Соопштение по одржаната 21. седница на Уставниот суд

По одржаната 21. седница на која се дискутираше по четири иницијативи за оценување на уставност  Уставниот суд го одлучи следното: 

  1. Реферат У.бр.16/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 99 став 5 во делот „правосилни“ од Законот за судовите („Службен весник  на Република Македонија“  бр. 58/2006, 62/2006, 35/2008, 50/2010, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република    Северна Македонија“ бр.96/2019).

Подносител на иницијативата: Александра Илиева Милчова, адвокат 

  1. Реферат У.бр.95/2022 и 99/2022

Не се поведува постапка за оценување на законитоста на  член 19 став 1 и став 2 алинеја 4 од Правилникот за технички преглед на возила („Службен весник на Република Македонија“, број 81/2010 и 49/2013).

Подносители на иницијативи: Ванчо Иванов и Мите Димоски

  3.Реферат У.бр.6/2023

1.Не се поведува постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид бр.08-804/17 од 31 јануари 2023 година објавена во „Службен гласник на општина Охрид“ бр.1 од 31.01.2023 година.

  1. Се отфрла иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на Одлуката за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на општина Охрид бр.08-653/5 од 31.01.2022 година објавена во “Службен гласник на општина Охрид “ бр.1 од 01.02.2022 година.

Подносител на иницијативата: Коста Антовски

  1. Реферат У.бр.61/2023

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука на Советот на општина Македонска Каменица бр. 08-398/1 од 27.02.2023 година („Службен гласник на општина Македонска Каменица“ бр.19/2023).

Подносител на иницијативата: Градоначалник на Општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски 

Напомена: Ова соопштение содржи податоци само за одлученото на 21. седница и ќе биде дополнето во следните денови со аргументите на Уставниот суд за секој предмет поединечно.