Присуство на обраќањето на претседателот на Република Северна Македонија, Н.Е. г. Стево Пендаровски, во Собранието на Република Северна Македонија

На покана од Собранието на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, присуствуваше на сто дваесет и втората седница на Собранието на Република Северна Македонија што се одржа на 18 декември 2019 година, на која имаше обраќање Н.Е. г. Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.