Пристап до информации од јавен карактер

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019), Уставниот суд на Република Северна Македонија ја изготви следната

Листа на информации од јавен карактер

Листата за информации од јавен карактер на Уставниот суд на Република Северна Македонија ја сочинуваат следните групи на информации:

  • Конечни одлуки на Уставниот суд
  • Деловникот на Уставниот суд
  • Број на поднесени иницијативи
  • Дневен ред за одржување на седници на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд на Република Северна Македонија согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: м-р Љубица Гаџовска.

Уставен суд на Република Северна Македонија 

  • Адреса: „Димитар Влахов“ бр.19 1000 Скопје
  • Е-маил: ljgadzovska@ustavensud.mk
  • Факс: 02-3119-355

Граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвил Уставниот суд на Република Северна Македонија со пополнување на Барање за пристап до информација од јавен карактер кое може да го добијат во Архивата на Уставниот суд или на линкот подолу, како и со доставување на барање во електронска форма на е-маил адресата на горенаведеното службено лице.

Погледнете го документот Образецот ПП за пристап до информации (PDF)

Преземетe го документот на следниот линк (Word Document) —Образец ПП – Барање за пристап до информации

Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон (02) 3164– 061.