Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 25 мај 2016 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на
2. Игорчо Точев од Кочани, до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на деловите од одредбите на членовите од Законот, означен во точката 1 од ова решение.
Според наводите од иницијативата, оспорените делови од одредбите на членовите од Законот не биле конзистентни со пропишувањето во Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија”, број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010 и 51/2011) каде според член 62 алинеја 2 од наведениот закон, Министерството за образование и Министерството за наука се обединуваат во Министерство за образование и наука и продолжуваат со работа како Министерство за образование и наука со надлежности утврдени со овој закон.
Бидејќи во Законот за поттикнување и помагање на техничката култура, се уште постоело пропишувањето дека Министерството за наука е субјект кому му се доверени овластувања според предметниот закон, а и министерот за наука да донесува акти, односно подзаконски прописи, а не Министерството за образование и наука, односно министерот за образование и наука, како што произлегувало од пропишувањето со Законот за организација и работа на органите на државната управа, се бара поведување на постапка за оценување на уставноста на оспорените делови од законските одредби, како спротивни на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
3. Судот, на седницата утврди дека според член 3 став 1 од Законот за поттикнување и помагање на техничката култура техничката култура, во смисла на овој закон, ја остваруваат здруженија на граѓани на кои им е доверено вршење на јавно овластување од страна на Министерството за наука, согласно со овој или друг закон.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” од членот 3 став 1 од Законот.
Според член 4 став 3 од Законот, Министерството за наука ги одобрува и финансира програмите за работа и проектите од ставот 2 на овој член.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” од членот 4 став 3 од Законот.
Со член 5 став 1 од Законот е определено дека средствата за остварување на програмите за работа и проектите од членот 4 став 2 на овој закон се обезбедуваат во буџетот на Републиката и со нив располага Министерството за наука.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” од ставот 1 на членот 5 од Законот.
Со член 5 став 2 од Законот е определено дека за распределба на средствата од ставот 1 на овој член министерот за наука донесува годишна програма за поттикнување и помагање на техничката култура.
Со иницијативата се оспорува делот: “министерот за наука” од ставот 2 на членот 5 од Законот.
Според член 7 став 1 од Законот министерот за наука со општ акт ги утврдува критериумите за доделување на средствата од членот 5 став 1 на овој закон.
Со иницијативата се оспорува делот: “министерот за наука” од ставот 1 на членот 7 од Законот.
Според член 7 став 2 од Законот, за доделените средства Министерството за наука склучува посебен договор со корисниците.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” од ставот 2 на членот 7 од Законот.
Според член 8 од Законот, контрола на користењето на средствата од член 5 на овој закон врши Министерството за наука.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” на членот 8 од Законот.
Според член 9 од Законот, надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон врши Министерството за наука.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерството за наука” на членот 9 од Законот.
Според член 10 од Законот, Министерот за наука ќе ги донесе подзаконските акти во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Со иницијативата се оспорува делот: “Министерот за наука” на членот 10 од Законот.
4. Според членот 110 алинеја 1 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.
Согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.
Со иницијативата се оспоруваат деловите: “Министерството за наука”, односно “министерот за наука”, содржани во оспорените одредби од Законот за поттикнување и помагање на техничката култура, со наводи дека иако со измените со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Министерството за наука и Министерството за образование се обединуваат во Министерство за образование и наука, во Законот за поттикнување и помагање на техничката култура, оспорените делови од законските одредби сеуште останале како пропишани, што било спротивно на уставниот принцип на владеењето на правото.
Наводите во иницијативата всушност се сведуваат на барање Уставниот суд преку покренување на уставниот механизам за оценување на уставност на одредби од закон, да се впушти во постапување со цел да се изврши корекција на оспорените делови од одредбите на Законот за поттикнување и помагање на техничката култура, согласно пропишувањето со Законот за организација и работа на органите на државната управа, а кое нешто законодавецот не го сторил.
5. Имајќи ги предвид утврдените надлежности на Уставниот суд од член 110 на Уставот, наспрема наводите од иницијативата, Судот оцени дека во конкретниот случај исполнети се условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата, со оглед дека наводите се сведуваат на барање на постапување на Уставниот суд, што не е во негова надлежност, туку во надлежност на законодавецот кој ги креира прописите, ги менува и дополнува, а воедно и врши технички исправки и корекции на прописите кои ги донесува.
6. Поради изнесеното, Судот, одлучи како во точката 1 од ова решение.
7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот, Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.
У.бр.42/2016
25 мај 2016 година
Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева