Средба на Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар

На ден 16 декември 2019 година (понеделник), со почеток во 10.00 часот, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, ќе оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. г-дин Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.