Соопштение по одржаната XХX-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХX седница (денес, 18 ноември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот дневен ред одлучи да:

– поведе постапка за оценување на уставноста на член 65-а став 3 од Законот за градење („Службен весник на Република Македонија“ бр.130/2009, 124/2010, 18/2011, 18/2011, 36/2011, 49/2011, 54/2011, 59/2011, 13/2012, 39/2012, 144/2012, 25/2013, 70/2013, 79/2013, 137/2013, 163/2013, 27/2014, 28/2014, 42/2014, 115/2014, 149/2014, 187/2014, 44/2015, 129/2015, 129/2015, 217/2015, 226/2015, 30/2016, 31/2016, 39/2016, 71/2016, 103/2016, 132/2016, 35/2018, 64/2018, 168/2018, и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.244/2019 и 18/2020).

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 24 став 4 во делот „точка 6“ од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2008, 53/2011, 123/2012, 70/2013, 164/2013, 138/2014, 154/2015, 192/2015 и 39/2016 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019;

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 20 во делот „жалба“ и делот „заменува“ од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 106/2008);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 103/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 111/2020); член 1 од Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 126/2020); Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 134/2020); Одлуката за едностран договорот за концесија за експлотација на минерална суровина – Варовник на локалитетот КРАСТА с.Лабуништа, Општина Струга, донесена од Владата на Република Северна Македонија бр.44-4442/1 од 26 мај 2020 година, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 136/2020); и Одлуката за едностран договор за концесија за експлотација на минерална суровина – ГАБРО на локалитетот „СТРИЖАК“ с.Лабуништа, Општина Струга, донесена од Владата на Република Северна Македонија бр.44-4442/2 од 26 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 136/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за делегирање вршење на работи од јавен интерес бр.08-1176/9 од 25.10.2019 година, донесена од Советот на Општина Крушево („Службен гласник на Општина Крушево“ бр.14 од 28.10.2019 година);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на: Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2572/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2560/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2568/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2575/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2579/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2583/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 25 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2587/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 26 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година); и Одлуката за верификација на мандат на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, бр.08-2589/1, донесена од Собранието на Република Северна Македонија на 26 август 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.208/2020 од 26 август 2020 година).

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 2 став 1 зборовите„доколку се исполнети следните услови и постапка“ и точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 од Правилата за изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019).

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот во предметот У.бр.243/2020; и

– ја запре постапката за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/2016).

Расправата и одлучувањето по предметот У.бр.13/2019, У.бр.31/2019, У.бр.38/2019 и У.бр.26/2020 беше одложено за едно од наредните седници.