Соопштение по одржаната 5. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 5. Седница со дневен ред на кој се дискутираше по пет иницијативи за оценување на уставност и законитост и одлучи: 

1.Реферат У.бр.225/2020

Нe се поведува постапка за оценување на уставноста на член 24 став 3 во делот: „со истиот статус на работен однос“ од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македо­нија“ бр.42/2020).

Подносител на инцијативата: Џамбазоски Панта од Скопје и Кичевски Давид од Крушево, застапувани од адвокат Дељо Кадиев од Скопје.

2.Реферат У.бр.270/2020

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2016).

Подносител на иницијативата: Светски македонски конгрес

3.Реферат У.бр.28/2022

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 44 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021).

Подносител на иницијативата: Благоја Новески од Скопје.

 4.Реферат У.бр.108/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 271 став 1, член 272, член 275 и член 276 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи, склучен помеѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 149/2021). 

Подносител на иницијативaта: Синдикат на полицијата во Македонија од Велес.

5.Реферат 91/2021

По излагањето на судијата-известител и по расправата што се водеше по предметот,  судијата-известител го повлече рефератот по предметот поради утврдување на дополнителни информации и предметот ќе биде ставен на некоја од наредните седници.

Подносител на иницијативата: Друштво за производство и земјоделие ДУБРОВО ДООЕЛ с. Дуброво, Неготино, претставувано од управителот Љатив Бејаз од Велес, -застапенo преку полномошник адвокат Јованче Цилаков од Велес.

Од наводите во иницијативите: http://ustavensud.mk/?p=23503