Соопштение по одржаната 11. седница на Уставниот суд

На одржаната 11. седница на Уставниот суд на ден 03.04.2024 година се дискутираше по 6 (шест) предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост и по 4 (четири) предлога за одлучување со нацрт-одлуки. Судот го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.83/2023, У.бр.96/2023 и У.бр.111/2023 

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи

Подносители: Политичката партија „Левица”, Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје и Сојуз на синдикатите на Македонија ССМ застапуван од претседателот Слободан Трендафилов, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија СГИП застапувано од претседателот Иван Пешевски.

Повеќе детали се објавени тука.

2. РефератУ.бр. 142/2023

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за судски такси („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.114/09, 148/11, 106/13 и 257/2020).

Подносител: Aлександра Илиева Милчова

3. Реферат У.бр.170/2023

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на делот „ставот 5 на“ од член 95 став 7 од Законот за градежно земјииште и Автентично толкување на член 57 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4. Реферат У.бр.174/2023

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/13).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.62/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Охрид („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.16/2014) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

6. Реферат У.бр.72/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 14 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Општина Сопиште” бр.7/2007) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбата од оспорениот акт.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

7. У.бр.107/2023

Уставниот суд го укина Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.131/2023).

Подносител: Министерот за правда

8. У.бр.13/2024

Уставниот суд го укина насловот на поглавјето 9 „Автентично толкување на општи акти” и членовите 123, 124, 125 и 126 од Деловникот на Советот на Општина Битола („Службен гласник на Општина Битола“ бр.10/2005 и 20/2020).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

9. У.бр.38/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово, број 0101-216/1 од 07.04.2006 година, објавен во „Службен гласник на Општина Лозово” број 5/2006.

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

10. У.бр.78/2024

Уставниот суд го укина член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Неготино („Службен гласник на Општина Неготино“ бр.3/2006).

Подносител: Уставен суд на Република Северна Македонија

 

Напомена:

Ова соопштение содржи само информации за одлученото. Судот дополнително на веб-страницата ги објавува целосните одлуки со аргументи, откако ќе ги поминат сите редакционо-технички комисии и усвојувања.