Соопштение по одржаната XXXIII-та седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа XXXIII-та седница на која се дискутираше по две иницијативи за оценување на уставност  и законитост  и едно барање заштита на слободи и права и одлучи:

1. Реферат У.бр.55/2022- предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.

Оспорен: Членот 3 од Законот за изменување на Законот за административни службеници („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.99/2

 Подносител:  Јове Кекеновски од Скопје

2. Реферат У.бр.58/2022- ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 5, 7, 8 и 165 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Репуб­лика Македонија“ бр. 120/2018).

 Подносител:  Адвокат Јован Јоанидис

3.  Реферат У.бр.63/2022- го одби барањето од Милан Јовчески од Прилеп, поднесено преку полномошник адвокат Трајче Арсов од Велес, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација по основ на политичка припадност.

Подносител: Милан Јовчевски од Прилеп преку полномошник – адвокат  Трајче Арсов од Велес.

Повеќе за иницијативите: http://ustavensud.mk/?p=22824