Врз основа на членовите 82 и 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 60 и 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 6 март 2004 година, донесе
О Д Л У К А
за утврдување на настапување на условите за престанок на функцијата на Г-дин Борис Трајковски, Претседател
на Република Македонија
1. Се утврдува дека поради смрт, на Г-дин Борис Трајковски му престанува функцијата претседател на Република Македонија.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.
Су.бр.133/2004
6 март 2004 година
С к о п ј е
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова