Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 7 март 2023 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 2 точка 29 во делот „заверена кај нотар” од Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија” број 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 124/2019).
2. Славко Лазовски од Скопје, до Уставниот суд на Република Северна Македонија, поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на дел од одредбата од Законот, означен во точката 1 од Решението.
Според подносителот на инициjативата, оспорениот дел „заверена кај нотар” од член 2 точка 29. од Законот за катастар на недвижности е спротивен на член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија.
Причините за неуставноста на оспорениот дел „заверена кај нотар” на членот од Законот, подносителот ги објаснува со наводи дека органот е должен на странката да ѝ овозможи што полесно да ги заштити и оствари своите права согласно со начелата на пропорционалност, економичност и ефикасност на постапката предвидени во Законот за општата управна постапка, а во таа смисла Агенцијата за катастар на недвижности е должна да постапува според одредбите на наведениот закон кога решава управна работа и спрема странките да се применуваат оние мерки предвидени со прописите кои се поповолни за нив, ако со таквата мерка се остварува целта на законот. Подносителот смета дека оспорениот дел „заверена кај нотар” на членот од Законот, тоа не го обезбедува и треба да се отстрани од правниот поредок, а изјавата во која се содржани основите за правниот интерес да се дава согласно член 63 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија” број 124/2015), според кој странката може да дава изјави усно на записник или во писмена форма во секоја фаза од постапката. Според подносителот, оспорениот дел на членот од Законот за катастар на недвижности значи недоверба кон државниот службеник кој има оригинерни јавни овластувања и дадената изјава пред него е поверодостоен доказ од изјавата дадена пред нотар. Воедно, оспорениот дел на членот од Законот, спротивно на член 9 став 2 од Законот за вработените во јавниот сектор, им попречува на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности да обезбедат непристрасна и објективна примена на законите и другите прописи. Тој смета и дека оспорениот дел „заверена кај нотар” на членот од Законот ги ограничува стекнатите права на граѓаните, а пропишано право не може со друг закон да се ограничи без да постојат сериозни причини за тоа, воедно според член 54 став 2 од Уставот слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена и или вонредна состојба.
Од наведените причини, со иницијативата се бара оспорениот дел на членот од Законот, да се поништи како противуставен.
3. Судот на седницата утврди дека член 2 точка 29. од Законот за катастар на недвижности, оспорен во делот „заверена кај нотар”, уредува дека „заинтересирано лице” е лице кое за докажување на својот правен интерес за поднесување на пријава за запишување, покрај правен основ за запишување и геодетски елаборат, прилага и изјава заверена кај нотар во која се содржани основите за правниот интерес.
4. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија.
Според член 51 од Уставот, во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.
Работите што се предмет на уредување со Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија” број 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 124/2019) се утврдени во член 1 од Законот, а тие се однесуваат на управувањето со Геодетско-катастарскиот информационен систем, одржувањето на катастарот на недвижности, востановувањето и одржувањето на катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, геодетските работи за посебни намени, премерот на недвижностите во функција на катастарот на недвижности, премерот и одржувањето на државната граница на Република Северна Македонија, топографските карти, масовната процена на недвижностите, воспоставувањето и управувањето со Графичкиот регистар за градежно земјиште, водењето на Регистарот за просторни единици, водење на Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, надзорот на работењето на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи, како и статусот, организацијата, работењето и надлежностите на Агенцијата за катастар на недвижности (во натамошниот текст: Агенцијата).
Со член 2 од Законот, се дефинираат изразите употребени во Законот, определувајќи го нивното значење како начин кој ја утврдува и разликата помеѓу наведените изрази.
„Носител на право” според член 2 точка 9. од Законот, е физичко лице, правно лице, Република Северна Македонија или единица на локалната самоуправа и Градот Скопје на чие име е запишано правото на недвижноста во катастарот на недвижности.
„Подносител на пријава за запишување” според точка 23. на член 2 од Законот, е носителот на правото на недвижноста, негов законски застапник, полномошник, овластен претставник, законски наследник на починатиот носител на правото на сопственост, заинтересирано лице или лице кое е овластено да бара запишување согласно со закон.
Според член 2 точка 29. од Законот „заинтересирано лице” е лице кое за докажување на својот правен интерес за поднесување на пријава за запишување, покрај правен основ за запишување и геодетски елаборат, прилага и изјава заверена кај нотар во која се содржани основите за правниот интерес.
Од анализата на оспорениот член 2 точка 29. од Законот за катастар на недвижности, со кој се дефинира значењето на употребениот израз „заинтересирано лице”, а кое се разликува од лице „носител на право” (лице на чие име е запишано правото на недвижноста во катастарот на недвижности), произлегува дека кога како подносител на пријава за запишување се јавува „заинтересирано лице”, кон пријавата за запишување (покрај правниот основ за запишување и геодетскиот елаборат), приложува изјава заверена кај нотар со цел да го докаже правниот интерес.
Од погоре цитираните законски одредби произлегува дека законодавецот во Законот за катастар на недвижности направил разграничување на дефинираните изрази помеѓу: „носител на правото”, „подносител на пријавата за запишување” и „заинтересирано лице” од оспорениот член 2 точка 29. од Законот, коешто подносителот на иницијативата не го зема предвид, при што смета дека оспорениот дел „завeрена кај нотар” на членот од Законот е спротивен на принципот на владеење на правото од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот што го образложува со наводите изнесени погоре.
Принципот на владеење на правото во однос на кој се оспорува уставноста на оспорениот дел на членот од Законот, бара во правниот поредок да функционираат јасни и недвосмислени норми коишто нема да оставаат можност за различно толкување и нивна различна примена или можност за правна несигурност на граѓаните, а во конкретниот случај, според Судот, одредбата од член 2 точка 29. од Законот, претставува норма со јасно формулирана содржина, во која јасно е определено значењето на употребениот израз во Законот, вклучително и јасна во поглед на содржаниот оспорен дел „заверена кај нотар”.
Согласно член 4 став 5 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија” број 72/2016, 142/2016 и 233/2018), нотарските заверки имаат доказна сила на јавни исправи во делот на фактите кои нотарот ги потврдил, што според Судот го оправдува поставеното барање во член 2 точка 29. од Законот за катастар на недвижности за доставување на изјава заверена на нотар со која заинтересираното лице ќе го докаже правниот интерес за основите за поднесување на пријавата за запишување на одредени права во катастарот на недвижности.
Оттука, според Судот, неосновано со иницијативата се смета дека оспорениот дел „заверена кај нотар” од член 2 точка 29. од Законот, е спротивен на принципот на владеењето на правото и дека не ја обезбедува правната сигурност на граѓаните како негов составен дел, туку напротив, оспорениот законски дел е во функција на обезбедување и зајакнување на правната сигурност на граѓаните бидејќи со тоа се обезбедува доказ кој има својство на јавна исправа, а врз основа на кој Агенцијата за катастар на недвижности ги обезбедува принципите за работа утврдени во член 7 од Законот за катастар на недвижности, а тоа се: принципите на законитост, стручност, ефикасност, транспарентност, сервисна ориентација, професионалност и одговорност за работењето и постигнатите резултати.
Во рамки на наводите со кои се објаснуваат причините за неуставноста на оспорениот дел „заверена кај нотар” на членот од Законот за катастар на недвижности, се и наводите дека оспорениот дел на членот од Законот е во спротивност со одредби од други закони, како што се Законот за општата управна постапка и Законот за вработените во јавниот сектор. Меѓутоа, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите или нивни одредби со одредбите на Уставот, а не за меѓусебната согласност на закон со закон, како прописи од ист ранг во хиерархијата на правните прописи. При ова, треба да се има предвид дека примената на одредбата од членот 63 од Законот за општата управна постапка при постапка за запишување на правата во катастарот на недвижности, е неприменлива во конкретниот случај од причина што запишувањето, односно поднесувањето на пријавата за запишување се спроведува со примена на одредбите од Законот за катастар на недвижности.
Што се однесува до наводите дека пропишано право не може со друг закон да се ограничи, односно дека не смее да се ограничуваат стекнатите права на граѓаните, истите не се јасни бидејќи оспорениот дел на членот од Законот нема уредување кое значи ограничување на стекнати права. Воедно, наводите во однос на тоа како подносителот го подразбира оспореното законско уредување, односно дека тоа значи недоверба кон државниот службеник, истите не се основа за уставно проблематизирање на одредба од закон како несогласна со Уставот. Исто така, наводите дека целта на Законот може да се постигне и на друг начин, а не на начин како во конкретниот случај, се наводи за целисходноста од така уредената норма во Законот, што не е прашање во надлежност на Уставниот суд.
5. Имајќи го предвид погоре наведеното, Судот оцени дека во конкретниот случај, не може да се постави прашањето за согласноста на член 2 точка 29. во делот „заверена кај нотар” од Законот за катастар на недвижности со одредбите на Уставот, на кои се повикува подносителот во иницијативата.
6. Поради изнесеното, Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
У.бр.93/2022
7 март 2023 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска
* * *
Gjykata Kushtetuese e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 7 mars 2023, miratoi
A K T V E N D I M
1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e kushtetutshmërisë së nenit 2 pika 29 në pjesën “verifikuar në noter” të Ligjit për kadastër të patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116 /2015, 153/ 2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 124/2019).
2. Sllavko Lazovski nga Shkupi, në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, ka dërguar iniciativë për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së një pjese të dispozitës së Ligjit, të përcaktuar në pikën 1 të Aktvendimit.
Sipas parashtruesit të iniciativës, pjesa kontestuese “e verifikuar në noter” nga neni 2 pika 29 e Ligjit për kadastër të patundshmërive është në kundërshtim me nenin 8 paragrafi 1 alineja 3 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Parashtruesi i shpjegon arsyet e antikushtetutshmërisë së pjesës kontestimore “të verifikuar me noter” të nenit të ligjit me pretendimet se autoriteti është i detyruar t’i mundësojë palës mbrojtjen dhe ushtrimin e të drejtave të saj sa më lehtë në përputhje me parimet e proporcionalitetit, mënyrës ekonomike dhe efikasitetit të procedurës së paraparë me Ligjin për procedurë të përgjithshme administrative, dhe në këtë kuptim Agjencia për Kadastër të Patundshmërive është e obliguar që me rastin e zgjidhjes së çështjeve administrative të veprojë sipas dispozitave të këtij ligji dhe të aplikojë për palët ato masa të parashikuara nga rregulloret që janë më të favorshme për ta, nëse me këtë masë arrihet qëllimi i ligjit. Parashtruesi konsideron se pjesa kontestuese “e verifikuar në noter” e nenit të ligjit nuk e parashikon këtë dhe duhet të hiqet nga rendi juridik, dhe deklarata që përmban arsyetimin e interesit juridik duhet të jetë në përputhje me nenin 63 të Ligjit për procedurë të përgjithshme administrative (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 124/2015), sipas të cilit pala mund të deklarohet gojarisht në procesverbal ose me shkrim në secilën fazë të procedurës. Sipas parashtruesit, pjesa e kontestuar e nenit të Ligjit për kadastër të patundshmërive nënkupton mosbesim ndaj nëpunësit shtetëror i cili ka autorizime publike origjinale dhe deklarata e dhënë para tij është dëshmi më e besueshme se deklarata e dhënë para noterit. Në të njëjtën kohë, pjesa e kontestuar e nenit të Ligjit, në kundërshtim me nenin 9 paragrafi 2 të Ligjit për të punësuarit në sektorin publik, i pengon të punësuarit në Agjencinë për Kadastër së Patundshmërive që të sigurojnë zbatimin e paanshëm dhe objektiv të ligjeve dhe rregulloreve tjera. Ai gjithashtu mendon se pjesa e kontestuar “e verifikuar në noter” e nenit të ligjit kufizon të drejtat e fituara të qytetarëve dhe e drejta e paraparë nuk mund të kufizohet me ligj tjetër pa pasur arsye serioze për këtë, njëkohësisht sipas nenit 54 paragrafi 2 i Kushtetutës, liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit mund të kufizohen në kohë lufte ose në gjendje të jashtëzakonshme.
Për arsyet e cekura, me iniciativën kërkohet që pjesa e kontestuar e nenit të Ligjit të anulohet si antikushtetuese.
3. Gjykata në seancë përcaktoi se neni 2 pika 29 të Ligjit për kadastër të patundshmërive, i kontestuar në pjesën “verifikuar në noter”, rregullon se “personi i interesuar” është personi i cili për të dëshmuar interesin e tij juridik për parashtrimin e fletparaqitjes për regjistrim, bazës ligjore të regjistrimit dhe elaboratit gjeodezik ia bashkangjit edhe deklaratën e vërifikuar në noter, e cila përmban bazën e interesit juridik.
4. Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, sundimi i së drejtës është vlerë themelore e rendit kushtetues të Republikës së Maqedonisë së Veriut.
Sipas nenit 51 të Kushtetutës, në Republikën e Maqedonisë së Veriut ligjet duhet të jenë në përputhje me Kushtetutën, ndërsa të gjitha rregullat tjera me Kushtetutë dhe me ligjin. Të gjithë janë të detyruar të respektojnë Kushtetutën dhe ligjet.
Punët që janë çështje të rregulluara me Ligjin për kadastër të patundshmërive (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 55/2013, 41/2014, 115/2014, 116/2015, 153/2015, 192/2015, 61/2016, 172/2016 dhe 64/2018 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 124/2019) janë të përcaktuara në nenin 1 të Ligjit dhe i referohen menaxhimit të Sistemit Informativ Gjeodezik të Kadastrës, mirëmbajtjes së kadastrës së patundshmërive, vendosjes dhe mirëmbajtjes së kadastrës së objekteve të infrastrukturës si pjesë e kadastrës së patundshmërive, punët e përgjithshme gjeodezike, punët gjeodezike për dedikime të veçanta, rilevimi i patundshmërive në funksion të kadastrës së patundshmërive, rilevimi dhe mirëmbajtja e kufirit shtetëror të Republikës së Maqedonisë së Veriut, hartat topografike, vlerësimi masiv i patundshmërive, themelimi dhe menaxhimi me Regjistrin grafik për tokën ndërtimore, menaxhimi i Regjistrit të njësive hapësinore, menaxhimi i Regjistrit grafik të rrugëve dhe numrave të shtëpive, mbikëqyrja e punës së tregtarëve individë gjeodetë të autorizuar dhe shoqërive tregtare për punët gjeodezike, si dhe statusin, organizimin, funksionimin dhe kompetencat e Agjencisë së Kadastrës së Patundshmërive (në tekstin e mëtejmë: Agjencia).
Me nenin 2 të Ligjit, saktësohen shprehjet e përdorura në Ligj, duke përcaktuar rëndësinë e tyre si mënyrë për të përcaktuar dallimin ndërmjet shprehjeve në fjalë.
“Bartës i së drejtës” sipas nenit 2 pika 9 të Ligjit, është personi fizik, personi juridik, Republika e Maqedonisë së Veriut ose njësia e vetëqeverisjes lokale dhe Qyteti i Shkupit në emër të të cilit është shkruar e drejta e patundshmërisë në kadastrën e patundshmërive.
“Parashtrues i fletëparaqitjes për regjistrim” sipas pikës 23 të nenit 2 të Ligjit, është bartësi i të drejtës së patundshmërisë, përfaqësuesi i tij ligjor, i autorizuari, përfaqësuesi i autorizuar, trashëgimtari ligjor i bartësit të ndjerë të së drejtës së pronësisë, personi i interesuar ose personi i cili është i autorizuar të kërkojë regjistrim në pajtim me ligjin.
Sipas nenit 2 pika 29 të Ligjit, “person i interesuar” është personi i cili për të dëshmuar interesin e tij ligjor për parashtrimin e fletparaqitjes për regjistrim, krahas bazës ligjore për regjistrim dhe elaboratit gjeodezik, bashkëngjit edhe një deklaratë të verifikuar në noter, e cila përmban bazat e interesit juridik.
Nga analiza e nenit kontestues 2 pika 29 të Ligjit për kadastër të patundshmërive, i cili përcakton kuptimin e shprehjes së përdorur “person i interesuar”, dhe i cili dallon nga një person “bartës i së drejtës” (një person në emër të të cilit është regjistruar e drejta e patundshmërisë në kadastrën e patundshmërive), del se kur një “person i interesuar” paraqitet si parashtrues i fletparaqitjes për regjistrim, në kërkesën për regjistrim (përveç bazës ligjore për regjistrim dhe raportit gjeodezik), bashkangjit edhe deklaratë të verifikuar në noter për të vërtetuar interesin juridik.
Nga dispozitat ligjore të cituara më sipër, rezulton se ligjvënësi në Ligjin për Kadastër të Patundshmërive ka bërë përkufizime të shprehjeve të përcaktuara ndërmjet: “bartësit të së drejtës”, “parashtruesit të fletëparaqitjes për regjistrim” dhe “personit të interesuar” nga neni i kontestuar 2 pika 29 të Ligjit, të cilin parashtruesi i iniciativës nuk e merr parasysh, duke konsideruar se pjesa kontestuese “e verifikuar në noter” e nenit të Ligjit është në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës nga neni 8 paragrafi 1 alineja 3 të Kushtetutës që e arsyeton me pretendimet e paraqitura më lart.
Parimi i sundimit të së drejtës në lidhje me të cilin kontestohet kushtetutshmëria e pjesës kontestuese të nenit të Ligjit, kërkon që në rendin juridik të funksionojnë norma të qarta dhe të padyshimta që nuk do të lënë mundësinë e interpretimit të ndryshëm dhe zbatimit të ndryshëm të tyre apo mundësi për pasiguri juridike për qytetarët, ndërsa në rastin konkret, sipas Gjykatës, dispozita nga neni 2 pika 29 e Ligjit, paraqet normë me përmbajtje të formuluar qartë, në të cilën kuptimi i shprehjes së përdorur në ligj është e përcaktuar qartë, në të cilën qartë është përcaktuar rëndësia e shprehjes së përdorur në Ligj, duke përfshirë qartë për sa i përket përmbajtjes së pjesës kontestuese “të verifikuar në noter”.
Në bazë të nenit 4 paragrafi 5 të Ligjit për noterinë (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 72/2016, 142/2016 dhe 233/2018), verifikimet noteriale kanë fuqi dëshmuese të dokumenteve publike në pjesën e fakteve të cilat i ka verifikuar noteri, që sipas gjykatës arsyeton kërkesën e parashikuar në nenin 2 pika 29 të Ligjit për Kadastër të Patundshmërive për dërgimin e deklaratës së verifikuar në noter me të cilën personi i interesuar do të dëshmojë interesin juridik për bazat për parashtrimin e fletparaqitjes për regjistrimin e të drejtave të caktuara në kadastrën e patundshmërive.
Së këndejmi, sipas Gjykatës, nga iniciativa konsiderohet e pabazuar se pjesa kontestuese e “vërifikuar në noter” nga neni 2 pika 29 të Ligjit, është në kundërshtim me parimin e sundimit të së drejtës dhe se nuk siguron sigurinë juridike të qytetarëve si pjesë përbërëse e tij, por përkundrazi, pjesa e kontestuar e ligjit është në funksion të garantimit dhe forcimit të sigurisë juridike të qytetarëve, sepse ofron prova që kanë karakterin e dokumentit publik dhe mbi bazën e të cilave Agjencia për Kadastër të Patundshmërive i siguron parimet e punës të përcaktuara në nenin 7 të Ligjit për kadastër të patundshmërive dhe ato janë: parimet e ligjshmërisë, efikasitetit, transparencës, orientimit në shërbim, profesionalizmit dhe përgjegjësisë për punë dhe rezultatet e arritura.
Në kuadër të pretendimeve që sqarojnë arsyet e antikushtetutshmërisë së pjesës kontestuese “të vërifikuar në noter” të nenit të Ligjit për kadastër të patundshmërive, ka edhe pretendimet se pjesa kontestuese e nenit të ligjit është në kundërshtim me dispozitat e ligjeve të tjera, si Ligji për procedurë të përgjithshme administrative dhe Ligji për të punësuarit në sektorin publik. Megjithatë, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve ose të dispozitave të tyre me dispozitat e Kushtetutës dhe jo për pajtimin e ndërsjellë të ligjit me ligjin, si rregulla të së njëjtit rang në hierarkinë e rregullave juridike. Gjatë kësajë duhet të merret parasyshë se zbatimi i dispozitës së nenit 63 të Ligjit për procedurën e përgjithshme administrative gjatë procedurës për regjistrimin e të drejtave në kadastrën e patundshmërive, është i pazbatueshëm në rastin konkret për arsye se regjistrimi, përkatësisht paraqitja e fletëparaqitjes për regjistrim bëhet duke zbatuar dispozitat e Ligjit për kadastër të patundshmërive.
Sa i përket pretendimeve se e drejta e paraparë nuk mund të kufizohet me ligj tjetër, gjegjësisht se të drejtat e fituara të qytetarëve nuk guxojnë të kufizohen, ato nuk janë të qarta sepse pjesa e kontestuar e nenit të ligjit nuk përmban rregull që nënkupton kufizimin e të drejtave të fituara. Në të njëjtën kohë, pretendimet se si e kupton parashtruesi i rregullimin e kontestuar ligjorë, respektivisht se kjo nënkupton mosbesim ndaj nëpunësit shtetëror, të njëjtat nuk janë bazë për problematizim kushtetues të dispozitës së ligjit si në kundërshtim me Kushtetutën. Gjithashtu, pretendimet se qëllimi i Ligjit mund të arrihet edhe në mënyrë tjetër dhe jo në një mënyrë si në rastin konkret, janë pretendime për përshtatshmërinë e normës së rregulluar në këtë mënyrë në ligj, e cila nuk është çështje në kompetencë të Gjykatës Kushtetuese.
5. Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se në rastin konkret, nuk mund të vendoset çështja për pajtimin e nenit 2 pika 29 në pjesën “e vërtetuar në noter” të Ligjit për Kadastër të Patundshmërive me dispozitat e Kushtetutës, të cilave u referohet parashtruesi i iniciativës.
6. Për shkak të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në pikën 1 dhe 2 të këtij aktvendimi.
7. Këtë aktvendim Gjykata e miratoi në përbërje të kryetares së Gjykatës, Dobrilla Kacarska dhe gjykatësve: Naser Ajdari, mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender.
U.nr.93/2022
7 mars 2023
Shkup
KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska