Соопштение по одржаната XXXIV-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХXIV седница (денeс, 16 декември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 18 став 2 од Законот за експропријација („Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2012, 131/2012, 24/2013, 27/2014, 104/2015, 192/2015, 23/2016 и 178/2016);

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 9 ставови 2 и 5 од Правилникот за начинот на службено оценување на активниот воен персонал, активниот резервен персонал и за офицерите, односно подофицерите и војниците во резервниот состав на Армијата на Република Македонија, начинот на водење на евиденција потребна за службено оценување и видовите на обрасците на оценувачкиот лист („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/2011);

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 2, член 3, член 4, член 5, член 6 ставови 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 8, член 7, член 16; член 19 ставови 1 и 8; член 22 и член 24 став 1 од Правилникот за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта заведен под број 07-9992/3 од 5 јуни 2014 година донесен од министерот за образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.187/2013 и 201/2014);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за примање на донација за реконструкција на стационарот Вардариште, донесена на 28.05.2020 година, бр.27-4116/1 („Службен гласник на град Скопје“ бр.6/20);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 113 ставови 7 и 8 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2015, 192/2015, 231/2015 и 163/2018); и

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, бр. 08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесена од Советот на Општина Центар („Службен гласник на Општина Центар“ бр.6/2019 од 28.03.2019 година) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа одлука.