Уставен суд на
Република Северна Македонија
У.бр.54/2023
Скопје, 5 јули 2023 година
Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 јули 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија” број 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 108/2019, 275/2019, 110/2021 и 89/2022).
Образложение
I
Подносителот Николчо Атанасовски, адвокат од Делчево, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи, но и на законитоста на членот од Законот.
По наведување на содржината на член 99 од Законот за внатрешни работи, подносителот наведува дека став 3 на член 99 од Законот е противуставен и незаконит, по што во продолжение ги цитира одредбите од член 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 9 и член 51 од Уставот. Потоа наведува дека од анализата на Законот за работните односи произлегува дека работниот однос е доброволен однос помеѓу работодавачот и работникот во кој работникот се вклучува во однапред организиран процес кај работодавачот со цел да оствари плата и други надоместоци. Наведува и дека прашањето за надомест на штета како општо прифатено начело e уредено со Законот за облигационите односи и ги цитира членовите 141 (основи на одговорноста), 142 (штета), 174 (воспоставување на поранешната состојба и надомест во пари), 178 (обична штета и испуштена корист) и 179 (целосен надомест) од Законот за облигационите односи, а исто така ги цитира одредбите од членовите 156 (одговорност на работниците за штетата) и 157 (паушално обесштетување) од Законот за работните односи.
По цитирањето на одредбите од погоре наведените закони, подносителот наведува дека со оспорениот член од Законот неосновано е определено полицаец – приправник да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати без предвидени конкретни случаи на штетни дејствија на работникот, бидејќи кога не се определени конкретни случаи на штетни дејствија на работникот со закон не може да станува збор за некакво паушално обесштетување. Притоа, наведува дека судот е тој кој во конкретен случај, ценејќи ги околностите поради кои дошло до штета кај работодавачот (однесувањето на самиот работодавач и одразот од однесувањето на работникот), ќе одлучи дали постои штета и колкава е нејзината висина.
Во контекст на изнесените наводи подносителот се повикува и на член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права според кој секој има право на правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски, и смета дека со така уреденото прашање за надомест на штета во оспорениот член од Законот, се исклучува генералниот принцип дека граѓаните имаат право своите граѓански права да ги остваруваат пред суд.
На крајот подносителот наведува дека со оглед на тоа што подзаконските акти мораат да бидат во согласност со Уставот и со закон, што е принцип на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, оспорениот член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи, не е во согласност со Уставот и законите.
Со поднесок за дополнување на иницијативата, подносителот го цитира член 32 став 5 од Уставот според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, по што наведува дека оваа уставна одредба уредува работничките права да се регулираат само со еден закон, дека правото на отказ е детално регулирано во Законот за работните односи, па бидејќи Уставот пропишал дека за правата на вработените и нивната положба е предвидено донесување на еден закон, не може во други закони (lex specialis) да се ограничуваат правата и да се изрекуваат казни. Покрај обичната штета (иако и таа е дискутабилна), истата согласно оспорената законска одредба се зголемува за три пати.
Подносителот укажува дека во прилог ја доставува Одлуката У.бр.106/2016 на Уставниот суд (иако таму биле поништени одредби од колективни договори), како и Пресудата Ро.бр.56/21 на Основен суд Делчево, дека работникот се задолжува со такви износи.
Од изнесените причини, подносителот наведува дека останува кон иницијативата бидејќи во оспорената законска одредба, освен надомест на штета постои и казна, а во продолжение го цитира член 14 став 1 од Уставот според кој никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
II
Судот на седницата утврди дека според оспорениот член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи, полицаецот – приправник кој нема да ги исполни условите од ставот 2 на овој член, должен е да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.
III
Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Уставот, со член 32 став 1 утврдува дека секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност, а со став 2 на наведениот член дека секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Согласно став 5 на член 32 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
Член 51 став 1 од Уставот уредува дека во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон, а според став 2 на наведениот член, секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Со Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија” број 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 108/2019, 275/2019, 110/2021 и 89/2022) се уредуваат внатрешните работи, општите начела за работниците во Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст: Министерството), организацијата и надлежноста на Министерството, статусот и посебните должности и овластувања на работниците во Министерството, класификацијата на работните места во Министерството, соработката, контролата на вршењетo на работите во Министерството, правата и обврските од работен однос на работниците во Министерството, материјалната одговорност, односно надоместокот на штета и дисциплинската одговорност на работниците во Министерството, како и обработката на лични податоци и други податоци и евиденции што се водат во Министерството.
Заради ефикасно извршување на основната полициска функција, неопходно е Министерството за внатрешни работи да располага со квалитетни стручни кадри, за која цел Законот за внатрешни работи со член 81 предвидува спроведување на обука и тоа: кога определено лице за прв пат заснова работен однос (обука на приправник), кога определено лице врз основа на спроведена постапка за селекција е избрано за кандидат за полицаец (основна обука за полицаец), заради оспособување на работник за самостојно вршење на работите на одредено работно место и заради континуирана обука на работник, за чие обучување и континуирано усовршување Министерството вложува средства и ресурси.
Според член 95 од Законот, основната обука за полицаец трае една година, а согласно член 96 од Законот, во текот на основната обука за полицаец, кандидатот за полицаец задолжително престојува во Центарот (интернатско сместување), каде што има обезбедено сместување и исхрана.
Согласно член 97 од Законот, по истекот на обуката од член 95 од овој закон, Центарот врз основа на покажаните резултати на кандидатите за полицаец во текот на обуката, изготвува ранг-листа и на кандидатите за полицаец им се издава потврда за завршена основна обука за полицаец.
Според член 98 став 1 од Законот, министерот за внатрешни работи донесува решение за избор на обучени кандидати за полицаец од најдобро рангираните обучени кандидати за полицаец од ранг-листата од член 97 од овој закон, а согласно со утврдената потреба за бројот на полицајците за кои е распишан јавниот оглас.
Член 99 став 1 од Законот за внатрешни работи уредува дека со кандидатите за полицаец од решението од член 98 од овој закон, Министерството склучува договор за вработување, со кој кандидатите за полицаец се стекнуваат со статус на полицаец – приправник, а според став 2 на наведениот член, со договорот од ставот 1 на овој член се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување.
Воедно, со став 3 на член 99 од Законот, којшто е оспорен со иницијативата, се уредува дека полицаецот – приправник кој нема да ги исполни условите од став 2 на овој член, должен е да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати. Поточно, овој оспорен член од Законот уредува правна ситуација кога полицаец – приправник, претходно обучен на товар на Министерството за внатрешни работи, не ја исполни обврската од договорот за вработување (не остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување), што е всушност законска обврска утврдена во став 2 од истиот член од Законот, поради што е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.
При нормирањето на оспорената одредба член 99 став 3 од Законот, законодавецот ги имал предвид потрошените средства за обука на работникот, како и изгубените придобивки со неговото непочитување на условот од став 2 на истиот член (да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување), а воедно и трошоците потребни за пополнување на испразнетите работни места и вршење на нови обуки, од кои произлегуваат дополнителни трошоци коишто не би настанале доколку полицаецот – приправник ги почитувал одредбите од договорот за вработување што го склучил со Министерството за внатрешни работи.
Со раскинување на договорот за вработување пред истек на предвидените пет години, поради вина на работникот, Министерството се здобива со штета, односно намалување на бројот на полициски службеници којшто бил утврден врз основа на утврдените кадровски потреби на Министерството во функција на ефикасно остварување на основната полициска функција.
Член 156 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021 и 111/2023) уредува дека работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести. Воедно, Законот за внатрешни работи со член 177 став 1 утврдува одговорност на работниците за направена штета, односно дека работник кој ќе предизвика штета на Министерството во работата, односно во врска со работата е должен да ја надомести.
Погоре цитираните одредби од член 99 ставови 2 и 3 од Законот за внатрешни работи, претставуваат составен дел од обврските на работникот наведени во договорот за вработување, а во овој контекст согласно член 99 став 1 од Законот за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи донесува решение за избор на обучени кандидати за полицаец од најдобро рангираните обучени кандидати за полицаец од ранг-листата, а согласно со утврдената потреба за бројот на полицајците за кои е распишан јавниот оглас. Следствено, како што е определено во став 1 од член 99 од Законот, со кандидатите за полицаец од решението од член 98 од овој закон, Министерството склучува договор за вработување, со кој кандидатите за полицаец се стекнуваат со статус на полицаец – приправник.
Имајќи предвид дека договорот за вработување претставува доброволен однос помеѓу работодавачот и работникот, односно истиот е израз на слободната волја на лицето да заснова работен однос во Министерството, работникот може да одбие да го потпише договорот за вработување. Меѓутоа, со склучувањето на договорот за вработување, работникот ги прифаќа своите права, вклучително и обврските коишто произлегуваат од Законот за работните односи, Законот за полицијата, Законот за внатрешни работи, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи и актите на работодавачот.
Во договорот за вработување се определени правата и обврските на двете договорни страни, така што лицето пред потпишување на договорот за вработување се запознава со неговата содржина, односно со правата и обврските коишто произлегуваат од истиот. Лицето кое склучува договор за вработување со Министерството за внатрешни работи, доброволно пристапува кон одредбите од договорот, така што со самото склучување на договорот за вработување, лицето се согласило со одредбите од договорот, како и со последиците коишто произлегуваат од непочитување на одредбите од договорот.
Со донесување на решение со кое се раскинува договорот за вработување (од страна на Министерството во случаи определени со закон или врз основа на поднесено барање од работникот), се определува и износот на штетата којашто треба да се плати од страна на работникот, при што не се исклучува можноста истиот да приговара на донесеното решение до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а понатаму и да поведе постапка пред суд за утврдување на ништовност на решението и основаноста на износот на штетата којашто е определена во решението, од кои причини според Судот, неосновани се наводите во иницијативата дека со наведениот начин на уредување на прашањето за надомест на штета е исклучен генералниот принцип од член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права со кој се уредува дека граѓаните имаат право своите граѓански права да ги остваруваат пред суд.
Воедно, одредби, со уредување како што е во оспорениот член 99 став 3 (договор за вработување) од Законот за внатрешни работи, се пропишани и во останати одредби од истиот закон поврзани со обука како што се: член 83 став 3 (договор за обука на работник во Министерството), член 91 став 2 (договор за обука со приправници на Министерството), член 103 став 3 (договор за обука заради оспособување на работник за самостојно вршење на работите на одредено работно место), член 104 став 5 (континуирана обука), член 105 став 4 (спроведување на обука од страна на работник во Министерството), но и во други прописи (сродни по надлежноста и спецификите на службата со предметниот закон) на ист начин се регулира предметното прашање. Имено, според член 92 став 3 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2022) вработениот кој нема да ги исполни обврските од склучениот договор од став 2 на овој член е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати. На ист начин предметното прашање е регулирано и во член 80 став 3 (договор за континуирана обука) од Законот за Агенција за национална безбедност („Службен весник на Република Северна Македонија” број 108/2019) дека работникот кој нема да ги исполни условите од став 2 на овој член, должен е да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.
Во однос на наводите дека оспорениот член 99 став 3 од Законот, освен надомест на штета уредува и казна, по што подносителот го цитира член 14 став 1 од Уставот, според Судот, оспорениот член од Законот не може да се доведе во корелација со погоре наведениот член од Уставот, бидејќи за предвидување на казна најнапред е потребно постоење на противправно однесување, кое како такво ќе го утврди законодавецот. Казната е последица од сторување на дело пропишано како казниво дело, а во случајов неостанувањето на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување, односно напуштањето на работата во Министерството пред истекот на тој период, неспорно не е казниво дело. Притоа, не се предвидува забрана за напуштање на работата во Министерството. Останувањето на работа е законски услов при склучувањето на договор за вработување со обучен кандидат за полицаец, а право и слободна волја е на полицаецот дали ќе го напушти Министерството по наведениот период, со што не е во обврска да ги надомести трошоците за обука, или ќе го напушти пред тој период со надоместување на трошоците за обука. Со самиот факт што изразил волја да биде обучуван со средства на товар на државата и бил обучуван, и со самиот факт дека изразил слободна волја и прифатил да склучи договор за вработување со работодавачот согласно законски предвидените услови, јасно укажува дека се согласил да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати доколку предвреме по сопствена волја ја напушти работата за која го склучил договорот за вработување со Министерството на чиј товар се стекнал со потребните стручни квалификации, а со тоа и со вработување.
Во врска со оспореното уредување на членот од Законот, подносителот со иницијативата го цитира член 9 од Уставот без наводи каде го гледа нееднаквиот третман на граѓаните во содржината на оспорената законска одредба, дотолку повеќе што од оспорениот член на Законот воопшто не произлегува содржина која прави разлика помеѓу граѓаните по некоја дискриминаторска основа во поглед на обврската за надоместување на трошоците за обука, имајќи предвид дека тие се однесуваат подеднакво на секој кој нема да го исполни условот од член 99 став 2 од Законот, односно да остане најмалку пет години во Министерството, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Со иницијативата подносителот го цитира и член 32 став 5 од Уставот, според кој остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, по што наведува дека оваа уставна одредба уредува работничките права да се регулираат само со еден закон, дека правото на отказ е детално регулирано во Законот за работните односи, па бидејќи Уставот пропишал дека за правата на вработените и нивната положба е предвидено донесување на еден закон, не може во други закони (lex specialis) да се ограничуваат правата и да се изрекуваат казни.
Меѓутоа, ваквите наводи како образложение за несогласноста на оспорениот член од Законот со член 32 став 5 од Уставот, не се јасни.
Уредувањето во член 32 став 5 на Уставот дека остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон (и со колективни договори), во никој случај не подразбира еден закон. Прашањата од сферата на работните односи не се уредуваат исклучиво со Законот за работните односи, туку и со многу други закони, вклучително и со Законот за внатрешни работи. Законот за работните односи е општ закон од областа на работните односи којшто дава можност со друг закон или колективен договор да бидат предвидени и други права и обврски за работниците кои склучуваат договор за вработување. Подносителот на иницијативата го немал предвид член 28 став 2 од Законот за работните односи (содржина на договорот за вработување) којшто уредува дека договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со овој и друг закон и колективен договор. Законот за внатрешни работи како lex specialis ги доуредува правата од работен однос на работниците во Министерството за внатрешни работи со статус на овластени службени лица.
Што се однесува до оспорувањето на законитоста на законската одредба, Уставот е највисок правен акт, при што согласно член 51 став 1 од Уставот, законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Според член 110 алинеја 1 од Уставот, Уставниот суд на Република Северна Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот, а според алинеја 2 на наведениот член, одлучува и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите. Оттука, не може да се бара оцена на законитост на закон или законитост на законска одредба, а како што бара подносителот со иницијативата, туку уставност на закон или негова одредба.
Имајќи го предвид погоре изнесеното, пред Судот не се постави прашањето за согласноста на член 99 став 3 од Законот за внатрешни работи со одредбите на Уставот на кои се повикува подносителот на иницијативата.
IV
Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq – Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 31 maj 2023, miratoi
A K T V E N D I M
NUK INICIOHET procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 99 paragrafi 3 të Ligjit për punë të brendshme („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 dhe 21/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 108/2019, 275/2019, 110/2021 dhe 89/2022).
Arsyetim
I
Parashtruesi Nikollço Atanasovski, avokat nga Dellçeva, Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut i parashtroi iniciativë për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 99 paragrafi 3 të Ligjit për punë të brendshme, por edhe të ligjshmërisë së nenit nga Ligji.
Pas dhënies së përmbajtjes së nenit 99 të Ligjit për punë të brendshme, parashtruesi thekson se paragrafi 3 i nenit 99 nga Ligji në fjalë është antikushtetues dhe i kundërligjshëm, me ç’rast në vazhdim i citon dispozitat e nenit 8, paragrafi 1, alineja 3 dhe 4, nenin 9 dhe nenin 51 të Kushtetutës. Më pas ai thekson se nga analiza e Ligjit për marrëdhëniet e punës rezulton se marrëdhënia e punës është një marrëdhënie vullnetare ndërmjet punëdhënësit dhe punëtorit në të cilën punëtori është i përfshirë në një proces të organizuar që më parë me punëdhënësin me qëllim që ta realizojë marrjen e pagës dhe kontributeve të tjera. Ai gjithashtu thekson se çështja e kompensimit të dëmit si parim i pranuar përgjithësisht rregullohet me Ligjin për marrëdhëniet obliguese dhe i citon nenet 141 (baza e përgjegjësisë), 142 (dëmi), 174 (konstatimi i gjendjes së mëparshme dhe kompensimi në para), 178 (dëmi i zakonshëm dhe dobia e humbur) dhe 179 (kompensim i plotë) i Ligjit për marrëdhëniet obliguese, si dhe i citon dispozitat e nenit 156 (përgjegjësia e punëtorëve për dëmin) dhe 157 (dëmshpërblim paushal) të Ligjit për marrëdhëniet e punës.
Pas citimit të dispozitave të ligjeve të lartpërmendura, parashtruesi potencon se me nenin e kontestuar të Ligjit është përcaktuar në mënyrë të pabazuar se polici – praktikant duhet t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të rritura për trefish, pa parashikuar raste të veçanta të veprimeve të dëmshme të punëtorit, sepse kur nuk përcaktohen raste të veçanta të veprimeve të dëmshme të punëtorit, me ligj nuk mund të bëhet fjalë për ndonjë dëmshpërblim paushal. Më pas, ai thekson se gjykata është ajo e cila në raste konkrete, duke i vlerësuar rrethanat që i kanë shkaktuar dëm punëdhënësit (sjellja e vetë punëdhënësit dhe pasqyrimi i sjelljes së punëtorit), do të vendosë nëse ka dëm dhe sa është shuma e tij.
Në kuadër të pretendimeve të paraqitura, parashtruesi i referohet edhe nenit 6 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut, sipas të cilit secili ka të drejtë që të drejtat e tij qytetare të rishikohen dhe të përcaktohen në mënyrë të drejtë dhe publike, brenda një afati të arsyeshëm, para një gjykate të pavarur dhe të paanshme të themeluar me ligj të shqyrtohen dhe përcaktohen të drejtat dhe obligimet e tij qytetare dhe konsideron se me çështjen e kompensimit të dëmit të rregulluar kësisoj në nenin kontestues të Ligjit, përjashtohet parimi i përgjithshëm se qytetarët kanë të drejtë që të drejtat e tyre qytetare t’i realizojnë para gjykatës.
Në fund, parashtruesi potencon se meqenëse aktet nënligjore duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën dhe ligjin, që është parimi i sundimit të ligjit si vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut, neni 99 paragrafi 3 i Ligjit për punë të brendshme, nuk është në pajtim me Kushtetutën dhe ligjet.
Me parashtresë për plotësimin e iniciativës, parashtruesi e citon nenin 32 paragrafi 5 të Kushtetutës, sipas të cilit realizimi i të drejtave të punëtorëve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive, pas së cilës thekson se kjo dispozitë kushtetuese përcakton se të drejtat e punëtorëve janë të rregulluara vetëm me një ligj, se e drejta e dorëheqjes është e rregulluar në mënyrë të detajuar në Ligjin për marrëdhëniet e punës, kështu që meqenëse Kushtetuta e ka përcaktuar për të drejtat e punëtorëve dhe pozitën e tyre është paraparë miratimi i një ligji, nuk mundet në ligje të tjera (lex specialis) të kufizohen të drejtat dhe të shqiptohen gjoba. Përveç dëmit të zakonshëm (edhe pse është edhe i diskutueshëm), i njëjti sipas dispozitës ligjore të kontestuar shtohet trefish.
Parashtruesi tregon se e dorëzon Vendimin U.nr.106/2016 të Gjykatës Kushtetuese (edhe pse aty janë shfuqizuar dispozitat e marrëveshjeve kolektive), si dhe Aktgjykimin Ro. nr.56/21 të Gjykatës Themelore të Dellçevës, se punëtori është i detyruar me shuma të tilla.
Për arsyet e lartpërmendura, parashtruesi thekson se qëndron pas iniciativës sepse në dispozitën ligjore të kontestuar përveç kompensimit të dëmit parashihet edhe dënim, ndërsa në vazhdim e citon nenin 14 paragrafi 1 të Kushtetutës sipas të cilit askush mund të dënohet për vepër e cila para se të kryhet nuk është përcaktuar me ligj apo rregullore tjetër si vepër penale dhe për të cilën nuk është paraparë dënim.
II
Gjykata në seancë përcaktoi se sipas nenit të kontestuar 99 paragrafi 3 i Ligjit për punët e brendshme, polici – praktikant i cili nuk i plotëson kushtet nga paragrafi 2 i këtij neni, është i detyruar t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të rritura për trefish.
III
Në bazë të nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Në bazë të nenit 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, prejardhja kombëtare dhe sociale, bindja politike dhe fetare, pozita pronësore dhe shoqërore. Qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Kushtetuta, me nenin 32 paragrafi 1 përcakton se secili ka të drejtë në punë, zgjedhje të lirë të punësimit, mbrojtje gjatë punës dhe në sigurim material gjatë kohës së papunësisë së përkohshme, ndërsa me paragrafin 2 të nenit të dhënë se secili, në kushte të barabarta, e ka të arritshëm çdo vend pune. Në bazë të paragrafit 5 të nenit 32 të Kushtetutës, realizimi i të drejtave të të punësuarve dhe pozita e tyre, rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive.
Neni 51 paragrafi 1 i Kushtetutës përcakton se në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjin, ndërsa sipas paragrafit 2 të nenit në fjalë, secili e ka për detyrë ta respektojë Kushtetutën dhe ligjet.
Me Ligjin për punë të brendshme („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 42/2014, 116/2014, 33/2015, 5/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 dhe 21/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 108/2019, 275/2019, 110/2021 dhe 89/2022) rregullohen punët e brendshme, parimet e përgjithshme të punëtorëve në Ministrinë e Punëve të Brendshme (në tekstin e mëtejmë: Ministria), organizimi dhe kompetenca e Ministrisë, statusi dhe detyrat dhe autorizimet e veçanta të punëtorëve në Ministri, bashkëpunimi, kontrolli i kryerjes së punëve të Ministrisë, të drejtat dhe obligimet nga marrëdhënia e punës të punëtorëve të Ministrisë, përgjegjësia materiale, përkatësisht kompensimi i dëmit dhe përgjegjësia disiplinore e punëtorëve të Ministrisë si dhe përpunimi i të dhënave personale dhe të dhënave dhe evidencave të tjera që udhëhiqen në Ministri.
Për kryerjen efikase të funksionit bazë policor, është e nevojshme që Ministria e Punëve të Brendshme të ketë kuadër profesional cilësor, për çka Ligji për punë të brendshme parasheh zbatimin e trajnimeve në nenin 81, përkatësisht: kur një person i caktuar krijon marrëdhënie pune për herë të parë (trajnim i praktikantit), kur një person i caktuar, në bazë të procedurës së përzgjedhjes, zgjidhet kandidat për punonjës policie (trajnim bazë për polic), me qëllim trajnimin e një punëtori për kryerjen e pavarur të punës në një vend pune të caktuar dhe me qëllim të trajnimit të vazhdueshëm të një punëtori, për trajnimin dhe avancimin e vazhdueshëm të së cilit Ministria investon mjete dhe burime.
Sipas nenit 95 të Ligjit, trajnimi bazë për polici zgjat një vit ndërsa sipas nenit 96 të Ligjit, gjatë trajnimit bazë për polic, kandidati për polic duhet të qëndrojë në Qendër (akomodim në konvikt) ku sigurohet akomodimi dhe ushqimi.
Në bazë të nenit 97 të Ligjit, pas përfundimit të trajnimit nga neni 95 i këtij ligji, Qendra në bazë të rezultateve të demonstruara të kandidatëve policorë gjatë trajnimit, përgatitë listë dhe kandidatëve për policë u jepet certifikatë për përfundimin e trajnimit bazë për polic.
Në bazë të nenit 98 paragrafi 1 i Ligjit, ministri i Punëve të Brendshme miraton aktvendim për zgjedhjen e kandidatëve të trajnuar për policë nga kandidatët e trajnuar të cilët janë listuar më mirë në listë nga neni 97 i këtij ligji, ndërsa në pajtim me nevojën e përcaktuar për numrin e policëve për të cilët është shpallur shpallja publike.
Neni 99 paragrafi 1 i Ligjit për punë të brendshme përcakton se me kandidatët për policë nga aktvendimi i nenit 98 të këtij ligji, Ministria lidh marrëveshje për punësim, me të cilën kandidatët për polic e marrin statusin e policit – praktikant, ndërsa sipas paragrafit 2 të nenit të dhënë, me marrëveshjen nga paragrafi (1) i këtij neni rregullohen të drejtat dhe obligimet e ndërsjella dhe përcaktohet se polici detyrohet të mbetet në punë në Ministri së paku pesë vjet llogaritur nga dita e lidhjes së marrëveshjes për punësim.
Gjithashtu, me paragrafin 3 të nenit 99 të Ligjit, i cili kontestohet me iniciativën, përcaktohet se polici – praktikant i cili nuk do t’i plotësojë kushtet nga paragrafi (2) i këtij neni detyrohet t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të zmadhuara për trefish. Më saktë, ky nen i kontestuar i Ligjit përcakton një situatë ligjore kur një polic – praktikant, i trajnuar paraprakisht në barrë të Ministrisë së Punëve të Brendshme, nuk e përmbush obligimin e marrëveshjes për punësim (nuk mbetet në punë në Ministri së paku pesë vjet llogaritur nga dita e lidhjes së marrëveshjes për punësim), që është në fakt obligim ligjor i përcaktuar në paragrafin 2 të së njëjtit nen të Ligjit, për çka është i obliguar t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të rritura për trefish.
Me normimin e dispozitës kontestuese, të nenit 99, paragrafit 3 të Ligjit, ligjvënësi i ka marrë parasysh mjetet e shpenzuara për trajnimin e punonjësit si dhe përfitimet e humbura për shkak të mospërmbushjes së kushtit nga paragrafi 2 i të njëjtit nen (të qëndrojë në punë në Ministri për të paktën pesë vjet, duke llogaritur nga dita e lidhjes së kontratës së punës), si dhe shpenzimet e nevojshme për plotësimin e vendeve të lira të punës dhe kryerjen e trajnimeve të reja, të cilat rezultojnë me kosto shtesë që nuk do të krijoheshin nëse polici-praktikant i respektonte dispozitat e kontratës së punës që i ka lidhur me Ministrinë e Punëve të Brendshme.
Me shkëputjen e kontratës së punës para skadimit të pesë viteve të parapara, për faj të punëtorit, Ministria pëson dëm, përkatësisht zvogëlim të numrit të nëpunësve të policisë, i cili është përcaktuar në bazë të nevojave të konstatuara për personel të Ministrisë në funksion të realizimit efikas të funksionit policor bazë.
Neni 156 paragrafi 1 i Ligjit për marrëdhëniet e punës („Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 dhe 120/2018 dhe „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 110/2019, 267/2020, 151/2021, 288/2021 dhe 111/2023) rregullon që punëmarrësi që i ka shkaktuar dëm punëdhënësit në punë ose në lidhje me punën me dashje ose nga pakujdesia e rëndë është i detyruar ta kompensojë atë. Në të njëjtën kohë, Ligji për punë të brendshme me nenin 177 paragrafi 1 përcakton përgjegjësinë e punëtorëve për dëmin e shkaktuar, përkatësisht se punëtori i cili i shkakton dëm Ministrisë në punë, përkatësisht në lidhje me punën, është i obliguar ta kompensojë.
Dispozitat e cituara më lartë të nenit 99 paragrfët 2 dhe 3 të Ligjit të punëve të brendshme, paraqesin pjesë përbërëse të obligimeve të punëtorit të dhëna në marrëveshjen për punësim, ndërsa në këtë kontekst në pajtim me nenin 99 paragrafi 1 të Ligjit për punë të brendshme, ministri i Punëve të Brendshme sjellë aktvendim për zgjedhjen e kandidatëve të trajnuar për polic ndërsa nga kandidatët e trajnuar që janë listuar më mirë në listë, ndërsa në pajtim me nevojën e përcaktuar për numrin e policëve për të cilët është shpallur shpallja publike. Si rrjedhojë, siç është përcaktuar në paragrafin 1 të nenit 99 të Ligjit, me kandidatët për policë nga aktvendimi i nenit 98 të këtij ligji, Ministria lidhë marrëveshje për punësim, me të cilën kandidatët për polic e fitojnë statusin e policit – praktikant.
Duke e marrë parasysh se kontrata e punës paraqet një marrëdhënie vullnetare ndërmjet punëdhënësit dhe punëtorit, përkatësisht është shprehje e vullnetit të lirë të personit për të krijuar marrëdhënie pune në Ministri, punëtori mund të refuzojë nënshkrimin e kontratës së punës. Megjithatë, me lidhjen e kontratës së punës, punëtori i pranon të drejtat e tij, duke përfshirë obligimet që dalin nga Ligji për marrëdhëniet e punës, Ligji për policinë, Ligji për punët e brendshme, Ligji për organizimin dhe punën e organeve të administratës shtetërore, Marrëveshja kolektive e Ministrisë së Punëve të Brendshme dhe aktet e punëdhënësit.
Kontrata e punës përcakton të drejtat dhe obligimet e të dyja palëve kontraktuese, në mënyrë që përpara nënshkrimit të kontratës së punës, personi të njihet me përmbajtjen e saj, përkatësisht me të drejtat dhe obligimet që rrjedhin prej saj. Personi që lidh kontratën e punës me Ministrinë e Punëve të Brendshme pajtohet vullnetarisht me dispozitat e kontratës, kështu që me lidhjen e kontratës së punës, personi është pajtuar me dispozitat e kontratës, si dhe me pasojat që rrjedhin nga mosrespektimi i dispozitave të kontratës dhe akteve të punëdhënësit.
Me miratimin e aktvendimit me të cilin shkëputet marrëveshja e punësimit (nga Ministria në rastet e përcaktuara me ligj ose në bazë të kërkesës së parashtruar nga punëtori), përcaktohet edhe shuma e dëmit që duhet paguar nga punëtori, me ç’rast nuk përjashtohet mundësia që i njëjti ta ankimojë aktvendimin e miratuar në Komisionin shtetëror për vendimmarrje në procedurë administrative dhe procedurë të marrëdhënies së punës të shkallës së dytë, ndërsa më tej edhe të iniciojë procedurë para gjykatës për përcaktimin e shfuqizimit të aktvendimit dhe bazën e shumës së dëmit që është përcaktuar në aktvendim, për ç’arsye sipas Gjykatës, janë të pabaza pretendimet në iniciativë se me mënyrën e përcaktuar të rregullimit të çështjes së kompensimit të dëmit është përjashtuar parimi i përgjithshëm i nenit 6 të Konventës Evropiane për Mbrojtjen e të Drejtave të Njeriut me të cilin përcaktohet se qytetarët kanë të drejtë të drejtat e tyre qytetare t’i realizojnë para gjykatës.
Njëkohësisht, dispozita, me rregullimin si në nenin kontestues 99 paragrafi 3 (marrëveshja e punës) të Ligjit për punë të brendshme, janë paraparë edhe në dispozita të tjera të të njëjtit ligj që kanë të bëjnë me trajnimin si në: nenin 83 paragrafi 3 (kontrata për trajnimin e të punësuarit në Ministri), nenin 91 paragrafi 2 (marrëveshja për trajnim me praktikantët e Ministrisë), nenin 103 paragrafi 3 (marrëveshja për trajnim me qëllim të aftësimit të punëtorit për kryerjen e pavarur të punës në vendin e caktuar të punës), nenin 104 paragrafi 5 (trajnim i vazhdueshëm), nenin 105 paragrafi 4 (zbatimi i trajnimit nga punëtori në Ministri), por edhe në rregulla të tjera (të ngjashme për nga kompetenca dhe specifikimet e shërbimit me ligjin në fjalë) në mënyrë të njëjtë rregullohet çështja në fjalë. Më saktë, sipas nenit 92 paragrafi 3 të Ligjit për parandalimin e shpëlarjes së parave dhe financimit të terrorizmit (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2022) punëtori i cili nuk i përmbush obligimet e kontratës së lidhur nga paragrafi 2 i këtij neni është i detyruar të kompensojë shpenzimet e kryera për trajnimin e tij trefish më shumë. Në të njëjtën mënyrë çështja në fjalë është rregulluar edhe në nenin 80 paragrafi 3 (marrëveshja për trajnim të vazhdueshëm) nga Ligji i Agjencisë për siguri nacionale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 108/2019) se punëtori i cili nuk do t’i përmbushë kushtet e paragrafit 2 të këtij neni, është i obliguar t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të rritura për trefish.
Lidhur me pretendimet se neni kontestues 99 paragrafi 3 i Ligjit, përveç kompensimit të dëmit, rregullon edhe dënimin, pas së cilës parashtruesi e citon nenin 14 paragrafin 1 të Kushtetutës, sipas Gjykatës, neni i kontestuar i Ligjit nuk mund të vihet në korrelacion me nenin e sipërpërmendur të Kushtetutës, sepse për të parashikuar një dënim, para së gjithash kërkohet ekzistimi i sjelljes së paligjshme, e cila do të përcaktohet si e tillë nga ligjvënësi. Dënimi është pasojë e kryerjes së veprës së paraparë si vepër penale, dhe në këtë rast mosqëndrimi në punë në Ministri për së paku pesë vjet llogaritur nga dita e lidhjes së kontratës së punës, përkatësisht largimi nga puna në Ministri para përfundimit të asaj periudhe, padiskutim nuk është vepër penale. Në të njëjtën kohë, nuk parashikohet ndalim i largimit nga puna në Ministri. Qëndrimi në punë është kusht ligjor me rastin e lidhjes së kontratës së punës me një kandidat të trajnuar për polic, dhe punonjësi i policisë ka të drejtë dhe vullnet të lirë të largohet nga Ministria pas periudhës së caktuar, kështu që nuk është i detyruar t’i kompensojë shpenzimet e trajnimit, ose do të largohet para kësaj periudhe me kompensimin e shpenzimeve të trajnimit. Nga vetë fakti që ka shprehur vullnet të trajnohet me mjete në barrë të shtetit dhe është trajnuar dhe nga vetë fakti se ka shprehur vullnetin e tij të lirë dhe ka pranuar të lidhë kontratë pune me punëdhënësin në përputhje me kushtet e parashikuara me ligj tregon qartë se ai ka pranuar t’i kompensojë shpenzimet e bëra për trajnimin e tij të rritura për trefish nëse me vullnetin e tij largohet para kohe nga puna për të cilën ka lidhur kontratën e punës me Ministrinë nën barrën e së cilës ka fituar kualifikimet e duhura profesionale dhe si rrjedhojë edhe punësimin.
Në lidhje me rregullimin e kontestuar të nenit të Ligjit, parashtruesi me iniciativë e citon nenin 9 të Kushtetutës pa pretendime ku e sheh trajtimin e pabarabartë të qytetarëve në përmbajtjen e dispozitës së kontestuar ligjore, aq më tepër që neni kontestues i ligjit nuk përmban asnjë përmbajtje që bën dallim fare ndërmjet qytetarëve në baza diskriminuese lidhur me obligimin për kompensimin e shpenzimeve të trajnimit, duke pasur parasysh se ato vlejnë njësoj për këdo që nuk përmbush kushtin e nenit 99 paragrafi 2 të Ligjit, përkatësisht të qëndrojë së paku pesë vjet në Ministri, pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, origjina kombëtare dhe shoqërore, besimi politik dhe fetar, pasuria dhe pozita shoqërore.
Me iniciativën, parashtruesi e citon edhe nenin 32 paragrafi 5 të Kushtetutës, sipas të cilit realizimi i të drejtave të punëtorëve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj dhe me marrëveshje kolektive, pas së cilës thekson se kjo dispozitë kushtetuese përcakton se të drejtat e punëtorëve janë të rregulluara vetëm me një ligj, se e drejta e dorëheqjes është e rregulluar në mënyrë të detajuar në Ligjin për marrëdhëniet e punës, kështu që meqenëse Kushtetuta ka përcaktuar se për të drejtat e të punësuarve dhe pozitën e tyre parashihet miratimi i një ligji, nuk mundet në ligje të tjera (lex specialis) të kufizohen të drejtat dhe të shqiptohen dënime.
Megjithatë, pretendimet e tilla si arsyetim për mospërputhjen e nenit të kontestuar të Ligjit me nenin 32 paragrafi 5 të Kushtetutës nuk janë të qarta.
Përcaktimi në nenin 32 paragrafi 5 i Kushtetutës se realizimi i të drejtave të punëtorëve dhe pozita e tyre rregullohen me ligj (dhe me marrëveshje kolektive), në asnjë rast nuk nënkupton një ligj të vetëm. Çështjet nga sfera e marrëdhënieve të punës nuk rregullohen ekskluzivisht me Ligjin për marrëdhëniet e punës, por edhe me shumë ligje të tjera, përfshirë Ligjin për punët e brendshme. Ligji për marrëdhëniet e punës është një ligj i përgjithshëm në fushën e marrëdhënieve të punës i cili ofron mundësinë e sigurimit të të drejtave dhe obligimeve të tjera për punëtorët që lidhin kontratë pune me ligj tjetër ose me kontratë kolektive. Parashtruesi i iniciativës nuk e ka marrë parasysh nenin 28 paragrafin 2 të Ligjit për marrëdhëniet e punës (përmbajtja e kontratës së punës), i cili rregullon se kontrata e punës mund të përmbajë edhe të drejta dhe detyrime të tjera të përcaktuara me këtë dhe ligje të tjera dhe kontrata kolektive. Ligji për punët e brendshme si lex specialis i rregullon të drejtat e punësimit të punëtorëve në Ministrinë e Punëve të Brendshme me statusin e nëpunësve të autorizuar.
Sa i përket kontestimit të ligjshmërisë së dispozitës ligjore, Kushtetuta është akti më i lartë juridik dhe sipas nenit 51 paragrafi 1 i Kushtetutës, ligjet medoemos duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, kurse të gjitha rregullat e tjera me Kushtetutën dhe me ligjn. Sipas nenit 110 alineja 1 e Kushtetutës, Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos për përputhshmërinë e ligjeve me Kushtetutën, ndërsa sipas alinesë 2 të këtij neni vendos për përputhshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe me ligjet. Si rrjedhojë, nuk mund të kërkohet vlerësimi i ligjshmërisë së një ligji ose ligjshmërisë së një dispozite ligjore, siç kërkon parashtruesi me iniciativën, por kushtetutshmëria e një ligji ose dispozitës së tij.
Duke e marrë parasysh atë që u përmend më lart, para Gjykatës nuk u ngrit çështja e përputhshmërisë së nenit 99 paragrafit 3 të Ligjit për punë të brendshme me dispozitat e Kushtetutës të cilave u referohet parashtruesi i iniciativës.
IV
Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese së
Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska