Соопштение по одржаната XVIII-та седница

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната  седница денеска ја известува јавноста дека расправаше по четири предмети и одлучи  да:

1. Реферат У.бр.2/2022– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 алинеја 3, член 4, член 12 став 3, член 13 став 1, член 16 став 5 и член 39 став 1 алинеја 4 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Подносител: Иван Лотески од Охрид

2.Реферат У.бр.45/2021-не поведе постапка за оценување на уставноста на член 63 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Оспорен: Член 63 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Подносител: Александар Бежовски, адвокат од Скопје

3.Реферат У.бр.7/2022- да ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на член 171 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Подносител: Нехат Лужа од Скопје

4. Реферат У.бр.16/2022- ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 9 став 2, 3, 4, 5 и 6 од Правилникот за членување, права и обврски за членот и престанување на членството во Македонскиот полициски синдикат од 06.03.2020 година.

Подносител: Нехат Лужа од Скопје