Соопштение по одржаната XVI-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVI-та седница (денeс, 24 јуни 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија” бр.169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018, 83/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 98/2019 и 302/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 7 став 8 од Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.42/2020 и 305/2020);

– не поведе постапка за оценување на законитоста на член 241 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.69/2015, 227/2015, 177/2016 и 197/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/2019 и 279/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 50 став 1 од Статутот на Здружението за заштита на авторски музички права 352-10201 од 19.11.2013 година и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на: Oдлука бр.0201-392/1, Одлука бр.0201 393/1, Одлука бр.0201-395/1, Одлука бр.0201-396/1, Одлука бр.0201-398/1, Одлука бр.0201-399/1, Одлука бр. 0201-400/1, Одлука бр.0201-401/1 сите донесени на 27.10.2020 година од страна на Собранието на Здружението ЗАМП од Скопје, Одлука на Управниот одбор за Здружението ЗАМП од Скопје од 23.12.2020 година, Одлука на Собранието на Здружението ЗАМП од Скопје донесена на 11.03.2021 година,

– ги укине член 5 ставови 3 и 4 од Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, број 02-438/3 од 2 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.148/2020), донесен од Собранието на Стоматолошката комора на Македонија; и

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, во предметот У.бр.55/2021.