У.бр.6/2023

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 3 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 31 мај 2023 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Oпштина Охрид бр.08-804/17 од 31.01.2023 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 31.01.2023 година.

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Oпштина Охрид бр.08-653/5 од 31.01.2022 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид “ бр.1 од 01.02.2022 година.

3. Коста Антовски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на оспорениот акт означен во точката 2 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, со одлука на Општина Охрид се зголемува данокот на имот за три пати, само за граѓаните на Република Северна Македонија кои се сопственици на стан во Општина Охрид, а не се жители на Општината, а за разлика од нив жителите на Општината не се опфатени со зголемувањето на данокот на имот, со што се повредува член 9 од Уставот.

Подносителот, со дополнување на иницијативата со писмен поднесок од 18.01.2023 година, како оспорен акт ја прецизираше Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Општина Охрид која е објавена во „Службен гласник на општина Охрид бр.1” од 01.02.2022 година на веб-страницата www.ohrid.gov.mk.

Подносителот смета дека наведената одлука не е во согласност со член 9 од Уставот според кој, како што наведува, сите граѓани имаат исти права на целата територија на Република Северна Македонија и побара од Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на оспорената одлука и да ја поништи во целост.

4. На седницата Судот утврди дека оспорената Одлука бр. 08-653/5 од 31.01.2022 година е објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 01.02.2022 година, на веб-страницата www.ohrid.gov.mk.

Одлуката е донесена од Советот на Општина Охрид врз основа на член 62 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/2002”) и член 5 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021), како и врз основа на член 16 од Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижниот имот („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 54/2012, 17/2013, 21/2013 и 142/2014), и член 18 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/2007 и 15/2020).

Во член 1 од Одлуката се определуваат зони за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот (објекти) на подрачјето на Општина Охрид. Во продолжение на Одлуката, во член 2 како составен дел следи табеларен преглед со бодови по одредени зони. Во член 3 се наведува дека бодовите по одредени зони се однесуваат на сите објекти, освен на помошните објекти и гаражите. Според член 4, за населените места за кои не постои урбанистичка документација, ќе се врши проценка според зонирањето на одлуката. Последните два члена го уредуваат влегувањето во сила на Одлуката.

Судот, исто така, утврди дека Одлуката бр.08-804/17 од 31.01.2023 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 31.01.2023, која е во сила од 08.02.2023 година и се применува по поднесувањето на иницијативата, ја уредува истата содржина како и Одлуката бр. 08-653/5 од 31.01.2022 година која престанала да важи.

5. Во член 9 од Уставот е определено дека граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Според ставот 2 на овој член, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Според член 33 од Уставот, секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Ре¬публика Север¬на Македонија, Устав¬ниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста ако постојат други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Во конкретниот случај, Советот на Општина Охрид врз основа на закони и подзаконски акти, ја донел оспорената Одлука бр.08-653/5 од 31.01.2022 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 01.02.2022 година.

Во текот на претходната постапка, се утврди дека по поднесувањето на иницијативата на веб-страницата www.ohrid.gov.mk во „Службен гласник на општина Охрид бр.1” од 31.01.2023 година е објавена нова одлука бр.08-804/17, во која, меѓу другото, со член 5 е уредено дека оспорената Одлука бр.08-653/5 од 31.01.2022 година престанува да важи по стапувањето во сила на новата одлука.

Поради претрпената измена, оспорената одлука не е повеќе во правниот поредок, но од нејзината содржина, како и од содржината на Одлуката која сега е во сила и се применува несомнено произлегува дека прашањето кое било предмет на уредување со одлуката што престанала да важи на ист начин е уредено и со Одлуката бр.08-804/17 од 31.01.2023 година, која сега е во сила и се применува.

Оттука, спорното прашање за подносителот беше разгледано од аспект на важечката одлука, а со цел да се одговори на наводите во поднесената иницијатива.

Предметната Одлука бр.08-804/17 од 31.01.2023 е донесена од Советот на Општина Охрид врз основа на член 62 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/2002), член 5 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015 и 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021). Одлуката, исто така, е донесена во согласност со член 16 од Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижниот имот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/2012, 17/2013, 21/2013 и 142/2014), и член 18 од Статутот на Општина Охрид („Службен гласник на општина Охрид“ бр.8/2007 и 15/2020).

Според член 1, со Одлуката се определуваат зони за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот на Општина Охрид. Во продолжение на Одлуката, по член 1, како оставен дел следи табеларен преглед со бодови по одредени зони, кои според член 3 се однесуваат на сите објекти, освен на помошните објекти и гаражите. Согласно член 4, за населените места за кои не постои урбанистичка документација, ќе се врши проценка според зонирањето, предвидено во оваа одлука. Во член 5 е уредено дека со нејзиното влегување во сила, престанува да важи Одлуката бр.08-653/5 од 31.01.2022 година. Според член 6, Одлуката влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Охрид“, од каде се утврди дека оспорената одлука од 08.02.2023 година престанала да важи и повеќе не е во правниот поредок.

Од содржината произлезе дека правното прашање кое било предмет на уредување со оспорената одлука што престанала да важи, на ист начин е уредено и со Одлуката бр.08-804/17 од 31.01.2023 година која сега е во сила и се применува.

Тргнувајќи од погоре изнесеното, Судот оцени дека не може основано да се постави прашањето за согласност на Одлуката бр.08-804/17 од 31.01.2023 година со член 9 од Уставот, како што се наведува во иницијативата. Доколку се има предвид предметот на уредувањето во Одлуката и нејзината содржина, произлегува дека со одредбите не се утврдува данок или пак зголемување на данокот на имот, како што смета подносителот на иницијативата.

Имено, во конкретниот случај, станува збор за одлука со која Советот на Општината Охрид всушност ги определува зонитe за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот (објекти) на подрачјето на Општина Охрид. Од табеларниот преглед кој е составен дел на Одлуката се прикажани бодови по одредени зони, а разликата во бодовите во Одлуката произлегува од различната зона, односно во зависност од локацијата во која се наоѓаат објектите, а не дали сопственикот е жител или не е жител на Општина Охрид.

Принципот на еднаквост, наложува еднакво постапување со субјектите од иста категорија, при што за негова повреда може да станува збор само во случаите на различно воспоставени права и обврски за субјектите од една иста категорија.

Донесената одлука на единствен начин ги определува зоните на подрачјето на Oпштина Охрид и подеднакво се однесува на сите граѓани чии објекти се наоѓаат во иста зона, поради што не може да стане збор за дискриминација.

Оттука, произлегува дека наводите на подносителот неосновано укажуваат на повреди од аспект на принципот на еднаквост на граѓаните утврден во Уставот и врз основа на изнесеното, не може да се доведе под сомнение по однос на нејзината согласност со член 9 од Уставот.

Во однос, пак, на оспорената Одлука бр.08-653/5 од 31.01.2022 година („Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 01.02.2022 година), што престанала да важи со донесувањето на Одлуката бр.08-804/17 од 31.01.2023 година и не е веќе дел од правниот поредок, Судот оцени дека не постојат процесни претпоставки за одлучување, односно дека се исполнети условите за отфрлање на иницијативата врз основа на член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд.

6. Со оглед на наведеното, Судот, одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.

У.бр.6/2023
31.05.2023 год.
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *

Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 28 alineja 3 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 20 prill 2023, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Vendimit për përcaktimin e zonave për përcaktimin e vlerës së tregut të patundshmërive (objekteve) në zonën e Komunës së Ohrit nr. 08-804/17, datë 31.01.2023 të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr.1 nga 31.01.2023.

2. REFUZOHET iniciativa për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Vendimit për përcaktimin e zonave për përcaktimin e vlerës së tregut së pronës së patundshme (objekteve) në zonën e Komunës së Ohrit nr. 08-653/5, datë 31.01.2022. botuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr.1 nga 01.02.2022.

3. Kosta Antovski nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut ka dërguar iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së aktit kontestues të përcaktuar në pikën 2 të këtij aktvendimi.

Sipas parashtruesit të iniciativës, me vendim të Komunës së Ohrit, tatimi në pronë është trefishuar vetëm për qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut, të cilët janë pronarë të banesave në Komunën e Ohrit, dhe nuk janë banorë të Komunës, dhe ndryshe nga ata, banorët e Komunës nuk përfshihen nga rritja e tatimit të pronës, gjë që bie ndesh me nenin 9 të Kushtetutës.

Parashtruesi, duke e plotësuar iniciativën me parashtresën me shkrim të datës 18.01.2023, e ka përcaktuar si akt të kontestuar Vendimin për përcaktimin e zonave për përcaktimin e vlerës së tregut të patunshmërisë (objekteve) në zonën e Komunës së Ohrit, e cila është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr.1” nga 01.02.2022 në ueb faqen www.ohrid.gov.mk.

Parashtruesi i kërkesës konsideron se vendimi në fjalë nuk është në përputhje me nenin 9 të Kushtetutës sipas të cilit, siç thotë ai, të gjithë qytetarët kanë të drejta të njëjta në tërë territorin e Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe kërkoi nga Gjykata Kushtetuese që të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë së vendimit të kontestuar dhe për ta anuluar atë në tërësi.

4. Në seancë Gjykata konstatoi se vendimi i kontestuar nr. 08-653/5 i datës 31.01.2022 është publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr. 1, me datë 01.02.2022, në ueb faqen www.ohrid.gov.mk.

Vendimi është marrë nga Këshilli i Komunës së Ohrit në bazë të nenit 62 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 05/2002) dhe nenit 5 të Ligjit për tatimin në pronë ( “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021), si dhe në bazë të nenit 16 të Metodologjisë për vlerësimin e vlerës së tregut të patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 54/2012, 17/2013, 21/2013 dhe 142/2014), dhe nenit 18 të Statutit të Komunës së Ohrit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Ohrit” nr. 8/2007 dhe 15/2020).

Neni 1 i Vendimit përcakton zonat për përcaktimin e vlerës së tregut të patundshmërive (objekteve) në zonën e Komunës së Ohrit. Në vazhdim të Vendimit, në nenin 2, si pjesë përbërëse, vijon shqyrtimi tabelor me pikë sipas zonave të caktuara. Në nenin 3 theksohet se pikat për zona specifike vlejnë për të gjitha ndërtesat, me përjashtim të ndërtesave ndihmëse dhe garazheve. Sipas nenit 4, për vendbanimet për të cilat nuk ka dokumentacion urbanistik do të bëhet vlerësimi sipas vendimit të zonës. Dy nenet e fundit rregullojnë hyrjen në fuqi të Vendimit.

Gjykata gjithashtu konstatoi se Vendimi nr. 08-804/17 i datës 31.01.2023 i publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr. 1 nga 31.01.2023, i cili është në fuqi nga 08.02.2023 dhe zbatohet pas parashtrimit të iniciativës, rregullon të njëjtën përmbajtje me Vendimin nr. 08-653/5 të datës 31 janar 2022, i cili ka pushuar së vlejturi.

5. Në nenin 9 të Kushtetutës përcaktohet se qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liri dhe të drejta pa dallim gjinie, race, ngjyrës së lëkurës, prejardhjes kombëtare dhe shoqërore, besimit politik dhe fetar, pasurisë dhe pozitës shoqërore. Sipas paragrafit 2 të këtij neni, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.
Sipas nenit 33 të Kushtetutës, secili është i detyruar të paguajë tatimin dhe detyrimet e tjera publike dhe të marrë pjesë në shlyerjen e shpenzimeve publike në mënyrën e përcaktuar me ligj.

Sipas nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 28 paragrafit 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë nëse ka pengesa të tjera procedurale për vendimmarrjen për iniciativën.

Në rastin konkret, Këshilli i Komunës së Ohrit, në bazë të akteve ligjore dhe nënligjore, ka miratuar Vendimin e kontestuar nr.08-653/5, të datës 31.01.2022, të publikuar në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit” nr. 1 të datës 01.02.2022.

Gjatë procedurës së mëparshme është konstatuar se pas dërgimit të iniciativës në ueb faqen www.ohrid.gov.mk në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit nr. 08-804/ 17, në të cilin ndër të tjera neni 5 përcakton se vendimi i kontestuar nr.08-653/5 i datës 31.01.2022 pushon së vlejturi pas hyrjes në fuqi të vendimit të ri.

Për shkak të ndryshimit të bërë, vendimi i kontestuar nuk është më në rendin juridik, por nga përmbajtja e tij, si dhe nga përmbajtja e Vendimit që tashmë është në fuqi dhe zbatohet, padyshim rezulton se çështja që ka qenë objekt rregullimi nga Vendimi i cili ka pushuar së vlejturi në të njëjtën mënyrë është rregulluar edhe me Vendimin nr. 08-804/17 të datës 31.01.2023, i cili tashmë është në fuqi dhe është në zbatim.

Prandaj, pyetja kontestuese për parashtruesin është shqyrtuar nga aspekti i vendimit të plotfuqishëm, për t’iu përgjigjur pretendimeve në iniciativën e paraqitur.

Vendimi në fjalë nr. 08-804/17 i datës 31.01.2023 është miratuar nga Këshilli i Komunës së Ohrit në bazë të nenit 62 të Ligjit për vetëqeverisje lokale (“Gazeta Zyrtare e RM-së” nr. 5/ 2002), neni 5 i Ligjit për tatimin në pronë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015 dhe 23/2016 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 151/2021). Vendimi është marrë edhe në përputhje me nenin 16 të Metodologjisë për vlerësimin e vlerës së tregut të patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 54/2012, 17/2013, 21/2013 dhe 142/2014). dhe neni 18 i Statutit të Komunës së Ohrit (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Ohrit” nr. 8/2007 dhe 15/2020).

Sipas nenit 1, Vendimi përcakton zonat për përcaktimin e vlerës së tregut të patundshmërive në Komunën e Ohrit. Në vazhdim të Vendimit, sipas nenit 1, si pjesë e lënë vijon shqyrtimi tabelor me pika sipas zonave specifike, të cilat sipas nenit 3 i referohen të gjitha objekteve, përveç objekteve ndihmëse dhe garazheve. Në bazë të nenit 4, për vendbanimet për të cilat nuk ka dokumentacion urbanistik, do të bëhet vlerësimi sipas zonimit të parashikuar në këtë vendim. Neni 5 parashikon që me hyrjen në fuqi të vendimit nr.08-653/5, të datës 31.01.2022 pushon së vlejturi. Sipas nenit 6, Vendimi hyn në fuqi në ditën e tetë nga dita e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Komunës së Ohrit”, nga ku konstatohet se vendimi i kontestuar i datës 08.02.2023 ka pushuar së vlejturi dhe nuk është më në rendin juridik.

Nga përmbajtja doli se çështja juridike që i është nënshtruar rregullimit me vendimin e kontestuar që ka pushuar së vlejturi është rregulluar në të njëjtën mënyrë me Vendimin nr.08-804/17, të datë 31.01.2023, i cili është tani në fuqi dhe po zbatohet.

Nisur nga sa më sipër, Gjykata vlerësoi se nuk mund të ngrihet në mënyrë të arsyeshme çështja e përputhshmërisë së Vendimit Nr. 08-804/17 të datës 31 janar 2023 me nenin 9 të Kushtetutës, siç thuhet në iniciativë. Nëse merret parasysh lënda e rregullimit të Vendimit dhe përmbajtja e tij, rezulton se dispozitat nuk parashikojnë tatim ose rritje të tatimit në pronë, siç konsideron parashtruesi i iniciativës.

Përkatësisht, në rastin konkret, bëhet fjalë për një vendim me të cilin Këshilli i Komunës së Ohrit në fakt i përcakton zonat për përcaktimin e vlerës së tregut të patundshmërive (objekteve) në zonën e Komunës së Ohrit. Nga shqyrtimi tabelor që është pjesë përbërëse e Vendimit, janë paraqitur pika për zona të caktuara, dhe dallimi në pika në Vendim vjen nga zona e ndryshme, respektivisht në varësi të vendndodhjes në të cilën ndodhen objektet dhe jo nëse pronari është banor apo nuk është banor i Komunës së Ohrit.

Parimi i barazisë urdhëron trajtim të barabartë të subjekteve të së njëjtës kategori dhe shkelja e tij mund të konsiderohet vetëm në rastet e të drejtave dhe detyrimeve të përcaktuara ndryshe për subjektet e së njëjtës kategori.

Vendimi i miratuar përcakton në mënyrë unike zonat në komunën e Ohrit dhe vlen njëlloj për të gjithë qytetarët objektet e të cilëve ndodhen në të njëjtën zonë, prandaj nuk mund të bëhet fjalë për diskriminim.

Pra, rezulton se pretendimet e parashtruesit në mënyrë të pabazuar tregojnë për shkelje të parimit të barazisë së qytetarëve të përcaktuar në Kushtetutë dhe në bazë të asaj që është paraqitur, nuk mund të vihet në dyshim përputhshmëria e tij me nenin 9 të Kushtetutës.

Nga ana tjetër, vendimi i kontestuar nr. 08-653/5 i datës 31.01.2022 (“Gazeta Zyrtare e Komunës së Ohrit” nr. 1 nga 01.02.2022), i cili ka pushuar së vlejturi me miratimin e vendimit. Nr. 08-804/17, të datës 31.01.2023 dhe nuk është më pjesë e rendit juridik, Gjykata vlerësoi se nuk ka supozime procedurale për vendimmarrje, gjegjësisht se janë plotësuar kushtet për refuzimin e iniciativës në bazë të nenit 28 paragrafi 3 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese.

6. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikat 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.

7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.

U.nr.6/2023
31.05.2023
Shkup

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut
Dobrilla Kacarska