Соопштение по одржаната 17. седница на Уставниот суд

На 17 јуни 2026 година, Уставниот суд ја одржа 17-та седница со дневен ред на кој се дискутираше по осум предмети, се гласаше по три предлози за одлучување, при што беше одлучено следното:

I. ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ

1. Реферат У.бр.176/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 49 став 4 во делот „а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од присутните членови“ и став 8 во деловите „реално направени трошоци“ и „врз основа на присуство на седници и обем на извршена работа“ од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154/2019, 178/2021, 58/2024 и 124/2025).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.198/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10 став 3 алинеја 1 во делот „раководен”, член 10 став 3 алинеја 3 во делот „инспектор”, член 10 став 3 алинеја 3 во делот „државен инспекторат”, член 10 став 3 алинеја 3 во делот „инспекциска служба” и член 10 став 9 во делот „Член на“ од Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.144/2025 и 252/2025).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.19/2026

Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на член 40 став 9 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.263/2023, 170/2024, 220/2024 и 132/2025).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: Друштво за производство, трговија и услуги ИНТЕР ГУМА ТРЕЈД ДОО Скопје, преку управителот Звонко Трпковски.

4. Реферат У.бр.30/2026

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 83 став 1 во делот „надзор над ажурното вршење на работите во судот” од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006, 62/2006-исправка, 35/2008, 150/2010, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.96/2019).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Судијата, м-р Фатмир Скендер го најави своето издвоено мислење.

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

5. Реферат УЗ.бр.85/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на членовите 6, 9 и 11 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на приватните здравствени установи кои вршат специјалистичко-консултативна здравствена заштита и лабораториски испитувања по упат на избран лекар („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2020 и 206/2023).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на иницијативата: ПЗУ-Лабораторија за молекуларна дијагностика ЛАОР Тетово преку полномошник Трајче Саздов, адвокат од Скопје.

6. Реферат УЗ.бр.65/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 1, дел од Блок 3 (помеѓу улиците „Маршал Тито” и „Никола Петров”), Општина Неготино, донесена од Советот на Општина Неготино со бр.08-1551/5 на ден 06.08.2025 година, објавена во „Службен гласник на Општина Неготино бр.11/2025 од 07.08.2025 година.

Одлуката е донесена едногласно.

Подносители на иницијативата: Зоран Ѓорѓиев, Методи Јанев, Илија Петрески, Игор Вулиќ, Љупчо Пасинечки, Зоран Пасинечки, Јордан Петрески, Светлана Петреска, Станка Ѓорѓиева и Ѓорѓи Ќимов, сите од Неготино, преку заеднички полномошник адвокат Катерина Тољкова Трајкова од Неготино.

7. Реферат УЗ.бр.69/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр. 07-601/1 од 29.08.2008 година на Советот на Општина Делчево со која е донесен Детален урбанистички план за дел од локалитет Милково брдо – „2” во Делчево („Службен гласник на Општина Делчево” бр.7/2008).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Велиновски Владе преку адвокат Ќирил Величковски.

8. Реферат УЗ.бр.10/2026

Судот ја отфрли иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на точка 43 во делот „и 2“ од Одлуката за методологијата за изработка на план за опоравување на системски значајни банки („Службен весник на Република Македонија” бр.26/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.25/2026).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА

1. У.бр.138/2021

Судот ја запре постапката за оценување на уставноста и законитоста на:

– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03, блок ССИ 03.07, Општина Бутел и Општина Карпош, Скопје, бр.09-6947/3 од 12.10.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.19/2021);
– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССЗ 02, блок 06, Општина Карпош – Скопје, бр.09-6334/4 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021);
– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Блок 9 од градска четврт ССИ 03, Општина Карпош и Општина Чаир бр.09-6334/5 од 16.09.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.15/2021);
– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 06, блок 3 06.09 Општина Карпош, Скопје, бр.09-5967/7 од 30.08.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.13/2021);
– Одлуката за донесување на измена и дополна на Детален урбанистички план за градска четврт ЦС 15-Криви Дол блок 1, Општина Карпош – Скопје бр.09-5017/6 од 15.07.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.10/2021);
– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт ССИ 03 блок 02, Општина Карпош и Општина Бутел, Скопје бр.09-2334/7 од 09.04.2021 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.7/2021) и
– Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 304, блок 04.02 Општина Карпош – Скопје бр.09-6997/8 од 12.11.2020 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.20/2020).

Одлуката е донесена едногласно.

Подносители на иницијативата: Невена Георгиевска и Татјана Чакулев.

2. УЗ.бр.10/2025

Судот ја укина Одлуката за промена на имињата на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во Општина Тетово, бр. 07-766/4 од 24.04.2007 година („Службен гласник на Општина Тетово“ бр. 25/2007 од 26.04.2007 година).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово.

3. У.бр.22/2026

Судот ги укина член 14 во делот „претседател на Уставниот суд на Република Македонија,“ и член 15 во делот „судија на Уставниот суд на Република Македонија,“ од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Сoцијалистичка Република Македонија” бр.36/1990; „Службен весник на Република Македонија” бр.44/1990, 11/1991, 38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/2010, 97/2010, 162/2010, 11/2012, 145/2012, 170/2013, 139/2014, 45/2018 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.51/2023, 65/2023, 51/2024, 272/2024 и 39/2026).

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива согласно со член 23 став 4 од Актот на Уставниот суд.