Соопштение по повод средбата на делегацијата на Уставниот суд со претседателот на Врховниот суд на Република Турција и со Министерот за правда на Република Турција

Во рамки на официјалната посета на Република Турција, на 29 јануари 2021 година (петок), делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, беше примена на официјална средба од страна на претседателот на Врховниот суд на Република Турција, г. Мехмед Акарџа на која присуствуваше и врховниот јавен обвинител на Република Турција, г. Беќир Шахин.

На средбата беше нагласена значајноста на соработката и размената на искуства помеѓу овие две пријателски земји, особено во областа на правосудството, со надеж оваа пракса да продолжи и во иднина.

Во текот на денот, делегацијата, исто така, оствари средба и со Министерот за правда на Република Турција, г. Абдулхамид Ѓул на која беа разгледани прашањата за продлабочување на соработката во иднина помеѓу двете земји, а со цел поголеми придобивки во рамките на правосудниот систем.