Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 5 април 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија бр.41-9773/3 од 30 октомври 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 232/2022).
2. Марко Колев – градоначалник на Општина Велес, Ацо Ристов – градоначалник на Општина Радовиш, Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС и Борче Јовчески – градоначалник на Општина Прилеп, до Уставниот суд на Република Северна Македонија поднесоа иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од ова решение.
Според иницијативите, оспорената одлука не е во согласност со член 8 став 1 алинеи 3, 4 и 9, член 51, член 52 и член 55 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со член 1, член 2, член 4 и член 4-а од Законот за јавните претпријатија, со член 2, член 4 став 1 точка 4, член 5 став 1 точка 11 од Законот за комуналните дејности, со член 21, член 22 и член 24 од Законот за локалната самоуправа, со член 3 став 1 точка 36, член 101 став 1 точки 1, 2 и 3 од Законот за енергетика (*) и со член 32, член 34 и член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија.
Како причина за оспорување, меѓу другото се наведува дека оспорената одлука е спротивна на законите и го нарушува принципот на супрематија на уставните одредби, како и дека има ретроактивно дејство.
Понатаму, владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок, подразбира законските одредби, како и одредбите кои произлегуваат од други прописи да бидат разбирливи и прецизни, односно да се доследно применливи. Во спротивно, тогаш истите стануваат неразбирливи, непрецизни и двосмислени, ја нарушуваат функционално-логичната целина на соодветниот пропис, односно недоследно и различнo се применуваат во практиката, а со тоа не се овозможува функционално владеење на правото.
Исто така, одредбите од оспорената одлука, дејствуваат erga omnes спрема сите единици на локалната самоуправа, од каде преку нив се врши суспензија, односно ограничена примена на Законот за јавните претпријатија, Законот за трговските друштва, Законот за комунални дејности и Законот за енергетика (*), при што се цитираат одделни одредби од овие закони за кои се смета, исто така, дека се повредени со Одлуката.
Се наведува дека правното дејство на оспорената одлука е со суспензивно дејство, бидејќи во член 2 став 1 од истата се пропишува дека општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје кои до денот на влегувањето во сила на оваа одлука имале основано јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење на дејност од јавен интерес – јавно осветлување, за време од осум дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука, да спроведат соодветни активности за престанување на важење на актите со кои ги основале истите.
Покрај ова, со ваква одлука не може да се ограничува правното дејство на законите, а од друга страна истата има ретроактивно дејство, сè до оној момент кога единиците на локалната самоуправа донеле основачки акти со кои се основани правните лица.
Во однос на одредбата од член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија, истата не може да биде основ за донесување на оспорената одлука затоа што мерката за која одлучила Владата, не се однесува на извршувањето на законите како што предвидува оваа законска одредба, туку е неопходно да постои одредба од друг материјален закон.
Исто така, со оспорената одлука, Владата на Република Северна Македонија ја користи позицијата и надлежностите што ги има за време на кризна состојба и ја донела спротивно на член 34 од Законот за Влада на Република Македонија, бидејќи Владата може да укине или поништи друг акт на советот или на друг орган на единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје кои се од делегирана надлежност, но не и одлуки и други акти кои единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје ги носат самостојно во согласност со нивните надлежности утврдени со Уставот и Законот за локалната самоуправа.
Со донесувањето на Одлуката, Владата излегла надвор од своите надлежности и ингеренции утврдени со закон на начин што ја искористила и злоупотребила пролонгираната кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Притоа, постоењето на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушување на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности, не ѝ дава за право како извршна власт да ги врши сите работи од делокругот на Собранието, ниту пак да се меша и да ги дерогира надлежностите и прописите и актите на општините, односно на единиците на локалната самоуправа кои имаат загарантирана самостојност.
