Оценување на уставност или законитост на општи акти

Март 2026 • 26

Архива

Изберете година и месец

У.бр.21/2025 и У.бр.52/2025
11/03/2026
СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.39/2026) и СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.272/2024)
Граѓани, Закони, Здруженија на граѓани, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се запира постапката, Се поведува постапка
У.бр.30/2024
04/03/2026
СЕ УКИНУВА член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар – Скопје, бр.08-4264/1 од 01.10.2020 година и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на одредбата означена во точка 1 од диспозитивот на оваа одлука.
Други прописи и колективни договори, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија
У.бр.5/2025
04/03/2026
СЕ УКИНУВААТ член 9 став 1 во деловите „во рок од седум дена од денот на правосилноста на“ и „односно од денот на доставување на одлуката од страна на повисокиот суд“ и став 3 во делот „правосилни“ од Законот за управување со движењето на предметите во судовите и СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 9 став 1…
Граѓани, Закони, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Решенија, Се запира постапката, Се укинува
У.бр.267/2024
04/03/2026
СЕ УКИНУВААТ член 37 став 4 реченица втора „Во случај на изрекување дисциплинска мерка – бришење од соодветниот регистар се одзема уверението на сметководителот, односно на овластениот сметководител” и став 8 точка 4) во делот „и одземање на уверение” и член 41 став 1 во делот „и одземање на уверението” и став 2 од Законот за вршење на сметководствени работи…
Граѓани, Закони, Одлуки, Оценување на уставност или законитост на општи акти, Се укинува, Уставен суд на Република Северна Македонија