Уставниот суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација

Уставниот суд доби донација од 10 компјутери и 10 печатачи од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Претставници на агенцијата предводени од координаторот од Скопје, Мехмет Бајрак денеска ја презентираа опремата во Судот пред вработените. Претседателката Добрила Кацарска изрази благодaрност во име на сите вработени во Судот и нагласи дека оваа донација е значајна за ажурно и ефикасно работење на сите во Уставниот суд од аспект на технички можности и опрема.

Координаторот на ТИКА, Бајрак нагласи дека денешната донација е продолжување на соработката со Уставниот суд на која претходи опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година и обезбедување на техничка опрема во 2013 година.