Најава за Средба на претседателот д-р Дарко Костадиновски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски на 16 септември ќе се сретне со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал. 

Ова е прва средба на Костадиновски по негоиот избор како претседател и е во насока на продолжување на соработката со Мисијата која во февруари годинава беше означена со Меморандум за разбирање. Мисијата на ОБСЕ даде значителна поддршка за Уставниот суд при организирање на Меѓународна конференција по повод „60 години Уставен суд”, промоција и издавање на Монографија и зајакнување на капацитетите на Судот преку обезбедување на соодветни обуки за советниците.