Admin

Април 2026 • 38

Архива

Изберете година и месец

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура
08/04/2026
На денешната 9. седница Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, во целина, склучен на 30.12.2019 година по поднесена иницијатива од страна на адвокат, Томислав Стефков и по сопствена иницијатива поведе постапка за член 78-љ од Законот за култура. Од уставно-судската анализа на овој предмет произлегоа три клучни […]
Соопштенија
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието
08/04/2026
Уставниот суд денеска ја одржа 9. седница на која го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026). При конечното одлучување за поништување на Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година, како решавачки аргументи беа утврдени значењето на финансиската […]
Соопштенија
Костадиновски – Савески: Владеењето на правото бара дела, не декларации
07/04/2026
Претседателот на Уставниот суд  д-р Дарко Костадиновски, денска оствари работна средба со јавниот обвинител на Република Северна Македонија, м-р Ненад Савески. На средбата беа разменети мислења и информации за состојбите во правосудниотт систем и владеењето на правото, како и за улогата и одговорностите на двете институции во насока на нивно унапредување и градење функционална правна […]
Соопштенија
Претседателот Костадиновски оствари работни средби во Атина: владеењето на правото и судската соработка во фокусот
03/04/2026
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, во рамки на заедничката посета со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и на Судскиот совет, Александар Камбовски остварија повеќе работни средби со високи претставници на правосудните институции на Република Грција, насочени кон зајакнување на владеењето на правото и унапредување на меѓуинституционалната соработка. Делегацијата се сретна со претседателката […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Средба на претседателот Костадиновски со Михалис Пикраменос, претседател на Државниот совет на Република Грција
02/04/2026
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд Африм Фидани и претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски остварија работна средба со Михалис Пикраменос, претседател на Државниот совет на Република Грција, институција со сродни надлежности на Уставниот суд во областа на уставно-судската контрола. На средбата беа разменети мислења и […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот Костадиновски оствари работна средба со претседателката на Судот за Ревизија на Република Грција
02/04/2026
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, денеска оствари работна средба со Сотириа Тоуни, претседателка на Судот за ревизија на Република Грција и со Антонис Никитанис заменик-генерален јавен обвинител при овој суд, кој претставува најстара судска институција во земјата, основана во 1829 година. На средбата делегацијата беше запознаена со надлежностите, како и со улогата, целта […]
Меѓународни активности, Соопштенија
Претседателот на Уставниот суд д-р Костадиновски во дводневна посета на Атина
01/04/2026
Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, престојува во дводневна работна посета на Атина,со цел средби со претставници на највисоките судски институции во Република Грција. Во рамки на посетата, претседателот Костадиновски, е во придружба на претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, и претседателот на Врховниот суд, Африм Фидани. Според агендата, ќе остварат средби со претседателите […]
Соопштенија