Честитка по повод 11 Октомври- Денот на народното востание на македонскиот народ

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по повод денешниот празник 11 Октомври, оддаде почит и положи свежо цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово. 

Во свое лично име и во име на Судот  претседателката Кацарска упатува искрени честитки до сите граѓани на државата. 

-Нека денешниот празник остане неисцрпна инспирација за правилните одлуки, пркос и вечна борба за правдината на нашите граѓани. Нека секој 11 Октомври не’ потсетува дека она што ќе го одлучиме денес, ќе биде патоказ за нашите потомци утре, а мислата која не’ водела и ќе не води низ историските премрежја, да остане чиста, правдољубива и да не упатува  единствено кон напредокот на државата и благосостојбата на граѓаните. 

Нека е честит 11 Октомври- Денот на народното востание на македонскиот народ! 

Со почит, 

Претседател на Уставниот суд

Добрила Кацарска