Соопштение по одржаната XVIII-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVIII-та седница (денeс, 7 јули 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот и дополнет дневен ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/2013, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и 101/2019); и не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на член 17 од Статутот на Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/2001, 68/2002, 31/2003 и 69/2003) и Одлуки за измени и дополнувања на Статутот на Фондот за осигурување на депозити, број 02-312/1-2011 од 22.12.2011 година, број 02-176/1 од 26.06.2014 година и бр.02-94/1 од 10.02.2015 година и

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 21 став 1 точки 6 и 7, член 337 став 1 точка 3 и член 474 став 1 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за усвојување на Техничка исправка на ДУП за градска четврт СЗ 20, за ГП 1.2, ГП 2.1, ГП 2.85, ГП 4.108, ГП 4.109, ГП 4.110, Општина Ѓорче Петров-Скопје, бр.08-220/4 од 30.01.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.1/2020) и Одлуката за донесување на Техничка исправка ГП 2.71, ГП 2.72, ГП 2.73, ГП 2.74, ГП 6.35 и ГП 6.36, ДУП за градска четврт СЗ 20, Општина Ѓорче Петров-Скопје (Одлука бр.08-3187/3 од 01.10.2019 год.), бр.08-1392/29 од 31.08.2020 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.7/2020); и ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт СЗ 20, Општина Ѓорче Петров, бр.08-3187/3 од 01.10.2019 година, донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.11 од 01.10.2019 година); и

Во предметот У.бр.42/2021, Судот не донесе одлука, од причини што предлогот за одлучување во овој предмет не го доби потребното мнозинство.

Расправата по предметите У.бр.236/2020 и У.бр.41/2021, се одложи за една од наредните седници на Судот.