Соопштение по одржаната XXXVI-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXXVI-та седница (денeс, 22 декември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста член 6 став 4 точки 1 и 4 во делот „заради спречување од внесување и ширење на Коронавирус COVID-9 (дистанца,дезинфекција и слично)“ и член 16 во делот „до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација“ од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алогоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2020) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 3 став 1 точка 16, член 6 став 1 и 2 , член 12 став 2, член 13 став 1 точка 12 и член 16 во делот „до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската здравствена организација“ од истата Одлуката;

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за продолжување на функционирањето на објектите од времен карактер на територијата на општина Велес, во кои се врши трговска или друга услужна дејност, до обезбедување на соодветни услови за работа, бр.25-2752/18 од 30 јули 2020 година, донесена од Советот на Општина Велес; и

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзиното спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.08-1090/8 од 28.04.2015 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров “ бр.4 од 28 април 2015 година) и член 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, бр.8-1188/7 од 30.06.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.5 од 30 јуни 2020 година), донесени од Советот на Општина Ѓорче Петров.

Во предметите У.бр.116/2021 и У.бр.144/2021 не се донесе одлука од причини што предлозите не го добија потребното мнозинство гласови

Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.54/2020 се одложи за една од наредните седници на Судот.