Соопштение по 15. седница на Уставниот суд

Уставниот суд ја одржа 15 седница на 2 мај 2024 година и одлучи: 

  1. Реферат У.бр.206/2023

Сe поведува постапка за оценување на уставноста на  член 88 ставови 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024

Оспорен: Член 45 став 13 во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.129/2023 и 53/2024)

Подносители на иницијативата: Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

  • Поради отсуство на дел од судиите, а со цел квалитетна дискусија за предмет кој е од интерес на јавноста, оваа точка е презакажана за следната седница закажана за 9 мај.

3. Реферат У.бр.32/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член  15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Делчево („Службен гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006). 

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонијa

4.Реферат У.бр.47/2024

Се постапка за оценување на уставноста на член 26 алинеја 5 и глава VIII точка 9 „Автентично толкување на општ акт“ и членовите 107, 108, 109 и 110 од Деловникот на Советот на Општина Дебар бр. 07-312/3 од 8.08.2005 година („Службен гласник на општина Дебар” број 4 од 11.08.2005).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

5.Реферат У.бр.53/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член  15 алинеја 3 од Деловникот за работата на Советот на Општина Чашка број 08-913/5 од 30.06.2022 година.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

Предметите У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024, У.бр.50/2024 и У.бр.64/2024, предлогот за одлучување со нацрт-одлука У.бр.57/2024 и нацрт-решението по предметот У.бр.91/2021 се одложени за наредната седница на Судот, закажана за 9 мај.