Дополнително, секој облик на трговско друштво има за цел, покрај останатото, да остварува и профит. Во ваков случај, директно се задира во јавниот интерес, но и во интересот на остварување профит. Имено, вака веќе формираните облици на друштва, меѓу другото, се формирани и поради легитимното очекување дека одредена состојба ќе се промени. Истите се формирани и регуларно забележани во јавните книги кои ги запишуваат уписите на трговските друштва и нивната основна намена и цели. Оттаму, легитимните очекувања на подносителите се веќе воспоставени на основа на закон и истите ниту можат ниту смеат да бидат предмет на самоукинување врз основа на оспорената одлука на Владата, за што се наведуваат примери и од праксата на Европскиот суд во Стразбур.
Од друга страна, оспорената одлука е пример на државна интервенција во правото на остварување на економски интерес од страна на субјекти што е недозволиво и може да се оствари само доколку кумулативно би биле исполните следните услови: интервенцијата да биде пропишана со закон и преку истата да се оствари легитимна цел во јавен интерес, односно интервенцијата да биде разумно пропорционална со целта која треба да се оствари.
Врз основа на наведеното, подносителите предлагаат Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука и истата да ја поништи, а до донесувањето на конечната одлука да се донесе решение за запирање на извршувањето на оспорената одлука, односно на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на истата, сè со цел да се спречи нееднаквиот однос на државата кон единиците на локалната самоуправа и наршувањето на принципот на владеење на правото и загарантираната самостојност на единиците на локалната самоуправа, како и штетните последици во вид на дополнителни трошоци по буџетот на единиците на локалната самоуправа, а и по однос на веќе основаните јавни претпријатија чија работа и постоење се укинуваат со оспорената одлука.
3. Судот на седницата утврди дека Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 36 став 3 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/21), а во врска со член 7 став 1 точка 4 од Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 246/21, 300/21, 74/22, 211/22 и 218/22), на седницата, одржана на 30 октомври 2022 година, донела одлука за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија бр.41-9773/3 од 30 октомври 2022 година и истата е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 232/2022.
Одлуката содржи три члена.
Во членот 1 е предвидено дека со оваа одлука заради преземање на мерката за спречување на злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, oпштините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје не можат да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.
Согласно ставот 1 од член 2 од Одлуката, Општините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје кои до денот на влегувањето во сила на оваа одлука имале основано јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување, за време од осум дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука да спроведат соодветни активности за престанување на важење на актите со кои ги основале истите.
Според став 2 од истиот член, потрошувачите на електрична енергија од категоријата јавно осветлување кои до 30.06.2021 година по сопствен избор се снабдувале со електрична енергија од снабдувач, а преминале кај универзалниот снабдувач, најдоцна до 1 јануари 2023 година склучуваат договор за снабдување со електрична енергија со снабдувачи на електрична енергија, додека со ставот 3 се уредува дека на потрошувачите кои нема да постапат согласно одредбите од став 2 на овој член, универзалниот снабдувач им го прекинува снабдувањето со електрична енергија како универзална услуга од 1 јануари 2023 година.
На крајот, со член 3 од оваа одлука е утврдено дека истата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
4. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.
Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Имајќи ја предвид содржината на оспорената одлука, Судот утврди дека Владата на Република Северна Македонија одлучила да преземе одредени, конкретни мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија и преку носењето на одлуката, истата дала конкретни насоки за реализација на тие мерки и истата е донесена во услови на постоење на кризна состојба врз основа на овластување содржано во Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.
Оттука, со оспорената одлука се преземаат, а не се пропишуваат конкретни мерки за спроведување на Законот за енергетика (*) и на она што е пропишано со Уредбата, што упатува на тоа дека станува збор за поединечна мерка која се однесува само на одредена категорија на правни субјекти, односно на општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје.
Од содржината на актот кој се оспорува со иницијативите, произлегува дека во конкретниот случај оспорениот акт нема карактер на пропис со кој се уредуваат односи помеѓу неопределен број на субјекти на општ начин, бидејќи од неговата содржина неспорно произлегува дека во случајов станува збор за поединечен, конкретен акт донесен од Владата на Република Северна Македонија, со кој се одлучува за преземање на мерки за спречување на злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија, во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, и тоа само за oпштините, Градот Скопје и општините во Градот Скопје кои не можат да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.
