Портпарол


Христина Беловска

Портпарол-советник на Судот за односи со јавност

+389 77 540 656

hbelovska@ustavensud.mk
jovanovah@gmail.com

Христина Беловска има десетгодишно искуство како новинарка којa обработувала теми од правосудството, организираниот криминал и корупција, владеењето на правото во Македонија и европското право, граѓанските права и слободи. Кариерата ја почнува во студентското радио „Студент ФМ”, а првото нејзино професионално вработување е во националната телевизија „Сител“ во 2011 година.

Потоа во 2015 година продолжува во редакцијата на „Телевизија 24” и 2021 година во „Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)”. Беловска е една од единаесеттемина новинари кои заедно со десет судии во 2018 година го основаа Судско-медиумскиот совет кој по својата надлежност е трети во светот и прв во Европа. Во вториот мандат на овој совет, Беловска е потпретседателка сẻ до вработувањето во Уставниот суд. Во рамките на Судско-медиумскиот совет Христина Беловска е ангажирана и како тренер и предавач на судии на новинарските школи за судии, кои имаат за цел зголемување на транспарентноста на судството и надминување на проблемите на јавноста и медиумите во правосудните институции.

Своето образование Христина Беловска го завршува на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје каде што се стекнува со звањето дипломиран новинар со просек 8.17, а понатаму студиите ги продолжува на насоката Односи со јавноста, со просек 9.80 и магистрира на темата: „Комуникациски и правни аспекти на транспарентноста на судството во Република Северна Македонија”. Во текот на својата кариера Беловска активно учествува и во новинарските организации, а два мандати дава придонес и во Извршниот одбор на ССНМ (Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници).

Дел е од деветмесечна обука преку Фулбрајт програмата на САД за едукација на студенти – новинари за новинарство, а во текот на студиите и работењето е дел од бројни тренинзи и обуки за функционирањето на правосудниот систем, медиумското лобирање, медиумската писменост и е сертифицирана новинарка за мултимедијално новинарство од програмата на „Томсон медиа”.