Соопштение по одржаната 15. седница на Уставниот суд

Уставниот суд на 4 јуни 2026 година ја одржа 15. седница на која дискутираше за седум предмети, гласаше по три нацрт-одлуки и го одлучи следното:

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ  

1. Реферат У.бр.188/2024 

Судот ја запре постапката за оценување на уставноста на член 101-в став 4 и член 101-з став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.55.

Oваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Ристо Гоговски 

2. Реферат У.бр.17/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 177-г став 6 и 10, член 177-ѓ став 4 и на член 177-ј став 8 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 177-г став 2 во делот „именувани од министерот“ и став 8 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Оваа одлука е донесена едногласно. Со мнозинство гласови е одлучено да не се поведе постапка за член 177-г став 8 од Законот за заштита на децата. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

3.Реферат У.бр.45/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 86 став 1 реченица прва од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2016, 142/2016 и 233/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/2020 и 154/2023). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Манчо Манчев 

4. Реферат У.бр.147/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 71 став 1 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 144/2025, 252/2025 и 266/2025). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносители на иницијативата: Филип Силјановски, Билјана Треневска, Цветанка Соколова Младеновска 

5. Реферат У.бр.153/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 99-а став 3 во деловите „се одзема“, „одземање“ и „точки 1 и 3“, став 4 во деловите „одзема“ и „одземање“, став 5 во деловите „одзема“, „одземање“ и „3-а“, став 9 во деловите „одзема сообраќајна дозвола“ и „забрана за движење“ и став 10 во делот „трошоците“ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 50/2010, 83/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018 и 163/2018, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 67/2022, 170/2024, 3/2025, 17/2025 и 101/2025). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

6. Реферат УЗ.бр.83/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Деловникот на Советот на општина Јегуновце бр.08-127/3 од 30.06.1997 година („Службен гласник на Општина Јегуновце“ бр.5-6 од 05.09.1997 година).

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Maтеј Алексовски 

7. Реферат УЗ.бр.43/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 23 став 2, став 3 во воведната реченица во деловите „овие“ од зборот „ставовите“ и „и 2“ и став 4 во деловите „овие“ од зборот „ставовите“ и „и 2“ од Правилникот за минимално-техничките услови во продажни објекти во кои се врши трговија на големо и трговија на мало („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.290/2022, 79/2023 и 136/2025). 

Оваа одлука е донесена со мнозинство гласови.

Подносители на иницијативата: Валентин Пепељугоски, адвокат и Бојан Стоилков 

8. Реферат УЗ.бр.85/2025 

Поради испитување на дополнителни околности, Судот го одложи овој предмет за дискусија и одлучување на некоја од наредните седници. 

Оспорен акт: Правилникот за начинот на склучување договори и плаќање на здравствените услуги во биохемиските лаборатории (без наведен број на „Службен весник“ каде што е објавен оспорениот акт). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата:

ПЗУ-Лабараторија за молекуларна дијагностика ЛАОР Тетово преку полномошник Трајче Саздов, адвокат од Скопје. 

II- ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА 

1.У.бр.36/2025

Судот го укина член 7 став 2 од Законот за изменување на Законот за железничкиот систем („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 187/2024). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносители на иницијативата: Миа Ношпал Чорак, адвокат од Скопје, Друштвото за трговија и услуги „Локо Трејд“ ДОО – Скопје

2.У.бр.156/2025 

Судот го укина член 18 став 5 во делот „во согласност со закон“ од Законот за вештачење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2023). 

Оваа одлука е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3.УЗ.бр.28/2025 и УЗ.бр.30/2025

Судот ја укина Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт Ј 02 – опфат помеѓу Жданец и Нерези, локалитет А, Б и В, Општина Карпош – Скопје бр.09-2483/18 од 13.03.2025 година, донесена од Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3 од 14 март 2025 година).

Оваа одлука е донесена едногласно.

Подносители на иницијативите: РБЦ МЕДИА ДООЕЛ Скопје и Маријана Марионцу Симовска од Скопје