ka përcaktuar mënyrën dhe kushtet në të cilat mund ta deklarojë tokën bujqësore për t’u dhënë për shfrytëzim.
Njëkohësisht, me këtë ligj, përveç caktimit të shfrytëzimit, ligjvënësi ka rregulluar që toka bujqësore në pronësi shtetërore të mund t’i nënshtrohet shitjes në kushte dhe në mënyrën e përcaktuar me ligj, për çka ligjvënësi e ka miratuar Ligjin për shitjen e tokës bujqësore në pronësi të shtetit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 dhe 51/2018), e cila kontestohet me iniciativën.
Ligji i kontestuar për shitjen e tokës bujqësore në pronësi shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 dhe 51/2018), i përmban gjithsej 34 dispozita, përmbajtjen e të cilave nuk e konteston fare iniciativa, por Ligji kontestohet në tërësi me pretendimet se neni 17 paragrafi 1 i Ligjit për Tokën bujqësore si ligj i përgjithshëm nuk e parashikon fare mundësinë e shitjes së tokës bujqësore në pronësi të shtetit.
Gjykata, duke e shqyrtuar iniciativën në fjalë nga këndvështrimi i pretendimeve të bëra për antikushtetutshmërinë e Ligjit të kontestuar për shitjen e tokës bujqësore në pronësi shtetërore, konstatoi si në vijim:
Me Ligjin për tokë bujqësore („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 135/2007, 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 dhe 39/2016 dhe „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 161/2019, 178/2021 dhe 91/2023) rregullohet përdorimi, disponueshmëria, mbrojtja dhe tjetërsimi i tokës bujqësore.
Gjykata konstatoi se neni 17 paragrafi 1 i Ligjit për tokën bujqësore, botuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 135/2007 dhe ndryshimet dhe plotësimet e mëvonshme të tij të botuara në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” nr. 18/2011, 42/2011, 148/2011, 95/2012 dhe 79/2013, kanë përcaktuar që toka bujqësore në pronësi të shtetit nuk mund të jetë objekt shitjeje.
Megjithatë, Gjykata konstatoi gjithashtu se Kuvendi i Republikës së Maqedonisë së Veriut në seancën e mbajtur më 10 qershor 2013, miratoi Ligjin për ndryshimin e Ligjit për tokën bujqësore, i cili u botua më 17 qershor 2013 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 87/2013 dhe ka hyrë në fuqi ditën e tetë nga dita e publikimit, gjegjësisht më 25.06.2013, me të cilin është ndryshuar neni 17 paragrafi 1 i Ligjit për tokën bujqësore, dhe pas ndryshimit, ky nen përcakton se “Toka bujqësore në pronësi shtetërore mund të jetë objekt shitjeje në kushtet dhe në mënyrën e përcaktuar me ligj”.
Në të njëjtën seancë, Kuvendi e miratoi Ligjin tashmë të kontestuar për shitjen e tokës bujqësore shtetërore, i cili rregullon shitjen e tokës bujqësore në pronësi shtetërore në mënyrë, procedurë dhe kushte në përputhje me këtë ligj, i botuar edhe më 17 qershor 2013 në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë” numër 87/2013, dhe ka hyrë në fuqi ditën e tetë nga dita e publikimit, gjegjësisht më 25.06.2013.
Sipas përmbajtjes së saj, e drejta e pronësisë përkufizohet si e drejta e mbajtjes, e drejta e përdorimit dhe e drejta e disponimit të një sendi të caktuar, që nënkupton edhe të drejtën e pronarit për t’ia kaluar atë një personi tjetër për përdorim duke përfshirë edhe tjetërsimin.
Duke e marrë parasysh sa më sipër, Gjykata i vlerësoi si të pabaza pretendimet e parashtruesit të nismës për kundërshtimin e të gjithë Ligjit për shitjen e tokës bujqësore shtetërore me Kushtetutën, konkretisht me nenin 56 paragrafi 3 i Kushtetutës, kushtuar institutit juridik të caktimit të përdorimit, si pjesë përbërëse e së drejtës për të disponuar një send të caktuar. Në të njëjtën kohë, duke e marrë parasysh pabazimin e pretendimit të parashtruesit të iniciativës se Ligji për tokën bujqësore nuk parashikon mundësinë e shitjes së tokës bujqësore në pronësi shtetërore, para Gjykatës, nuk u inicua çështja e përputhshmërisë së tërësisë së ligjit kontestues me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës dhe siguria juridike e qytetarëve si pjesë përbërëse e saj.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata, me shumicë votash, vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska