Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски во интервју за телевизија Канал 5 говореше за значењето на 4. Годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), кој почнува денеска до 14 ноември во Охрид, како и за идните цели и перспективи на регионалната соработка меѓу уставните судови.
Во разговорот со новинарот Дејан Трајкоски, претседателот Костадиновски ја истакна амбицијата Балканскиот форум да се афирмира како регионална група во рамките на Светската конференција за уставна правда, со што би се зајакнале неговата меѓународна препознатливост и можностите за соработка со уставните судови од други региони.
Посебен акцент во интервјуто беше ставен на Охридската декларација, чие потпишување е предвидено во рамките на годишниот состанок, како израз на заедничката заложба за зголемување на довербата во уставните судови.
Интервјуто е објавено во пресрет на одржувањето на меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, на 13 ноември, 2026 година.
Целосното интервју со претседателот Костадиновски погледнете го на Канал 5:
