У.бр.14/2023


Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.14/2023
Скопје, 06.09.2023 година

 

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 6 септември 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/1993, 22/2008, 147/2009, 164/2010, 35/2011, 122/2016, 11/2017, 189/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 262/2019, 75/2020 и 41/2023).

Образложение

I

Подносителот Санде Пејоски од Охрид, ја оспорува уставноста и законитоста на Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите како спротивна на член 8 став 1 алинеја 3 и член 50 став 2 од Уставот и член 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002 и 82/2008 година) и член 3 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија” бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).

Подносителот на иницијативата, која еднаш е дополнета, наведува дека стварно и функционално надлежен за одобрување на оспорениот акт е министерот за правда, а не Адвокатската комора да ја донесува и да ја заверува нејзиниот претседател. Ова од причина што на овој начин Адвокатската комора, на предлог на адвокатите, би можела во Тарифата да предвидува високи износи за адвокатските услуги.

Според подносителот, министерот за правда не може да пренесе овластување на Адвокатската комора, самата да го донесе Тарифникот и истиот да го заверува и доставува во суд, а судиите да доделуваат трошоци за застапување врз основа на непостоечка, неважечка, ништовна тарифа, која нема правен ефект доколку не е одобрена од страна на министерот за правда.

Понатаму подносителот на иницијативата смета дека судиите не смеат да им дозволат на неосигурани адвокати да преземаат какви и да било дејствија во судските постапки и како резултат на тоа да стекнуваат материјални средства од Буџетот на државата и од страна на странките, спротивно на член 3 од Законот за парничната постапка бидејќи ова претставува пример на организиран криминал и корупција против кој Уставниот суд треба да се бори и да не дозволи да постојат тарифи донесени и одобрени од страна на неовластени лица.

Според подносителот на иницијативата наведената тарифа донесена врз основа на Законот за адвокатурата е спротивна на член 60 став 2, бидејќи со оваа тарифа се празни Буџетот на државата кога адвокатите застапуваат службено и буџетот на граѓаните кога нив ги застапуваат и ова дејство е спротивно на член 50 став 2 од Уставот.

Подносителот на иницијативата, исто така, наведува дека Тарифата е спротивна на член 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58/2000, 44/2002 и 82/2008 година).

Подносителот заклучува дека Тарифата може да ја предложи претседателот на адвокатската комора, но не може да ја потпишува и донесува бидејќи стварно и функционално надлежен за тоа е министерот за правда кој одговара за одливот на пари од Буџетот, така што секоја друга форма на донесување на Тарифата е спротивна на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

Од наведените причини, предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената тарифа и истата да се укине и поништи.

II

Судот на седницата утврди дека Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите е донесена од страна на Адвокатската комора на Република Македонија врз основа на член 15 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 80/92) и член 25 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, на 40-тото Годишно собрание одржано на 27.03.1993 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.23/1993). Содржината на тарифата е изменета и дополнета во повеќе наврати („Службен весник на Република Македонија“ бр.22/2008, 147/2009, 164/2010, 35/2011, 122/2016, 11/2017, 189/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 262/2019, 75/2020 и 41/2023).

Тарифата има 10 члена.

III

Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е владеењето на правото.

Член 51 став 1 од Уставот, предвидува дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.

Со член 53 од Уставот е предвидено дека адвокатурата е јавна служба што обезбедува правна помош, при што таа јавна служба е самостојна и независна и врши јавни овластувања кои ѝ се доверени со закон.

Според член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и законите.

Со член 2 став 1 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/11 и 113/2012, 148/2015), адвокатурата е дефинирана како самостојна и независна јавна служба која обезбедува и дава правна помош. Според став 2 од истиот член адвокатите вршат јавни овластувања во согласност со овој и други закони.

Според член 5, самостојноста и независноста на адвокатурата како јавна служба се остварува со слободно и независно вршење на адвокатската дејност, слободен избор на адвокатот, организирање на адвокатите во Адвокатска комора и нејзино финансирање, автономно донесување на акти за работа на Адвокатската комора на Република Македонија и нејзините органи и запишување и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на странските адвокати, Именикот на странските адвокатски друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници, Именикот на адвокатските приправници и донесување на Кодекс на адвокатската етика.

Во член 19 е предвидено дека адвокатот има право на награда и надоместок на трошоците за извршената работа во вршењето на адвокатската дејност според Тарифата за наградата и надоместок на трошоците за работа на адвокатите.

Согласно член 33 став 1, адвокатите во Република Македонија се организираат во Адвокатската комора на Република Македонија.

Во член 34 став 1 е предвидено дека Адвокатската комора на Република Македонија во својата работа е самостојна и независна.

Според член 34 став 2 алинеја 5, Адвокатската комора на Република Македонија донесува Тарифа за награда и надоместок на трошоците на адвокатите.

Член 37-а се однесува на осигурување од одговорност, каде што според став 1, адвокатот е должен да се осигура од одговорноста за штета која би ја сторил на трети лица со намера при вршење на адвокатската дејност. Договорот за осигурување од одговорност за адвокатите – членови на адвокатското друштво и за адвокатите кои работат во тоа друштво, го склучува друштвото. Во став 2 е предвидено дека најнискиот износ на осигурување за кој адвокатот што е запишан во Именикот на адвокатите е должен да склучи договор за осигурување, изнесува 10.000 евра во денарска противвредност. Додека во став 3 е предвидено дека адвокатите, основачи на адвокатско друштво, подлежат на поединечно осигурување од одговорност за штета во износ утврден во ставот 2 на овој член, а најнискиот износ на осигурување на кој адвокатското друштво е должно да склучи договор за осигурување од одговорност за штета изнесува 50.000 евра во денарска противвредност.

Член 1 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2019 и 54/2023), предвидува дека со овој статут се уредуваат: јавните овластувања, делокругот на работа, организацијата и работата на Адвокатската комора на Република Северна Македонија (во натамошниот текст Комората), нејзините органи и тела, општите акти и постапката за нивно донесување, начинот и постапката за прием, упис и бришење од Именикот на адвокатите, Именикот на адвокатските друштва, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници, правата и должностите на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници, постапката за издавање и одземање на лиценца, постапката за полагање на адвокатски испит, услови за осигурување од одговорност за адвокатот и адвокатското друштво од штета, финансирање на Комората и други прашања.

Според член 3 и член 23 став 2 алинеја 1, Комората односно Управниот одбор на Комората ја донесува Тарифата за награда и надоместок на трошоците за адвокатите.

Во воведниот дел на Тарифата за награда и надоместок на трошоците на адвокатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2020, 75/2020 и 41/2023), е наведено дека истата е донесена врз основа на Законот за адвокатурата и Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија.

Во член 1 од Тарифата е предвидено дека со Тарифа се одредува висината на наградата и трошоците на дадената правна помош. Адвокатот и странката можат слободно да ја договорат наградата и трошоците како и начинот и средствата за плаќање, но не пониско од предвидените со Тарифата.

Член 8, систематизиран во главата „Награда за дадена правна помош“, содржи 6 дела, во кои се дефинирани износите за награда за пишување на писмени состави (поднесоци), бесплатна правна помош, наградата за одбрана и застапување, наградата за состав на правен лек, наградата за правни совети и во главата VI насловена „Заеднички одредби“, е предвидено, односно регулирано наградата на име на паушал, награда за утврдување на правосилност и извршност и регулатива што се однесува на пресметка и наплаќање на наградата предвидена со Тарифа зголемена за износот за ДДВ за обврзници на ДДВ.

Од наведените уставни, законски и статутарни одредби, произлегува дека адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што ефикасно обезбедува правна помош и врши јавни овластувања кои ѝ се доверени со закон и дека адвокатите се организираат во Адвокатска комора, која има својство на правно лице и своите работи ги врши самостојно и независно врз основа и во рамките на Уставот, законите, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, Статутот, Кодексот на адвокатска етика и други прописи и општи акти.

Законот за адвокатурата и Статутот на Адвокатската комора прецизно ги дефинираат надлежностите на Адвокатската комора, според кои Адвокатската комора меѓу другото, е надлежна за донесување на Тарифата за наградата и надоместокот на трошоците на адвокатите за вршењето на адвокатската дејност.

Наводите на подносителот на иницијативата дека стварно и функционално надлежен за донесување и одобрување на Тарифата е министерот за правда бидејќи тој е одговорен за одливот на парите од буџетот, Тарифата е непостоечка, неважечка, ништовна и не произведува правно дејство и сегашното решение е спротивно на член 8 став 1 алинеја 3 и член 50 став 2 од Уставот, сметаме дека се неосновани, од причина што според погоре цитираните уставни и законски одредби произлегува дека адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон и адвокатите се организираат во Адвокатска комора, која е автономна и законски овластена за донесување на актите за работа на Адвокатската комора, меѓу кои и Тарифата за награда и надоместок на трошоците на адвокатите.

Во однос на наводите на подносителот дека адвокатите наплатуваат високи износи за услугите што ги даваат и истите треба да се намалат за 50%, сметаме дека се неосновани од причина што според член 19 од Законот за адвокатурата, адвокатот во обезбедувањето на правната помош може да преземе голем број на разновидни дејствија за кои има право на награда и надомест на трошоците за извршената работа во висина определена со Тарифата. Имено, во главата насловена „Награда за дадена правна помош“ од Тарифата, на таксативен начин се утврдени износите за секое дејствие преземено од страна на адвокатите. Од друга страна, Уставниот суд не е надлежен да одлучува за висината на износите предвидени со Тарифата.

Наводот на подносителот на иницијативата дека судот, како претходно прашање во судска постапка треба да ги прашува адвокатите дали се осигурани или не, сẻ со цел да им изготвува или не решение за надомест или награда за дадената услуга и како резултат на тоа да стекнуваат или не материјални средства од Буџетот на државата или од буџетот на странките, односно на неосигурани адвокати да не им се дозволи да преземаат какви и да било дејствија во судски постапки, сметаме дека претставува прашање поврзано со примена на закон и не спаѓа во рамките на надлежностите на Уставниот суд утврдени со член 110 од Уставот.

Тврдењето дека не смее и не може да се дозволи недозволено располагање на адвокатите спротивно на член 3 од Законот за парничната постапка, сметаме дека станува збор за прашање што не е во домен на одлучување на Уставниот суд, а доколку има некои недозволени располагања, на тоа внимаваат редовните судови кои постапуваат во парничните постапки и го применуваат член 3 од наведениот закон.

Во однос на наводите дека Тарифата е спротивна на член 52 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, сметаме дека се неосновани бидејќи оваа одредба на никаков начин не може да се доведе во врска со оспорената тарифа. Ова од причина што наведената законска одредба се однесува на овластување на министер да овласти државен службеник за потпишување на определени акти и истата не може да се однесува на Адвокатската комора и нејзините акти бидејќи адвокатите не се државни службеници.

IV

Врз основа на наведеното, Судот со мнозинство гласови одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 6 shtator 2023, miratoi

A K T V E N D I M

NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Tarifës për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve për punën e avokatëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 23/1993, 22/2008, 147/2009, 164/2010, 35/2011, 122/2016, 11/2017, 189/2019 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.262/2019, 75/2020 dhe 41/2023).

Arsyetim

I

Parashtruesi Sande Pejoski nga Ohri, e konteston kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e Tarifës për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve për punën e avokatëve si në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe nenin 50 paragrafi 2 të Kushtetutës dhe nenin 52 paragrafi 2 të Ligjit për organizim dhe punën e organeve të administrates shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 58/2000, 44/2002 dhe 82/2008) dhe nenin 3 të Ligjit për procedurë kontestimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 dhe 124/2015).

Parashtruesi i iniciativës, e cila është plotësuar një herë, potencon se përgjegjës faktikisht dhe funksionalisht për miratimin e aktit kontestues është ministri i Drejtësisë dhe jo Oda e Avokatëve, ta miratojë dhe vërtetojë kryetari i saj. Kjo pasi në këtë mënyrë Oda e Avokatëve me propozim të avokatëve do të mund të parashikonte shuma të larta në Tarifë për shërbimet e avokatëve.

Sipas parashtruesit, ministri i Drejtësisë nuk mund t’ia transferojë Odës së Avokatëve autoritetin për ta miratuar vetë Tarifën dhe për ta vërtetuar dhe dorëzuar atë në gjykatë, ndërsa gjykatësit të ndajnë shpenzime për përfaqësim në bazë të një tarife inekzistente, të pavlefshme që nuk ka efekt juridik nëse nuk miratohet nga ministri i Drejtësisë.

Më tej, parashtruesi i iniciativës vlerëson se gjykatësit nuk duhet të lejojnë avokatët e pasiguruar të ndërmarrin asnjë veprim në proceset gjyqësore dhe si rrjedhojë të përfitojnë mjete materiale nga Buxheti i shtetit dhe nga palët, në kundërshtim me nenin 3 të Ligjit për procedurë kontestimore, pasi kjo paraqet shembull të krimit të organizuar dhe korrupsionit kundër të cilit Gjykata Kushtetuese duhet të luftojë dhe të mos lejojë ekzistimin e tarifave të miratuara nga persona të paautorizuar.

Sipas parashtruesit të iniciativës, tarifa e dhënë e miratuar në bazë të Ligjit për avokatinë është në kundërshtim me nenin 60 paragrafi 2, pasi me këtë tarifë zbrazet Buxheti i shtetit kur avokatët avokojnë zyrtarisht dhe buxheti i qytetarëve kur i avokojnë ata dhe ky veprim është në kundërshtim me nenin 50 paragrafi 2 të Kushtetutës.

Parashtruesi i iniciativës, gjithashtu, potencon se Tarifa është në kundërshtim me nenin 52 paragrafi 2 të Ligjit për organizimin dhe punën e organeve të administratës („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 58/2000, 44/2002 dhe 82/2008).

Parashtruesi konkludon se Tarifa mund të propozohet nga kryetari i Odës së Avokatëve, por ai nuk mund ta nënshkruajë dhe ta miratojë sepse për të përgjegjës faktikisht dhe funksionalisht është ministri i Drejtësisë, i cili përgjigjet për daljen e parave nga Buxheti, kështu që çdo formë tjetër e miratimit të Tarifës është në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut

Për arsyet e lartshënuara, propozon që Gjykata Kushtetuese të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së tarifës së kontestuar dhe e njëjta të shfuqzizohet dhe anulohet.

II

Gjykata në seancë konstatoi se Tarifa për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve të punës së avokatëve është miratuar nga Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë në bazë të nenit 15 të Ligjit për avokatinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.80/92) dhe nenit 25 të Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë, në mbledhjen e 40-të vjetore të mbajtur më 27.03.1993 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.23/1993). Përmbajtja e tarifës është ndryshuar dhe plotësuar në disa raste (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 22/2008, 147/2009, 164/2010, 35/2011, 122/2016, 11/2017, 189 /2019 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr.262/2019, 75/2020 dhe 41/2023).
Tarifa i ka 10 nene.

III

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut është sundimi i së drejtës.
Neni 51 paragrafi 1 i Kushtetutës, përcakton se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet me doemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin.

Me nenin 53 të Kushtetutës është paraparë se avokatia është shërbim publik i cili siguron ndihmë juridike, me ç’rast ky shërbim publik është i pavarur dhe bën autorizime publike të cilat i janë besuar me ligj.

Sipas nenit 110 alineja 2 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Me nenin 2 paragrafi 1 i Ligjit për avokati („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr.59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/11 dhe 113/2012, 148/2015), avokatia përkufizohet si një shërbim publik i pavarur që ofron dhe jep ndihmë juridike. Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, avokatët ushtrojnë kompetenca publike në pajtim me këtë dhe ligjet e tjera të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 262/2019, 75/2020 dhe 41/2023).

Sipas nenit 5, autonomia dhe pavarësia e profesionit të avokatit si shërbim publik realizohet me ushtrimin e lirë dhe të pavarur të veprimtarisë së avokatisë, zgjedhjen e lirë të avokatit, organizimin e avokatëve në Odën e Avokatëve dhe financimin e saj, miratimin autonom të akteve për punën e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë dhe organet e saj dhe regjistrimin dhe fshirjen nga Lista emërore e avokatëve, Lista emërore e shoqërive të avokatëve, Lista emërore e avokatëve të huaj, Lista emërore e shoqatave të huaja të avokatëve, Lista emërore e bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve, Lista emërore e praktikantëve të avokatëve dhe miratimi i Kodit të etikës së avokatisë.
Neni 19 parashikon që avokati ka të drejtën e shpërblimit dhe kompensimit të shpenzimeve për punën e kryer në ushtrimin e profesionit të avokatit sipas Tarifës për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve për punën e avokatëve.

Sipas nenit 33 paragrafi 1, avokatët në Republikën e Maqedonisë organizohen në Odën e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë.

Neni 34 paragrafi 1 parasheh se Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë është autonome dhe e pavarur në punën e saj.

Sipas nenit 34, paragrafi 2, alineja 5, Oda e Avokatëve të Republikës së Maqedonisë miraton Tarifë për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve të avokatëve.

Neni 37 i referohet sigurimit të përgjegjësisë, ku sipas paragrafit 1, avokati është i detyruar të sigurohet nga përgjegjësia për dëmin që do t’u bënte palëve të treta me dashje gjatë kryerjes së veprimtarisë juridike. Kontratën e sigurimit të përgjegjësisë për avokatët – anëtarëve të shoqërisë së avokatisë dhe për avokatët që punojnë në atë shoqëri, e lidh firma. Paragrafi 2 përcakton se shuma më e ulët e sigurimit për të cilën avokati i regjistruar në Listën e avokatëve është i obliguar të lidhë kontratë sigurimi është 10.000 euro në kundërvlerë në denarë.

Ndërsa në paragrafin 3 parashikohet se avokatët, themeluesit e shoqërisë së avokatëve, i nënshtrohen sigurimit individual të përgjegjësisë për dëmin në masën e përcaktuar në paragrafin 2 të këtij neni, ndërsa shuma më e ulët e sigurimit për të cilin shoqëria e avokatëve është e detyruar të lidhë kontratë për sigurim nga përgjegjësia për dëme është 50.000 euro në kundërvlerë në denarë.

Neni 1 i Statutit të Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 128/2019 dhe 54/2023), përcakton se me këtë statut rregullohen: kompetencat publike, fushëveprimi i punës, organizimi dhe puna e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut (në tekstin e mëtejmë Oda), organeve dhe trupave të saj, aktet e përgjithshme dhe procedura e miratimit të tyre, mënyra dhe procedura e pranimit, regjistrimit dhe fshirjes nga Lista emërore e avokatëve, Lista emërore e shoqërive të avokatëve, Lista emërore e bashkëpunëtorëve profesionistë të avokatëve dhe Lista emërore e praktikantëve të avokatisë, të drejtat dhe detyrat e avokatëve, bashkëpunëtorëve profesionalë dhe praktikantëve të avokatisë, procedura e dhënies dhe heqjes së licencës, procedura e dhënies së provimit të avokatisë, kushtet për sigurimin e përgjegjësisë për avokatin dhe shoqërinë e avokatëve nga dëmi, financimi i Odës dhe çështje të tjera.

Sipas nenit 3 dhe nenit 23, paragrafi 2, alineja 1, Oda, përkatësisht Bordi Drejtues i Odës e miraton Tarifën për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve për avokatët.

Në pjesën hyrëse të Tarifës për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve të avokatëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 27/2020, 75/2020 dhe 41/2023), thuhet se është miratuar në bazë të Ligjit për avokatinë dhe Statutin e Odës së Avokatëve të Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Neni 1 i Tarifës përcakton se me Tarifën përcaktohet shuma e shpërblimit dhe kostot e ndihmës juridike të ofruar. Avokati dhe pala mund të bien dakord lirisht për çmimin dhe shpenzimet si dhe mënyrën dhe mjetet e pagesës, por jo më të ulëta se ato të parashikuara në Tarifë.

Neni 8, i sistemuar në kapitullin “Shpërblimi për ndihmën juridike të dhënë”, i përmban 6 pjesë, ku përcaktohen shumat për shpërblimin për shkrimin e kompozimeve me shkrim (parashtresat), ndihmën juridike falas, çmimin për mbrojtjen dhe avokimin, shpërblimin për hartimin e një mjeti juridik, çmimin për këshilla juridike dhe në kapitullin VI të titulluar “Dispozitat e përbashkëta”, është përcaktuar shpërblimi në emër të paushalit, shpërblimi për përcaktimin e plotfuqishmërisë dhe ekzekutueshmërisë dhe një rregullore në lidhje me llogaritjen dhe mbledhjen e shpërblimit të parashikuar nga Tarifa e rritur me shumën e TVSH-së për obligacionet e TVSH-së.

Nga dispozitat e përmendura kushtetuese, ligjore dhe statutore, rezulton se avokatia është një shërbim publik i pavarur që ofron në mënyrë efikase ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike që i janë besuar me ligj dhe se avokatët organizohen në Odën e Avokatëve, e cila e ka statusin e personit juridik dhe punët i kryen në mënyrë të pavarur dhe në bazë dhe në kuadër të Kushtetutës, ligjeve, marrëveshjeve ndërkombëtare të ratifikuara në përputhje me Kushtetutën, Statutin, Kodin e Etikës së Avokatëve dhe rregulloreve dhe akteve të tjera të përgjithshme.
Ligji për avokatinë dhe Statuti i Odës së Avokatëve përcaktojnë saktësisht kompetencat e Odës së Avokatëve, sipas të cilave Oda është kompetente, ndër të tjera, për miratimin e Tarifës për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve të avokatët për kryerjen e veprimtarisë juridike.

Pretendimet e parashtruesit të iniciativës se ministri i Drejtësisë është përgjegjës realisht dhe funksionalisht për miratimin e Tarifës për shkak se është përgjegjës për daljen e parave nga buxheti, Tarifa është inekzistente, e pavlefshme, e anuluar dhe nuk prodhon efekt juridik dhe vendimi aktual është në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe nenin 50 paragrafi 2 të Kushtetutës, konsiderojmë se janë të pabazuara, sepse sipas dispozitave kushtetuese dhe ligjore të cituara më sipër, rezulton se avokatia është shërbim publik autonom dhe i pavarur që ofron ndihmë juridike dhe ushtron kompetenca publike në përputhje me ligjin dhe avokatët organizohen në Odën Avokatëve, e cila është autonome dhe e autorizuar ligjërisht për të miratuar akte për punën e Odës së Avokatisë , përfshirë edhe Tarifën për shpërblimin dhe kompensimin e shpenzimeve të avokatëve.

Lidhur me pretendimet e parashtruesit se avokatët paguajnë shuma të larta për shërbimet që i ofrojnë dhe ato duhet të ulen për 50%, mendojmë se janë të pabazuara pasi sipas nenit 19 të Ligjit për avokatinë, avokati në ofrimin e ndihmës juridike mund të ndërmarrë një numër të madh veprimesh të ndryshme për të cilat ka të drejtë shpërblimi dhe kompensimi të shpenzimeve për punën e kryer në lartësinë e përcaktuar me Tarifën. Konkretisht, në kapitullin e titulluar “Shpërblimi për ndihmën juridike të ofruar” nga Tarifa, shumat për çdo veprim të ndërmarrë nga avokatët përcaktohen në mënyrë tatimore. Nga ana tjetër, Gjykata Kushtetuese nuk është kompetente për të vendosur për lartësinë e shumave të parashikuara me Tarifën.

Pretendimi i parashtruesit të nismës se gjykata, si pyetje paraprake në proces gjyqësor, duhet t’i pyesë avokatët nëse janë të siguruar apo jo, për të hartuar ose jo një zgjidhje për kompensim ose shpërblim për shërbimin e ofruar dhe si rezultat i marrjes ose jo të mjeteve materiale nga Buxheti i shtetit ose nga buxheti i palëve, gjegjësisht avokatëve të pasiguruar të mos u lejohen të kryejnë asnjë veprim në proceset gjyqësore, konsiderojmë se është një çështje që lidhet me zbatimin e ligjit dhe nuk hyn në kompetencat e Gjykatës Kushtetuese të përcaktuara me nenin 110 të Kushtetutës.

Pretendimi se disponimi i paligjshëm i avokatëve nuk guxon dhe nuk mund të lejohet në kundërshtim me nenin 3 të Ligjit për procedurë kontestimore, konsiderojmë se është një çështje që nuk është në juridiksionin e Gjykatës Kushtetuese dhe nëse ka disponime të paligjshme, atyre u kushtojnë vëmendje gjykatat e rregullta që veprojnë në procedurat kontestimore dhe e zbatojnë nenin 3 të ligjit të përmendur.

Lidhur me pretendimet se Tarifa është në kundërshtim me nenin 52 paragrafi 2 i Ligjit për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore, konsiderojmë se janë të pabazuara sepse kjo dispozitë në asnjë mënyrë nuk mund të ndërlidhet me tarifën kontestuese. Kjo sepse dispozita e përmendur ligjore i referohet autoritetit të ministrit për të autorizuar një nëpunës shtetëror për të nënshkruar akte të caktuara dhe nuk mund t’i referohet Odës së Avokatëve dhe akteve të saj sepse avokatët nuk janë nëpunës shtetërorë.

IV

Në bazë të lartpërmendurës, Gjykata me shumicë votash vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

 

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska