На 22 јули 2026 година, во 9:30 часот, Уставниот суд ќе ја одржи 21. седница со Дневен ред за кој е предвидено да се разгледува еден предлог поврзан со неизвршување на одлука на Уставниот суд и да се гласа по Нацрт- одлуки и Нацрт- решенија за девет предмети.
I. ПРЕДЛОГ НА УСВОЈУВАЊЕ НА ПОСЕБНО РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ И НЕИЗВРШУВАЊЕ ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД
1. БЗСП.бр.8/2025
Судот ќе разгледува информација поврзана со неизвршување на одлука во предметот БЗСП 8/2025, во кој на седница одржана на 24.09.2025 година го уважи барањето за заштита на слободата на јавното изразување на мислата на Наташа Стојановска од Скопје и утврди повреда на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, коишто се однесуваат слободата на јавно изразување на мислата на Наташа Стојановска од Скопје, сторена со Пресудата 3 П4-240/22 од 15.06.2022 година од Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-3340/22 од 19.12.2024 година на Апелациониот суд Скопје.
Линк до одлуката на Судот: https://ustavensud.mk/2025/09/%d0%b1%d0%b7%d1%81%d0%bf-%d0%b1%d1%80-8-2025/
