Соопштение по одржаната 41. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 41. седница со дневен ред на кој беа закажани осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи:

1. Реферат У.бр.145/2021

Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на членот 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

Подносител: Емилија Атанасовска-Јовановиќ од Скопје и други

2. Реферат У.бр.87/2021

Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на  членот 91 став 2 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/2006, 126/2006, 84/2007,47/2011, 79/2013, 164/2013, 29/2014, 98/2015 и 192/2015) во делот: „Доверителот кој е упатен на парница е одговорен за штетата што може да биде предизвикана со водењето на парницата ако тужбеното барање биде одбиено како неосновано“.

Подносител на иницијативата: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје.

3. Реферат У.бр.24/2022

Поради недобиено мнозинство гласови овој предмет ќе биде ставен на некоја од наредните седници.

Оспорен: Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 294/2021) и посебно: член 3 став 1 точка е), членовите 35, 36, 37, член 54 став 1 точки б) и г), член 55 ставови 4, 5 и 9, член 56 став 3 точки 2) и 3) и членовите 57, 58, 60, 61, 62, 63, 64, 65, 66, 67, 68 и 69 од овој закон.

Подносители: Александар Ристески и Рајна Наумовска-Марковска, адвокати од Скопје.

4. Реферат У.бр.18/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставност и законитост на  член 2 точки 1 и 4, членовите 3, 7, 9 ставови 3 и 4, член 11 став 2, член 14, член 15 став 1 и член 16 од Правилникот за начинот на службено оценување на активниот воен персонал, активниот резервен персонал и за офицерите односно подофицерите и војниците во резервниот состав на Армијата на РСМ, начинот на водење на евиденција потребна за службено оценување и видовите на обрасците на оценувачкиот лист(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.156 од 09.07.2021)

Подносител на иницијативата: Јоне Ивановски.

5. Реферат У.бр.147/2021

Поради недобиено мнозинство предметот ќе биде ставен повторно на гласање на некоја од наредните седници.

Оспорени:  Член 20 став 2, член 23 став 3, член 24 став 1 т.4 и 5 од Правилникот за облиците на континуирано стручно усовршување пречистен текст од 26.06.2020 Oдлука за критериуми при избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување од 19.02.2021, Јавен повик за избор на спроведувачите на континуирано стручно усовршување за период од 2021-2025 од 19.02.2021.

Подносител: Здружение на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци.

6. Реферат У.бр.11/2022

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на КОВИД 19 бр.44-3324/1 од 22.04.2020 година.

Подносител: Сашо Балабанов од Штип

7.Реферат У.бр. 82/2022

 Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставност и законитост на Одлуката за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4 од 12 јули 2022 година.

Подносител: Друштво за производство, трговија и услуги УПМ-ГРУП ДООЕЛ Куманово и Трговско друштво за внатрешен и надворешен промет, производство и услуги ХРОМАК Емил ДООЕЛ увоз-извоз Куманово преку полномошници Викор Божиновски и Борче Ивановски.

8. Реферат У.бр.59/2020

Ја отфрли иницијативата за оценување на уставност и законитост на членот 16 од Услови за каско осигурување на моторни и шински возила, донесени од Акционерско друштво за осигурување „ЕУРОЛИНК“ Скопје.

Подносител на иницијативата: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје.

Уставниот суд го одби барањето за заштита на слободи и права по предметот У.бр.52/2020

Подносител: Иса Нафи преку Кети Јандријеска Јованова, адвокат од Скопје

Повеќе од наводите: http://ustavensud.mk/?p=23147