Соопштение по одржаната XXII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXII-та седница (денeс, 15 септември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлука за донесување на Урбанистички план за село Ново Село со разработка на У.Е.„В“ дел од У.Е.„Г“ и дел од У.Е.„Д“ општина Ново Село, на површина од 247,83 хектари, изработен од „ЗУАС“-Скопје со тех.број 2536/12, бр.08-1563/1 од 2.06.2015 година, донесена од страна на Советот на општина Ново Село;

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 став 1 дел 4 точка 408 од Правилникот за листата на професионалните болести (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.118/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, О.број 02-15/III-6/2021 од 26 февруари 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.47/2021), донесена од Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.

Во предметот У.бр.190/2020 не се донесе одлука од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство.

Расправата по предметот У.бр.266/2020 се одложи за една од наредните седници.