Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.09.2009

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 30-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 23.09.2009

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 73 став 3 и член 74 став 3 од Законот за судовите („Службен
весник на Република Македонија“ бр.58/2006,62/2006 и 35/2008).
(Реферат У.бр.247/2008)

2. Член 184, член 185-е став 1 во делот: „и пресметаната камата“, и став
3 во делот: „и пресметаната камата“, од Законот за пензиското и инвалидското
осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 3/1994,
14/1995, 71/1996, 32/1997, 24/2000, 96/2000, 50/ 2001, 85/2003, 50/2004,
4/2005, 101/2005, 70/2006, 153/2007 и 81/2009).
(Реферат У.бр.249/2008)

3. Член 67 став 2 во делот: „освен ако изречената глоба со одлуката и
трошоците на постапката вкупно не надминуваат за физичко лице 100 евра во
денарска противвредност, за одговорно лице во правно лице, службено лице или за
трговец поединец 500 евра во денарска противвредност и за правно лице 1000 евра
во денарска противвредност“ и став 3 од Законот за прекршоците („Службен весник
на Република Македонија“ бр.62/2006).
(Реферат У.бр.21/2009)

4. Член 123 од Законот за даночната постапка („Службен весник на
Република Македонија“ бр.13/2006, 88/2008, 159/2008 и 105/2009).
(Реферат У.бр.27/2009)

5. Член 17 став 7 од Законот за приватизација и закуп на градежно
земјиште во приватна сопственост („Службен весник на Република Маке­донија“ бр.
4/2005, 13/2007 и 165/2008).
(Реферат У.бр.58/2009)

6. Член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.84/2005).
(Реферат У.бр.107/2009)

7. Акт на Владата на Република Македонија за разгледување и усвојување
на информацијата за начинот на одбивање на надоместокот за превоз од бруто
плата на вработените во 2009 година, кои и до сега не го примале истиот,
донесен на Педесеттата седница на Владата одржана на 30 јануари 2009 година.
(Реферат У.бр.61/2009)

8. Измени и Дополнување на поединечниот Колективен договор на ниво на
Национална установа Народен театар-Битола бр.01-421/1 од 25 декември 2008
година.
(Реферат У.бр.76/2009)

9. Член 5 став 3 и член 6 од Правилникот за начинот на плаќањето на
лабораториските испитувања во специјалистичко консултативна здравствена заштита
по упат на избран лекар („Службен весник на Република Македонија“ бр.10/2002,
17/2002-исправка, 137/2006, 41/ 2007, 62/2007, 86/2007 и 37/2008).
(Реферат У.бр.85/2009)

10. Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на
градежно земјиште, број 07-3333/19 од 29.12.2008, донесена од Советот на
Општина Центар-Скопје, објавена во Службен гласник на Општина Центар” број 13
од 29.12.2008 година.
(Реферат У.бр.92/2009)