Соопштение по одржаната 31. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 31. седница на која се дискутираше по четири иницијативи и одлучи: 

1.Реферат У.бр.91/2021

Предметот не го доби потребното мнозинство на гласови за одлучување, што значи останува отворен и понатаму. 

Оспорени акти: Одлука за измена и дополнување на ГУП за работна зона „Дуброво – Тремник“, општина Неготино, бр. 07-201/11 од 19.07.2001 година (Службен гласник на Општина Неготино бр. 13 од 2001 година) и Одлука на Општината Неготино бр. 08-76/7 од 14.03.2017 година за утврдување на Урбанистички план вон населено место Дуброво и Тремник (КО Дуброво, КО Тремник), Општина Неготино (Службен гласник  на Општина Неготино бр. 3 од 2017 година).

Подносител на иницијативата: Друштво за производство и земјоделие ДУБРОВО ДООЕЛ с. Дуброво, Неготино, претставувано од управителот Љатив Бејаз од Велес, -застапенo преку полномошник адвокат Јованче Цилаков од Велес.

2.Реферат У.бр.14/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Taрифата за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите, што значи дека оспорената Тарифа и понатаму останува во правниот промет. 

Подносител на иницијативата: Санде Пејовски

3.Реферат У.бр.35/2023

Се отфрла Одлуката за поставување на спомен обележје-плоча, бр.08-4322 донесено од Советот на Општина Струга на  27.10.2022 година. 

Подносител на иницијативата: Ален Деребан и други граѓани

За овој предмет, поради интерес на јавноста е објавено посебно соопштение.

4.Реферат У.бр.52/2023

Не се поведува постапка за Член 276 став 2 од Колективниот договор на МВР, оспорената одредба останува во правниот поредок. 

Подносител: Синдикат на полиција во Македонија

Напомена: Oва соопштение ги содржи информациите поврзани со одлученото на денешната седница. Судот дополнително ќе ги објавува аргументите и целосните одлуки и решенија. 

Повеќе објавени информации за иницијативите: https://ustavensud.mk/?p=24643