Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.125/2022
Скопје,12.07.2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 12 јули 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022).
Образложение
I
Подносителот, Трајчо Вучков од Берово, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022).
Во наводите од иницијативата се наведува дека оспорената одредба од Статутот е во спротивност со член 9 и член 51 од Уставот, како и со член 10 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Се изнесува дека со уредувањето во оспорената одредба од член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот, на претседателот на Советот му е дозволено да има одлучувачки глас при донесување на важни одлуки во услови кога гласањето би било 2:2, а што е спротивно и на член 10 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи каде е утврден начинот на донесување на одлуките од страна на Советот. На овој начин, останатите членови на Советот, со своите гласови се ставени во нееднаква и нерамноправна положба во однос на претседателот. Се наведува и дека со ваквото уредување во оспорената одредба, Советот се става над Законот, донесувајќи одредби спротивни на истиот.
Согласно наведеното, се бара Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од член 8 став 4 алинеја 4 од наведениот Статут и истата да ја поништи.
II
Судот на седница утврди дека оспорениот член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022) определува дека одлуките на Советот се сметаат за донесени доколку за истите гласало мнозинство од присутните членови на седницата. Мнозинството при гласањето се утврдува на следниот начин: доколку има подвоеност на гласови (2:2), гласот на претседателот на Советот е одлучувачки.
III
Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на државата, согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.
Согласно член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Владеењето на правото како темелна вредност која е утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и принципот на правна сигурност кој произлегува од оваа темелна вредност подразбира законите да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Устав и закон. Освен тоа, согласно овој уставен принцип, во правниот поредок треба да бидат нормирани јасни и прецизни правила, со цел да се обезбеди усогласеност и конзистентност во уставно-правниот поредок. Истовремено, член 51 од Уставот е клучната уставна норма во утврдувањето на уставноста и законитоста како правни принципи. Начелата на уставност и законитост се неделиво поврзани и произлегуваат од положбата на Уставот како највисок правен акт во хиерархијата на правните акти.
Законот за вршење на сметководствени работи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.173/22), со член 3 став 1 определува дека заради унапредување и надзор на сметководствената професија, Владата на Република Северна Македонија основа Совет за унапредување и надзор на сметководствената професија на Република Северна Македонија како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени со овој закон. Советот за својата работа одговара пред Владата на Република Северна Македонија, согласно ставот 4 од овој член од Законот.
Во член 4 став 1 од Законот е утврдено дека Советот донесува статут со кој се уредуваат внатрешната организација, управувањето, начинот на донесување на акти и условите за вработување на вработените во стручната служба и други прашања од значење за работењето на Советот. Во ставот 2 е определено дека на Статутот од ставот 1 на овој член согласност дава Владата на Република Северна Македонија, а согласно ставот 3, Статутот од ставот 1 на овој член се објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Делокругот на работа на Советот е утврден во став 1 од член 5 од Законот на начин што се определува дека Советот ги врши следните работи: донесува деловник за својата работа, годишна програма за работа, годишен финансиски план и годишен извештај за работењето на Советот; иницира контрола на трговци поединци-сметководители, трговци поединци овластени сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија; дава согласност на Статутот и другите акти на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија; ја следи нивната примена и му укажува на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на потребата од нивно изменување и дополнување; го следи спроведувањето на годишната и тригодишната програма за контрола преку извештаите од извршената контрола на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија; го следи спроведувањето на годишните програми за полагање испит и за континуирано професионално усовршување на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија; ја следи постапката за признавање на квалификации стекнати во странство, којашто ја спроведува Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија; го следи и контролира извршувањето на контролата на квалитет од страна на Институтот и дава препораки за подобрување на спроведувањето на контролата на квалитет, а по потреба учествува во постапките на контролирање на друштвата за вршење на сметководствени работи и трговец поединец- сметководител, односно овластен сметководител; врши надзор над работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија и изрекува мерки за констатирани неправилности и/или незаконитости од членот 49 став (5) од овој закон; дава насоки на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија за прашања за кои е надлежен согласно со овој закон; ја следи примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и дава мислење на министерот за финансии за потребата за изготвување на измени и дополнување на истите; донесува годишен план за вработување на лица во стручната служба на Советот и врши други работи утврдени со овој закон и со статутот.
Согласно член 6 став 1 од Законот, Советот го сочинуваат пет члена од кои еден е претседател и тоа: два члена предлага министерот за финансии; еден член предлага Македонската академија на науките и уметностите од редот на редовните професори на економските факултети во државата; еден член предлагаат заеднички Стопанската комора на Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанската комора на Северозападна Македонија и еден член предлага Собранието на Институтот. Во ставот 5 од овој член од Законот е утврдено дека претседателот раководи со работењето на Советот и го застапува во односите со трети лица.
Советот одлучува на седници, согласно член 10 став 1 од Законот. Во ставот 2 е утврдено дека Советот може да донесува одлуки од негова надлежност доколку на седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на членови. Согласно ставот 3, претседателот и членовите на Советот не можат да гласаат воздржано. Додека, според ставот 4, одлуките на Советот се сметаат за донесени доколку за истите гласало мнозинство од присутните членови на седницата.
Постапувајќи во согласност со изложените законски одредби, Советот го донел Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија врз основа на член 4 став 1 од Законот за вршење на сметководствени работи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.173/2022), а Владата на Република Северна Македонија дала согласност на наведениот Статут бр.41-9088/6 од 8 ноември 2022 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.242/2022.
Статутот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2022.
Во главата V од Статутот со наслов „Управување и раководење со Советот“, со член 7 став 1 се предвидува дека со Советот управува и раководи претседател, кој го застапува Советот пред надлежните органи и во односите со трети лица. Исто така, утврдено е дека претседателот на Советот претседава со седниците на Советот и врши други работи утврдени со Законот и овој статут, согласно став 2 од овој член.
Со член 8 се уредува начинот на одлучување на Советот. Во смисла на тоа, во ставот 1 е определено дека Советот работи и донесува одлуки на седници. Согласно ставот 2, Советот може да донесува одлуки кои произлегуваат од неговите работи согласно овој статут и Законот, доколку на седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на членови. А според ставот 3, претседателот и членовите на Советот можат да гласаат „ЗА“ или „ПРОТИВ“ при одлучувањето, меѓутоа истите не можат да гласаат воздржано.
Во ставот 4 од овој член од Статутот е определено дека одлуките на Советот се сметаат за донесени доколку за истите гласало мнозинство од присутните членови на седницата. Мнозинството при гласањето се утврдува на следниот начин:
– доколку присуствуваат сите пет члена на Советот, одлуките се донесуваат со најмалку три гласа „ЗА“ или „ПРОТИВ“;
– доколку на седницата присуствуваат четири членови на Советот, одлуките се донесуваат со најмалку три гласа „ЗА“ или „ПРОТИВ“;
– доколку на седницата присуствуваат три члена на Советот, одлуките се донесуваат со најмалку два гласа „ЗА“ или „ПРОТИВ“ од кои еден треба да биде гласот на претседателот на Советот;
– доколку има подвоеност на гласови (2:2), гласот на претседателот на Советот е одлучувачки.
Од анализата на наведените законски одредби произлегува дека Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија е колегијален орган, односно тело кое е составено од пет члена, а кое врз основа на Законот за вршење на сметководствени работи е овластено да постапува, решава и презема управни дејствија со цел унапредување и надзор на сметководствената професија на Република Северна Македонија. Советот за својата работа одговара пред Владата, а неговите надлежности прецизно се утврдени во став 1 од член 5 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Во смисла на ова, Судот ја имаше предвид содржината на член 4 алинеја 3 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015), каде е утврдено дека „колегијален орган“ претставува тело кое е составено од три или повеќе членови, а кое врз основа на закон е овластено да постапува, решава и презема други управни дејствија во управни работи. Оттука, ваквиот статус кој го добива Советот како колегијален орган во смисла на оваа законска одредба за Судот е неспорен. Исто така, неспорно е дека во име на овој колегијален орган треба да одлучуваат сите пет члена, што е суштинскиот елемент кој го разликува од индивидуалните (инокосни) органи каде во име на органот одлучува едно лице.
Во случајот, од содржината на оспорената одредба од член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот произлегува дека со истата се уредува начинот на утврдување на мнозинството при гласањето во ситуација во која доколку се присутни четири члена на седницата на Советот, кои при гласањето ги поделиле гласовите (2:2), за донесена да се смета онаа одлука за којашто гласал претседателот на Советот.
Анализирајќи ја оспорената одредба од Статутот во однос на целта на нејзиното донесување, според Судот, истата може да се разгледува од аспект на прецизирање на начинот на одлучување на Советот во исклучителни, ретки ситуции кои е потребно да бидат нормирани како би се овозможило непречено функционирање на ова тело, преку обезбедување можности за ефикасност во остварувањето на законски утврдените надлежности.
Меѓутоа, принципот на правна сигурност кој произлегува од темелната вредност од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот подразбира дека во правниот поредок треба да бидат пропишани јасни и прецизни норми кои ќе ја гарантираат легитимноста на одлуките кои колегијалните органи ги донесуваат при остварувањето на законски утврдените надлежности. Во случајот, уредувањето содржано во оспорената одредба на начин што „доколку има подвоеност на гласови (2:2), гласот на претседателот на Советот е одлучувачки“ значи дека претседателот на Советот добива право на т.н. одлучувачки глас во ситуација кога се присутни четири члена на седницата, а гласовите се поделени – два гласа „ЗА“ и два гласа „ПРОТИВ“ одлуката.
Според Судот, со ваквиот начин на донесувањето на одлуките на Советот, утврден во оспорената статутарна одредба се губи смислата на законското воспоставување на Советот како колегијално тело, составено од пет члена кои се рамноправни при донесувањето на одлуките. Ова практично би значело дека станува збор за одлуки за чиешто донесување клучен е гласот на претседателот на Советот, а не одлуки што ги донесува Советот како колегијален орган, што несомнено ја доведува во прашање легитимноста на одлуките коишто ги донесува ова тело при остварувањето на своите законски утврдени надлежности.
Според Судот, суштинската карактеристика на колегијалните органи, како во случајот, е еднаквоста на членовите при донесувањето на одлуките. Оттука, сите членови на Советот, вклучително и претседателот, имаат право само на еден глас при донесувањето на одлуките, независно од фактот што еден од членовите ја извршува функцијата претседател на Советот, за кој во случајот, законодавецот определил дека единствено е различен во овластувањето за управување и раководење со Советот, што произлегува од уредувањето во член 6 став 5 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Во случај интенцијата на законодавецот сепак да била во име на Советот да одлучува само едно лице, тогаш во Законот би уредил дека унапредувањето и надзорот над сметководствената професија на Република Северна Македонија е во надлежност на индивидуален (инокосен) државен орган, што овде не е случај. Согласно наведеното, Судот смета дека правно нелогично е со закон воспоставувањето на Советот како колегијален орган, составен од пет члена кои одлучуваат во име на истиот, наспроти уредувањето во случајот, со оспорената статутарна одредба, согласно кое со доделувањето на право на т.н. одлучувачки глас на претседателот, останатите членови се ставени во нееднаква и нерамноправна положба.
Истовремено, Судот цени за потребно да истакне дека кај колегијалните органи како во случајот, особено е важно уредувањето на прашањето за кворум или мнозинство при одлучувањето под што се подразбира минимален број на членови што треба да учествуваат во неговата работа и истовремено да се изјаснат со „ЗА“ или „ПРОТИВ“ одлуката, за истата да се смета за донесена.
Во смисла на ова, Законот за вршење на сметководствени работи е дециден во однос на тоа дека Советот одлучува на седници, доколку на седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на членови. Истовремено, Законот е јасен и во однос на потребното мнозинство за да бидат донесени одлуки од надлежност на ова тело. Во контекст на ова, во член 10 став 4 од Законот е утврдено дека одлуките се сметаат за донесени доколку за истите гласало мнозинство од присутните членови на седницата.
