Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 12.05.2020 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 95, член 99 став 1 во целина и посебно алинеја 2, член 107 став 5, во делот: „до второстепениот орган“, член 114 став 1, во делот: „кога рокот за поднесување жалба против управен акт истекол“ и член 119 став 1, во делот: „посебна организционата единица или колегијално тело на јавниот орган“, од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2015).
Реферат У.бр.55/2018

2.Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2020).
Реферат У.бр.55/2020

3.Член 3 од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 84/2020 и 89/2020).
Реферат У.бр.56/2020

4.Уредба со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба заведена под број 44-2447/1 од 23 март 2020 година и објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.76).
Реферат У.бр.80/2020

5.Член 66 став 2 алинеја 6 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен гласник на Република Македонија“ бр.169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и 95/2019).
Реферат У.бр.142/2019

6.Точка I. Преглед на законските основи за утврдување и пресметување на додатоци на плата на судската полиција, потточка 4. Додаток на плата за работа за време на неделен одмор од Упатството за начинот на пресметка и исплата на додатоци на плата на судската полиција, број 03-599/9 од 13.06.2016 година, донесен од Судскиот буџетски совет на 01.06.2016 година.
Реферат У.бр.91/2019

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.94/2019 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.44/2020 и 50/2020 со нацрт-одлука

3. Предлог за одлучување по предметот У.бр.49/2020 со нацрт-одлука