Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија

Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот
на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на
Република Македонија на седницата одржана на 1 ноември 2013 година, со
двотретинско мнозинство од вкупниот број на судии, ја избра судијата ЕЛЕНА
ГОШЕВА за Претседател на Уставниот суд на Република Македонија.