Admin

Декември 2025 • 46

Архива

Изберете година и месец

До каде е постапката за поднесената иницијатива на 26.02.2025 година за поведување постапка за оценување уставноста на член 57-г став 2 од Законот за девизно работење и за поднесената иницијатива на 06.03.2025 година  за поведување постапка за оценување уставноста на член 9 став 1 во делот „единките корисници“, член 9 став 2 во делот „критериуми“ од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.254/2024) и уставноста и законитоста на член 4 од Уредбата за утврдување на поблиските критериуми и начинот на утврдување на висината на остварување на правото на додаток на плата на вработените во буџетски корисници, единските корисници и фондовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.44/2025).
30/12/2025
Информации од јавен карактер
На кој датум од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, е примена иницијативата за поведување постапка за оценување на уставност и законитост на Правилникот за начинот на уништување на документи и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2013), по повод која иницијатива во судот бил оформен предмет под УЗ.бр.25/2025.
30/12/2025
Информации од јавен карактер
Подносителот во своето барање наведува дека на ден 15.07.2025 година на интернет страницата на Судот било објавено дека во месец мај 2025 година, по поднесената иницијатива од Игорчо Точев од Скопје, оформен е предмет У.бр.66/2025 за оценување на уставноста на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Од тие причини, побара да му биде доставена иницијативата по кој е оформен горенаведениот предмет.
30/12/2025
Информации од јавен карактер
Дали е поведена иницијатива за оценување на уставноста на автентично толкување од Собранието на Република Северна Македонија на член 7 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2011, 51/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 178/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 251/2022 и 168/2024),Кој е подносител на иницијативата?Дали е оформен предмет по поднесената иницијатива и во која фаза е постапката пред Уставниот суд?
30/12/2025
Информации од јавен карактер
Годишна прес-конференција на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски
26/12/2025
Почитувани претставници на медиумите,        На крајот од 2025-та година, должност ми е да ја информирам јавноста, граѓаните, за целокупната слика во работењето на Уставниот суд изминатата година. Заокружуваме година во која Судот  работеше ефикасно и транспарентно, во услови на зголемени очекувања и комплексни предизвици.  Во услови на динамични општествено-политички процеси, Судот и покрај притисоците и […]
Соопштенија
Прес конференција на претседателот Дарко Костадиновски и судијата Осман Кадриу по завршување на 28. седница на Судот
24/12/2025
По завршувањето на последната седница за 2025 година, претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Осман Кадриу, одржаа прес-конференција за повеќе предмети од висок јавен интерес. Поенти на Костадиновски: Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел […]
Соопштенија