Три тематски сесии, излагања на домашни и странски говорници, размена на искуства и продлабочување на меѓународната уставносудска соработка ја одбележаа меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, одржана на 13 ноември 2026 година во Охрид.
Конференцијата обедини претседатели и судии на уставни судови, претставници на Венецијанската комисија, Европскиот суд за човекови права и други меѓународни институции, експерти од уставната област од Европа и Африка.
Три тематски сесии – 20 говорници, oд кои 8 домашни и 12 меѓународни говорници.
5 поздравни обраќања и едно воведно стручно излагање.Тројца модератори со професионално искуство во меѓународни институции.
Во фокусот на дискусиите беа довербата на граѓаните во уставните судови, независноста на уставното судство, ефективноста на уставносудските одлуки и предизвиците што ги носат дигитализацијата и вештачката интелигенција.
Со одржувањето на четвртиот годишен состанок на Форумот на балканските уставни судови, Уставниот суд на Република Северна Македонија го заокружи своето претседавање со оваа регионална иницијатива.
Ви ги пренесуваме најзначајните моменти од меѓународната конференција преку видеорезиме.