Оваа законска одредба практично значи дека во ситуација кога на седницата на Советот се присутни четири члена, за да биде донесена одлуката, потребни се најмалку три гласа „ЗА“ или „ПРОТИВ“ одлуката. Во оваа насока е и уредувањето во член 8 став 4 алинеја 2 од Статутот, каде е прецизиран начинот на утврдување на мнозинството при донесувањето на одлуките во ситуација кога на седницата присуствуваат четири члена на Советот.
Наспроти ова, од содржината на оспорената одредба од член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот произлегува дека доколку се присутни четири члена на седницата кои при гласањето ги поделиле гласовите (2:2), за донесена се смета онаа одлука за којашто гласал претседателот на Советот. Ваквото нормирање упатува на заклучок дека во овие ситуации, за да биде донесена одлука од надлежност на Советот, потребни се само два гласа. На овој начин, според Судот, уредувањето во оспорената статутарна одредба излегува надвор од рамките на, со закон, утврденото мнозинство за донесување одлуки од надлежност на Советот, поради што основано може да се постави прашањето за согласноста на истата со член 10 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи.
Имајќи ја предвид направената анализа, Судот оцени дека основано може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на член 8 став 4 алинеја 4 од Статутот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение за неговата согласност со член 10 став 4 од Законот за вршење на сметководствени работи, како и со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës, dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 12 korrik 2023, miratoi
A K T V E N D I M
INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit të Këshillit për avancim dhe mbikëqyrje të profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut“ nr.254/2022).
Arsyetim
I
Parashtruesi, Trajço Vuçkov nga Berova, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dërguar iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit të Këshillit për avancim dhe mbikëqyrje mbi profesionin e kontabilitetit në Republikën e Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 254/2022).
Në pretendimet e iniciativës thuhet se dispozita e kontestuar e Statutit është në kundërshtim me nenin 9 dhe nenin 51 të Kushtetutës, si dhe me nenin 10 paragrafi 4 të Ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit.
Thuhet se me rregullimin në dispozitën kontestuese të nenit 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit, kryetarit të Këshillit i lejohet vota vendimtare me rastin e marrjes së vendimeve të rëndësishme në kushtet kur votimi do të ishte 2:2, që është në kundërshtim me nenin 10 paragrafi 4 të Ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit, ku përcaktohet mënyra e marrjes së vendimeve nga Këshilli. Në këtë mënyrë anëtarët e tjerë të Këshillit me votat e tyre vendosen në pozitë të padrejtë dhe të pabarabartë në raport me kryetarin. Gjithashtu thuhet se me një rregullim të tillë në dispozitën kontestuese, Këshilli e vendos veten mbi ligjin, duke miratuar dispozita në kundërshtim me të.
Në bazë të sa më sipër, kërkohet që Gjykata të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitës nga neni 8, paragrafi 4, alineja 4, të Statutit të lartpërmendur dhe ta anulojë atë.
II
Gjykata në seancë konstatoi se neni kontestues 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit të Këshillit për avancim dhe mbikëqyrje mbi profesionin e kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 254 /2022) përcakton se vendimet e Këshillit konsiderohen të miratuara nëse për to kanë votuar shumica e anëtarëve të pranishëm në mbledhje. Shumica gjatë votimit përcaktohet në këtë mënyrë: nëse ka ndarje të votave (2:2), vota e kryetarit të Këshillit është vendimtare.
III
Sundimi i të drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të shtetit, në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në pajtim me nenin 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Sundimi i të drejtës si vlerë themelore e përcaktuar në nenin 8, paragrafi 1, alineja 3 të Kushtetutës dhe parimi i sigurisë juridike që buron nga kjo vlerë themelore nënkupton që ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe ligj. Për më tepër, në pajtim me këtë parim kushtetues, duhet të standardizohen rregulla të qarta dhe të sakta në rendin juridik, në mënyrë që të sigurohet përputhshmëri dhe konsistencë në rendin kushtetues-juridik. Në të njëjtën kohë, neni 51 i Kushtetutës është norma kryesore kushtetuese në vendosjen e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë si parime juridike. Parimet e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë janë të lidhura në mënyrë të pandashme dhe rrjedhin nga pozicioni i Kushtetutës si akti më i lartë juridik në hierarkinë e akteve juridike.
Ligji për kryerjen e punëve të kontabilitetit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 173/22), me nenin 3 paragrafi 1 përcakton se për skak të avancimit dhe mbikëqyrjes së profesionit të kontabilitetit, Qeveria e Republika e Maqedonisë së Veriut themelon Këshillin për avancimin dhe mbikëqyrjen e profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut si organ rregullator i mëvetësishëm dhe i pavarur, me kompetenca publike të përcaktuara me këtë ligj. Këshilli për punën e tij i përgjigjet Qeverisë së Republikës së Maqedonisë së Veriut, në pajtim me paragrafin 4 të këtij neni të Ligjit.
Në nenin 4, paragrafi 1 të ligjit, është përcaktuar se Këshilli miraton statut që rregullon organizimin e brendshëm, menaxhimin, mënyrën e miratimit të akteve dhe kushtet për punësimin e të punësuarve në shërbimin profesional dhe çështje të tjera me rëndësi për funksionimin e Këshillit. Në paragrafin 2 është përcaktuar se Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut jep pëlqimin e saj për Statutin nga paragrafi 1 i këtij neni, dhe sipas paragrafit 3, Statuti nga paragrafi 1 i këtij neni publikohet në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut “.
Fushëveprimi i punës së Këshillit është përcaktuar në paragrafin 1 të nenit 5 të Ligjit në atë mënyrë që të përcaktohet se Këshilli kryen këto punë: miraton rregulloren e punës së tij, programin vjetor të punës, planin vjetor financiar dhe raportin vjetor për punën e Këshillit; inicon kontrollin e tregtarëve individualë-kontabilistë, tregtarëve individualë kontabilistë të autorizuar dhe shoqërive për kryerjen e punëve të kontabilitetit pranë Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut; jep pëlqimin për Statutin dhe aktet tjera të Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut; monitoron aplikimin e tyre dhe i tregon Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut nevojën për modifikimin dhe plotësimin e tyre; monitoron zbatimin e programit vjetor dhe trevjeçar të kontrollit përmes raporteve nga kontrolli i kryer nga Instituti i kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut; përcjell zbatimin e programeve vjetore për dhënien e provimeve dhe për zhvillim të vazhdueshëm profesional të Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut; ndjek procedurën për njohjen e kualifikimeve të fituara jashtë vendit, të cilën e zbaton Instituti i kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut; përcjell dhe kontrollon kryerjen e kontrollit të cilësisë nga Instituti dhe jep rekomandime për përmirësimin e zbatimit të kontrollit të cilësisë, dhe nëse është e nevojshme merr pjesë në procedurat e shoqërive kontrolluese për kryerjen e punëve të kontabilitetit dhe tregtar-kontabilist individual, gjegjësisht kontabilist i autorizuar; mbikëqyr punën e Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe shqipton masa për parregullsitë dhe/ose kundërligjshmëritë e konstatuara nga neni 49 paragrafi (5) i këtij ligji; i jep udhëzime Institutit të kontabilistëve dhe kontabilistëve të autorizuar të Republikës së Maqedonisë së Veriut për çështjet për të cilat është kompetent në pajtim me këtë ligj; përcjell zbatimin e dispozitave të këtij ligji dhe të rregulloreve të miratuara në bazë të këtij ligji dhe i jep mendim ministrit të Financave për nevojën e hartimit të ndryshimeve dhe plotësimeve të të njëjtave; miraton planin vjetor për punësimin e personave në shërbimin profesional të Këshillit dhe kryen punë të tjera të përcaktuara me këtë ligj dhe me statutin.
Në bazë të nenit 6 paragrafi 1 të Ligjit, Këshilli përbëhet nga pesë anëtarë, njëri prej të cilëve është kryetar, përkatësisht: dy anëtarë të propozuar nga ministri i Financave; një anëtar e propozon Akademia e Shkencave dhe Arteve të Maqedonisë nga radhët e profesorëve të rregullt të fakulteteve ekonomike në vend; një anëtar propozohet bashkërisht nga Oda Ekonomike e Maqedonisë së Veriut, Unioni i Odave Ekonomike të Maqedonisë dhe Oda Ekonomike e Maqedonisë Veriperëndimore dhe një anëtar propozohet nga Kuvendi i Institutit. Në paragrafin 5 të këtij neni të ligjit, është përcaktuar se kryetari udhëheq me punën e Këshillit dhe e përfaqëson atë në marrëdhëniet me palët e treta.
Këshilli vendos në mbledhje në pajtim me nenin 10 paragrafi 1 të Ligjit. Në paragrafin 2, përcaktohet se Këshilli mund të marrë vendime në juridiksionin e tij nëse në mbledhje është e pranishme shumica e numrit të përgjithshëm të anëtarëve. Sipas paragrafit 3, kryetari dhe anëtarët e Këshillit nuk mund të votojnë të përmbajtur. Ndërsa, sipas paragrafit 4, vendimet e Këshillit konsiderohen të miratuara nëse për to kanë votuar shumica e anëtarëve të pranishëm në mbledhje.
Duke vepruar në përputhje me dispozitat e përcaktuara ligjore, Këshilli miratoi Statutin e Këshillit për avancim dhe mbikëqyrje të profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut në bazë të nenit 4 paragrafi 1 të Ligjit për kryerjen e shërbimeve të kontabilitetit (*) (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 173/2022), dhe Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dhënë pëlqimin e saj për Statutin e lartpërmendur nr. 41-9088/6 të datës 8 nëntor 2022, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 242/2022.
Statuti është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 254/2022.
Në kapitullin V të Statutit të titulluar “Menaxhimi dhe udhëheqja e Këshillit”, neni 7 paragrafi 1 parashikon se Këshilli drejtohet dhe menaxhohet nga kryetari, i cili përfaqëson Këshillin para organeve kompetente dhe në marrëdhëniet me palët e treta. Gjithashtu, përcaktohet se kryetari i Këshillit kryeson mbledhjet e Këshillit dhe kryen punë të tjera të përcaktuara me ligj dhe me këtë statut, në pajtim me paragrafin 2 të këtij neni.
Neni 8 rregullon mënyrën e vendimmarrjes së Këshillit. Në këtë kuptim, në paragrafin 1 është përcaktuar se Këshilli punon dhe merr vendime në mbledhje. Sipas paragrafit 2, Këshilli mund të marrë vendime që dalin nga puna e tij në pajtim me këtë statut dhe ligj, nëse në mbledhje janë të pranishëm shumica e numrit të përgjithshëm të anëtarëve dhe sipas paragrafit 3, kryetari dhe anëtarët e Këshillit mund të votojnë “PËR” ose “KUNDËR” gjatë vendimmarrjes, por nuk mund të votojnë të përmbajtur.
Në paragrafin 4 të këtij neni të Statutit, është përcaktuar se vendimet e Këshillit konsiderohen të miratuara nëse për to kanë votuar shumica e anëtarëve të pranishëm në mbledhje. Shumica gjatë votimit përcaktohet në këtë mënyrë:
– nëse janë të pranishëm të pesë anëtarët e Këshillit, vendimet merren me të paktën tre vota “PËR” ose “KUNDËR”;
– nëse në mbledhje marrin pjesë katër anëtarë të Këshillit, vendimet merren me të paktën tre vota “PËR” ose “KUNDËR”;
– nëse në mbledhje marrin pjesë tre anëtarë të Këshillit, vendimet merren me të paktën dy vota “PËR” ose “KUNDËR”, njëra prej të cilave duhet të jetë zëri i kryetarit të Këshillit;
– nëse ka ndarje votash (2:2), vota e kryetarit të Këshillit është vendimtare.
Nga analiza e dispozitave të përmendura ligjore, del se Këshilli për avancimin dhe mbikëqyrjen e profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut është organ kolegial, përkatësisht organ i përbërë nga pesë anëtarë dhe i cili në bazë të Ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit është i autorizuar të veprojë, vendos dhe ndërmerr veprime administrative me qëllim të avansimit dhe mbikëqyrjes së profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut. Këshilli për punën e tij i përgjigjet Qeverisë, ndërsa kompetencat e tij janë të përcaktuara saktësisht në paragrafin 1 të nenit 5 të Ligjit për punë të kontabilitetit.
Në këtë kuptim, Gjykata ka pasur parasysh përmbajtjen e nenit 4 alineja 3 të Ligjit për procedurën e përgjithshme administrative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 124/2015), ku është përcaktuar se “organi kolegial” është organ i përbërë nga tre ose më shumë anëtarë, dhe i cili me ligj është i autorizuar për të vepruar, vendosur dhe ndërmarrë veprime të tjera administrative në çështjet administrative. Prandaj, statusi i Këshillit si organ kolegial në kuptim të kësaj dispozite ligjore për Gjykatën është i padiskutueshëm. Është gjithashtu e padiskutueshme që të pestë anëtarët duhet të vendosin në emër të këtij organi kolegial, që është elementi thelbësor që e dallon atë nga organet individuale (të huaja) ku një person vendos në emër të organit.
Në këtë rast, nga përmbajtja e dispozitës kontestuese të nenit 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit del se rregullon mënyrën e përcaktimit të shumicës gjatë votimit në situatë kur në mbldhjen e Këshillit janë të pranishëm katër anëtarë, të cilët gjatë votimit i kanë ndarë votat (2:2), i miratuar të konciderohet ai vendim për të cilin ka votuar kryetari i Këshillit.
Duke analizuar dispozitën e kontestuar nga Statuti në lidhje me qëllimin e miratimit të tij, sipas Gjykatës, e njëjta mund të shqyrtohet nga aspekti i saktësimit të mënyrës së vendimmarrjes nga Këshilli në situata të jashtëzakonshme, të rralla, që duhet të standardizohen me qëllim që të mundësohet funksionimi pa probleme i këtij organi, duke ofruar mundësi për efikasitet në realizimin e kompetencave të përcaktuara me ligj.
Megjithatë, parimi i sigurisë juridike, i cili buron nga vlera themelore e nenit 8, paragrafi 1, alineja 3 i Kushtetutës, nënkupton që në rendin juridik duhet të përcaktohen norma të qarta dhe të sakta që do të garantojnë legjitimitetin e vendimeve që organet kolegiale bëjnë në zbatimin e kompetencave të përcaktuara me ligj. Në këtë rast, rregullimi që përmban dispozita e kontestuar në atë mënyrë që “nëse ka një ndarje votash (2:2), vota e kryetarit të Këshillit është vendimtare” do të thotë se kryetari i Këshillit merr të drejtën e të ashtuquajturës votë vendimtare në situatën kur në mbledhje janë të pranishëm katër anëtarë, dhe votat ndahen – dy vota “PËR” dhe dy vota “KUNDËR” vendimit. Sipas Gjykatës, me këtë mënyrë të marrjes së vendimeve të Këshillit, të përcaktuar në dispozitën kontestuese statutore, humbet kuptimi i themelimit ligjor të Këshillit si organ kolegial, i përbërë nga pesë anëtarë të barabartë në marrjen e vendimeve. Kjo praktikisht do të nënkuptonte se bëhet fjalë për vendime për miratimin e të cilave zëri i kryetarit të Këshillit është kyç dhe jo vendimet e miratuara nga Këshilli si organ kolegial, gjë që padyshim se vë në pikëpyetje legjitimitetin e vendimeve të marra nga ky organ në realizimin e kompetencave të tij të përcaktuara me ligj.
Sipas Gjykatës, karakteristikë thelbësore e organeve kolegiale, si në rastin konkret, është barazia e anëtarëve në marrjen e vendimeve. Së këndejmi, të gjithë anëtarët e Këshillit, përfshirë edhe kryetarin, kanë të drejtën e vetëm një vote gjatë marrjes së vendimeve, pavarësisht se njëri prej anëtarëve e kryen funksionin e kryetarit të Këshillit, gjë që në këtë rast ligjvënësi ka përcaktuar se është i ndryshëm vetëm në autorizimin për të menaxhuar dhe për të udhëhequr me Këshillin, që rezulton nga rregullimi në nenin 6 paragrafi 5 të Ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit.
Në rast se qëllimi i ligjvënësit ishte që në emër të Këshillit të vendosë vetëm një person, atëherë në ligj ai do të rregullonte që avancimi dhe mbikëqyrja e profesionit të kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut të jetë në kompetencë të një organi individual (tjetër) shtetëror, gjë që nuk ndodh këtu. Sipas sa më sipër, Gjykata vlerëson se është juridikisht e palogjikshme me ligj të krijohet Këshilli si organ kolegial, i përbërë nga pesë anëtarë, të cilët vendosin në emër të tij, përkundër rregullimit në rastin, me dispozitën kontestuese statutore, në pajtim me të cilën dhënia e së drejtës së të ashtuquajturës votë vendimtare e kryetarit, anëtarët tjerë vendosen në pozitë të pabarabartë dhe të padrejtë.
Në të njëjtën kohë, Gjykata e konsideron të nevojshme të theksojë se me organet kolegiale, si në rastin konkret, është veçanërisht e rëndësishme të rregullohet çështja e kuorumit apo shumicës në vendimmarrje, që nënkupton numrin minimal të anëtarëve që duhet të marrin pjesë në punën e tij dhe në të njëjtën kohë të deklarojë me “PËR” ose “KUNDËR” vendimit, që i njëjti të konsiderohet i miratuar.
Lidhur me këtë, Ligji për kryerjen e punëve të kontabilitetit është decid në lidhje me faktin se Këshilli vendos në mbledhje, nëse në mbledhje janë të pranishëm shumica e numrit të përgjithshëm të anëtarëve. Njëkohësisht, ligji është i qartë edhe për shumicën e nevojshme për marrjen e vendimeve nën kompetencën e këtij organi. Në kuadër të kësaj, në nenin 10 paragrafi 4 të Ligjit është përcaktuar se vendimet konsiderohen të marra nëse për to kanë votuar shumica e anëtarëve të pranishëm në mbledhje.
Kjo dispozitë ligjore praktikisht nënkupton se në një situatë kur në mbldhjen e Këshillit janë të pranishëm katër anëtarë, për marrjen e vendimit nevojiten së paku tri vota “PËR” ose “KUNDËR” vendimit. Në këtë drejtim është edhe rregullorja në nenin 8 paragrafi 4 alineja 2 të Statutit, ku është saktësuar mënyra e përcaktimit të shumicës gjatë marrjes së vendimeve në situatën kur në mbledhje marrin pjesë katër anëtarë të Këshillit.
Përkundër kësaj, nga përmbajtja e dispozitës kontestuese të nenit 8 paragrafi 4 alineja 4 të Statutit del se nëse në mbledhje marrin pjesë katër anëtarë të cilët kanë ndarë votat (2:2) gjatë votimit, vendimi për të cilin ka votuar kryetari i Këshillit konsiderohet vendimtar. Një normim i tillë nxjerr në përfundimin se në këto situata nevojiten vetëm dy vota për të marrë një vendim nën kompetencë të Këshillit. Në këtë mënyrë, sipas Gjykatës, rregullimi në dispozitën statutore të kontestuar del jashtë fushëveprimit të shumicës së përcaktuar me ligj për marrjen e vendimeve në kompetencë të Këshillit, prandaj mund të parashtrohet edhe çështja bazë e pëlqimit të tij me nenin 10 paragrafi 4 të ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit.
Duke marrë parasysh analizën e kryer, Gjykata vlerësoi se mund të ngrihet çështja e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së nenit 8, paragrafi 4, alineja 4, të Statutit të Këshillit për avancimin dhe mbikëqyrjen mbi profesionin e kontabilitetit të Republikës së Maqedonisë së Veriut, për shkak të ekzistimit të dyshimit të bazuar për pëlqimin e tij, me nenin 10 paragrafi 4 të Ligjit për kryerjen e punëve të kontabilitetit, si dhe me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonia e Veriut.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska