Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за XXXVI-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 22.12.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 136 став 7 и член 187 став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/19 и 178/21).
Реферат У.бр.116/2021

Подносител: Здружение Центар за напредни истражувања, застапувано од д-р Темелко Ристески

2. Член 3 став 1 точка 16, член 6 став 1 и 2, член 6 став 4 точка 1 и 4 зборовите „заради спречување од внесување и ширење на Корона вирус COVID-9 (дистанца, дезинфекција и слично)“, член 12 став 2, член 13 став 1 точка 12 и член 16 зборовите во делот „до завршување на Пандемијата со COVID – 19 прогласена од Светската здравствена организација“, од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2020).
Реферат У.бр.304/2020

Подносител: Дарко Јаневски од Скопје

3. Одлука за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на Општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа, бр.25-2752/18 од 30 јули 2020 година, донесена од Советот на Општина Велес.
Реферат У.бр.272/2020

Подносител: Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес

4. Член 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.08-1090/8 од 24.04.2015 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.4 од 28.04.2015 година) и член 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.8-1188/7 од 30.06.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.5 од 30.06.2020 година), донесени од Советот на Општина Ѓорче Петров.
Реферат У.бр.109/2021

Подносител: Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.144/2019

Подносител: Никола Мијалков и законски застапник Зоран Мијалков, застапувани од Трајче Торов, адвокат од Штип

2. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.54/2020

Подносител: Емилија Петковска застапувана од адвокат Весна Јовановска