Со оглед на фактот што оспорената одлука нема карактер на пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, исполнети се процесните услови од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, според кој Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по истата.
Во однос на предлогот во иницијативите, до донесување на конечна одлука, Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорената одлука, Судот утврди дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.110/2022
У.бр.111/2022
У.бр.112/2022
У.бр.124/2022
5 април 2023 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
Издвоено мислење по предметот У.бр.110/2022, 111/2022, 112/2022 и 124/2022
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 5 prill 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. REFUZOHEN iniciativat për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit për marrjen e masës në kushtet e ekzistimit të gjendjes së krizës në furnizimin me energji elektrike nr. 41-9773/3, të datës 30.10.2022 (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” ” Nr. 232/2022 ).
2. Marko Kolev – kryetar i Komunës së Velesit, Aco Ristov – Kryetar i Komunës së Radovishit, Bashkësisë së Njësive të Vetëqeverisjes Lokale – BNJVL dhe Borce Jovçeski – kryetar i Komunës së Prilepit parashtruan iniciativa në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Vendimit të përcaktuar në pikën 1 të këtij aktvendimi.
Sipas iniciativave, vendimi i kontestuar nuk është në pajtim me nenin 8 paragrafi 1 alinetë 3, 4 dhe 9, nenin 51, nenin 52 dhe nenin 55 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, si dhe me nenin 1, nenin 2, nenin 4 dhe nenin 4 -a të Ligjit për ndërmarrjet publike, me nenin 2, nenin 4 paragrafi 1 pika 4, nenin 5 paragrafi 1 pika 11 të ligjit për veprimtaritë komunale, me nenin 21, nenin 22 dhe nenin 24 të Ligjit për Vetëqeverisjen Lokale, me nenin 3 paragrafi 1 pika 36, nenin 101 paragrafi 1 pikat 1, 2 dhe 3 të Ligjit për Energjetikë (*) dhe me nenin 32, nenin 34 dhe nenin 36 paragrafin 3 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë.
Si arsye kontestimi, ndër të tjera thuhet se vendimi i kontestuar është në kundërshtim me ligjet dhe cenon parimin e epërsisë së dispozitave kushtetuese, si dhe ka efekt prapaveprues.
Për më tepër, sundimi i së drejtës, si vlerë themelore e rendit kushtetues, nënkupton që dispozitat ligjore, si dhe dispozitat që dalin nga rregulloret e tjera, duhet të jenë të kuptueshme dhe të sakta, pra të jenë të zbatueshme në vazhdimësi. Përndryshe, ato bëhen të pakuptueshme, të pasakta dhe të paqarta, cenojnë tërësinë funksionale-logjike të rregullores përkatëse, pra zbatohen në mënyrë jokonsistente dhe të ndryshme në praktikë, dhe kështu nuk është i mundur sundimi funksional i drejtësisë.
Gjithashtu, dispozitat e vendimit të kontestuar veprojnë erga omnes ndaj të gjitha njësive të vetëqeverisjes lokale, nga ku bëhet pezullimi nëpërmjet tyre, përkatësisht zbatimi i kufizuar i Ligjit për ndërmarrjet publike, Ligjit për shoqëritë Tregtare, Ligjit për veprimtaritë komunale dhe Ligji për energjetikë (*), duke cituar disa dispozita të këtyre ligjeve të cilat po ashtu konsiderohen të shkelura me Vendimin.
Theksohet se veprimi juridik i vendimit të kontestuar ka efekt suspenziv, sepse në nenin 2 paragrafin 1 të tij është paraparë që komunat, Qyteti i Shkupit dhe komunat e Qytetit të Shkupit të cilat deri në ditën e hyrjes në fuqi të këtij vendimi, kishin themeluar një ndërmarrje publike, shoqëri me përgjegjësi të kufizuar ose shoqëri aksionare për kryerjen e një veprimtarie me interes publik – ndriçimi publik, brenda tetë ditëve nga dita e hyrjes në fuqi të këtij vendimi, për të kryer aktivitetet e duhura për përfundimin e vlefshmërisë së akteve me të cilat janë krijuar.
Përveç kësaj, një vendim i tillë nuk mund të kufizojë efektin juridik të ligjeve, dhe nga ana tjetër ka efekt prapaveprues, deri në momentin kur njësitë e vetëqeverisjes lokale miratuan aktet themeluese me të cilat janë themeluar personat juridikë.
Në lidhje me dispozitën e nenit 36 paragrafi 3 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë, ajo nuk mund të jetë bazë për marrjen e vendimit kontestues, sepse masa e vendosur nga Qeveria nuk ka të bëjë me ekzekutimin e ligjeve të parapara me këtë dispozitë ligjore, por është e nevojshme që të ekzistojë një dispozitë e një ligji tjetër material.
Po ashtu, me vendimin e kontestuar, Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut po e shfrytëzon pozitën dhe kompetencat që ka në situatë krize dhe e ka miratuar në kundërshtim me nenin 34 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë, sepse Qeveria mund të shfuqizojë ose anulojë një akt tjetër të këshillit ose të organit tjetër të njësive të vetëqeverisjes lokale dhe të qytetit të Shkupit që janë në kompetencë të deleguar, por jo vendimet dhe aktet tjera që njësitë e vetëqeverisjes lokale dhe Qyteti i Shkupit merr në mënyrë të pavarur në përputhje me kompetencat e tij të përcaktuara me Kushtetutë dhe Ligjin për Vetëqeverisje Lokale.
Me miratimin e Vendimit, Qeveria ka tejkaluar kompetencat dhe autorizimet e saj të përcaktuara me ligj në mënyrë që ka shfrytëzuar dhe keqpërdorur situatën e zgjatur të krizës në furnizimin me energji elektrike. Gjithashtu, ekzistenca e Dekretit për kriteret dhe kushtet për shpalljen e gjendjes së krizës në rastet e fatkeqësive kohore dhe natyrore, avarive dhe prishjeve të tregjeve të energjisë elektrike, mënyra e furnizimit me energji elektrike në gjendje krize, masat e marra në gjendje krize, si dhe të drejtat dhe obligimet e bartësve të licencave për kryerjen e veprimtarisë elektrike, nuk i jep të drejtë si pushtet ekzekutiv të kryejë të gjitha detyrat në fushëveprimin e Kuvendit, as të ndërhyjë dhe derogojë kompetencat dhe rregullat dhe aktet e komunave, përkatësisht të njësive të vetëqeverisjes lokale që kanë garantuar mëvetësi.
Përveç kësaj, çdo formë e shoqërisë tregtare synon, përveç të tjerave, të realizojë edhe fitim. Në këtë rast, prek drejtpërdrejt interesin publik, por edhe interesin e realizimit të përfitimit. Gjegjësisht, format e shoqërive tashmë të formuara në këtë mënyrë, ndër të tjera, janë formuar edhe për shkak të pritjes legjitime se do të ndryshojë një situatë e caktuar. të njëjtat janë formuar dhe shënuar rregullisht në librat publikë që regjistrojnë regjistrimet e shoqërive tregtare dhe qëllimet dhe dedikimet e tyre themelore. Prej aty, pritshmëritë legjitime të parashtruesve tashmë janë konstatuar në bazë të ligjit dhe ata nuk mund dhe nuk duhet t’i nënshtrohen vetërevokimit në bazë të vendimit të kontestuar të Qeverisë, për të cilin theksohen shembuj edhe nga praktika Gjykatës Evropiane në Strasburg.
Nga ana tjetër, vendimi i kontestuar është shembull i ndërhyrjes së shtetit në të drejtën e subjekteve për të ushtruar interes ekonomik, e cila është e palejueshme dhe mund të kryhet vetëm nëse plotësohen në mënyrë kumulative këto kushte: ndërhyrja të jetë e përcaktuar me ligj dhe nëpërmjet të sajë të arrihet një qëllim legjitim në interesin publik, pra, ndërhyrja duhet të jetë në përpjesëtim të arsyeshëm me qëllimin që duhet arritur.
Nisur nga sa më sipër, parashtruesit i propozojnë Gjykatës që të inicojë procedurë për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së vendimit të kontestuar dhe ta anulojë atë, dhe deri në marrjen e vendimit përfundimtar të miratohet aktvendim për ndalimin e ekzekutimit të vendimit të kontestuar, respektivisht akteve ose veprimeve individuale që janë ndërmarrë në bazë të tij, të gjitha me qëllim të parandalimit të trajtimit të pabarabartë të shtetit ndaj njësive të vetëqeverisjes lokale dhe shkeljes së parimit të sundimit të së drejtës dhe pavarësisë së garantuar të njësive të vetëqeverisjes lokale si dhe pasojat e dëmshme në formë të shpenzimeve shtesë për buxhetin e njësive të vetëqeverisjes lokale, si dhe në lidhje me ndërmarrjet publike tashmë të themeluara, të cilave me vendimin e kontestuar u pushon puna dhe ekzistenca.
3. Gjykata në seancë përcaktoi se Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 36 paragrafi 3 të Ligjit për Qeverinë e Republikës së Maqedonisë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 59/00 , 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16 dhe 140 /18 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” nr. 98/21), dhe në lidhje me nenin 7 paragrafi 1 pika 4 të Dekretit për kriteret dhe kushtet për shpalljen e gjendjes së krizës në rastet e fatkeqësive kohore dhe natyrore, avaritë dhe prisjes së tregjeve të energjisë elektrike, mënyra e furnizimit me energji elektrike në situatë krize, masat që ndërmerren në rast krize, si dhe të drejtat dhe obligimet e mbajtësve të licencave për kryerjen e veprimtarisë së energjisë elektrike (“Gazeta Zyrtare Republika e Maqedonisë së Veriut” nr. 246/21, 300/21, 74/22, 211/22 dhe 218/22), në seancën e mbajtur më 30 tetor 2022, ka marrë vendim për marrjen e masës në kushte të ekzistimit të gjendjes sëkrizës për furnizimin me energji elektrike nr. 41-9773/3 të datës 30 tetor 2022 dhe është publikuar në “Gazetën zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut” me numër 232/2022.
Vendimi përmban tre nene.
Në nenin 1 parashihet se me këtë vendim, për marrjen e masave për parandalimin e abuzimeve dhe manipulimeve në ofrimin e shërbimit universal në tregun e energjisë elektrike, në kushtet e ekzistimit të gjendejs së krizës në furnizimin me energji elektrike, komunat, Qyteti i Shkupi dhe komunat në qytetin e Shkupit nuk mund të themelojnë ndërmarrje publike, shoqëri me përgjegjësi të kufizuar ose shoqëri aksionare për kryerjen e veprimtarisë me interes publik – ndriçimin publik.
Në pajtim me paragrafin 1 të nenit 2 të Vendimit, komunat, Qyteti i Shkupit dhe komunat në qytetin e Shkupit që deri në ditën e hyrjes në fuqi të këtij vendimi kanë themeluar ndërmarrje publike, shoqëri me përgjegjësi të kufizuar ose shoqëri aksionare për kryerjen e një veprimtarie me interes publik – ndriçimi publik, brenda tetë ditëve nga dita e hyrjes në fuqi të këtij vendimi, të kryejë veprimtaritë e duhura për përfundimin e vlefshmërisë së akteve me të cilat janë krijuar.
Sipas paragrafit 2 të të njëjtit nen, konsumatorët e energjisë elektrike nga kategoria e ndriçimit publik të cilët deri më 30.06.2021 me zgjedhje personale janë furnizuar me energji elektrike nga furnizuesi dhe kanë kaluar te furnizues universal, lidhin marrëveshje për furnizimin me energji elektrike deri më 1 janar 2023 me furnizuesit e energjisë elektrike, ndërsa paragrafi 3 parashikon që konsumatorëve të cilët nuk do të veprojnë në përputhje me dispozitat e paragrafit 2 të këtij neni, furnizuesi universal do tua ndërpresë furnizimin me energji elektrike si shërbim universal nga data 1 janar 2023.
Në fund, me nenin 3 të këtij vendimi përcaktohet se i njëjti hyn në fuqi me ditën e publikimit në “Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë së Veriut”.
4. Në pajtim me nenin 110 alineja 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e rregullave tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.
Sipas nenit 28 paragrafi 1 të Rregullores së së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.
Duke marrë parasysh përmbajtjen e vendimit të kontestuar, Gjykata konstatoi se Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut vendos të marrë masa të caktuara specifike në kushtet e ekzistimit të situatës së krizës në furnizimin me energji elektrike dhe përmes miratimit të Vendimit ka dhënë udhëzime specifike për zbatimin e atyre masave dhe i njëjti është miratuar në kushtet e ekzistimit të gjendjes së krizës në bazë të autorizimit që përmban Dekreti për kriteret dhe kushtet për shpalljen e gjendjes së krizës në rastet e fatkeqësive kohore dhe natyrore, avarieve, dhe prishjeve të tregjeve të energjisë elektrike, mënyra e furnizimit me energji elektrike në situatë krize, masat që ndërmerren në raset e gjendejes së krizës, si dhe të drejtat dhe obligimet e mbajtësve të licencës për kryerjen e veprimtarisë elektrike.
Së këndejmi, me vendimin e kontestuar ndërmerren por nuk përcaktohen masa konkrete për zbatimin e Ligjit për energjetikë (*) dhe atë që është përcaktuar me Dekretin, që tregon se bëhet fjalë për një masë individuale që i referohet vetëm një kategorie të caktuar të subjekteve juridike, përkatësisht komunave, Qytetit të Shkupit dhe komunave të Qytetit të Shkupit.
Nga përmbajtja e aktit të kontestuar nga iniciativat rezulton se në rastin konkret akti i kontestuar nuk ka karakterin e një rregulloreje që rregullon marrëdhëniet ndërmjet një numri të pacaktuar subjektesh në mënyrë të përgjithshme, sepse nga përmbajtja e tij rrjedh padiskutim se në këtë rast bëhet fjalë për një akt individual, konkret të miratuar nga Qeveria e Republikës së Maqedonisë së Veriut, me të cilin është vendosur që të merren masa për parandalimin e keqpërdorimeve dhe manipulimeve në ofrimin e shërbimit universal në tregun e energjisë elektrike, në kushtet e ekzistimit të gjendjes së krizës në furnizimin me energji elektrike dhe atë vetëm për komunat, Qytetin e Shkupit dhe komunat në qytetin e Shkupit që nuk mund të themelojnë ndërmarrje publike, shoqëri me përgjegjësi të kufizuar ose shoqëri aksionare për kryerjen e një veprimtarie me interes publik – ndriçimin publik.
Duke pasur parasysh faktin se vendimi i kontestuar nuk ka karakter të rregullores në kuptim të nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, janë plotësuar kushtet procedurale të nenit 28 paragrafi 1 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, sipas të cilave Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetene të vendosë për të.
Lidhur me propozimin në iniciativë, deri në marrjen e një vendimi përfundimtar, që Gjykata Kushtetuese të miratojë vendim për ndalimin e ekzekutimit të akteve individuale ose veprimeve të ndërmarra në bazë të vendimit të kontestuar, Gjykata vendosi se nuk janë plotësuar kushtet e nenit 27 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
5. Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 të këtij aktvendimi.
6. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi me shumicë votash në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.110/2022
U.nr.111/2022
U.nr.112/2022
U.nr.124/2022
5 prill 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska